Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Штетата од избрзувањето со еврообврзниците

Ден Дончев

Девет милиони евра изнесува цената што ја плативме за два месеца избрзување и тотално погрешна процена за состојбите на меѓународните пазари на капитал

Пред точно два месеца, Владата на Република Македонија издаде емисија на македонски еврообврзници на меѓународните пазари на капитал во вкупен износ од 175 милиони евра. Обврзниците беа издадени со годишна каматна стапка од точно 9,875 отсто. Преку екстремно рестриктивната монетарна политика на Народна банка и со издавањето на овие еврообврзници, Владата успеа да ги стабилизира државни девизните резерви, кои пред тоа алармантно беа опаднати за над 600 милиони евра од октомври 2008 година. Од друга страна, граѓаните на Македонија беа задолжени со нови кредити, кои некоја идна влада ќе треба да ги отплати во јануари 2013 година. Во меѓувреме, даночните обврзници на Република Македонија ќе си плаќаат 17,5 милиони евра годишна камата за привилегијата, или вкупно 60 милиони евра за три и полгодишниот период до достасувањето на обврзниците. Тогаш, се разбира, ќе треба да се исплати и главницата на заемот од 175 милиони евра. Имајќи предвид дека пред десетина дена министерот за финансии, Зоран Ставрески, призна дека дел од буџетскиот дефицит за 2009 година ќе биде покриен од овие еврообврзници, тогаш нека му ја мисли Владата на Македонија, која и да е, во јануари 2013 од каде ќе ги најде овие пари.



Претходниот министер за финансии, Трајко Славески, прв пат спомна за можно издавање еврообврзници во март 2009 година, а од април веќе почнаа и интензивните подготовки кои конечно завршија со успешното издавање на македонските еврообврзници во почетокот на јули. Меѓутоа, периодот септември 2008 - јуни 2009 година беше еден од најтурбулентните периоди за светските берзи и пазари на капитал во последните седумдесетина години. Ако на одредени владини претставници не им беше јасно во септември 2008 година дека светот влегува во економска криза (односно, во спротивност, имаше и изјави дека светската криза може да испадне позитивна за Македонија), тогаш барем во април 2009 година интензитетот на кризата стана јасен за сите. Во периоди на турбуленции, ризикот или перцепцијата за ризикот (без обѕир дали тој ризик е реален или не) драстично се зголемува. Фактот што Владата на Македонија одлучи да издава еврообврзници во самиот шпиц на турбуленциите по дефиниција значеше дека оцената на ризикот за Македонија ќе биде висока, а на меѓународните пазари на капитал, цената на ризикот или перцепцијата за ризик се плаќа преку каматната стапка. Овој ризик го носи името „тхета“, осмата буква од грчката азбука, што го означува премиумот над постојната „безризична“ каматна стапка, која треба да се плати како цена на ризикот или перцепцијата на ризикот. Најрелевантен критериум за мерење на „тхета“ или перцепцијата за ризикот кој треба да се плати е споредбата со реф��рентната каматна стапка на Европската централна банка (ЕЦБ). Кога се издадоа македонските еврообврзници, референтната каматна стапка на ЕЦБ беше рекордно ниска 1 отсто. Каматната стапка на македонските еврообврзници од 9,875 отсто имплицира дека перцепцијата на ризикот за Република Македонија во тој момент беше цели 8,875 отсто над тоа што може да се нарече „безризична” каматна стапка на ЕЦБ.



Кога станува збор за пазари на капитал, најчесто се мисли на берзи и на сите компании што котираат на тие берзи. Впрочем, бројот на компании што котираат на разни берзи низ светот е огромен. Стотици милијарди долари се тргуваат на дневна основа, додека, пак, вкупната капитализирана вредност на сите котирани компании моментално се проценува на над 40 билиони долари на глобално ниво. Меѓутоа, во споредба со глобалните берзи за тргување со акции, светските берзи или пазари на капитал за обврзници е уште поголем. Вкупната пазарна вредност на издадените обврзници од разни компании и држави се проценува на над 60 билиони долари или околу 50 отсто повеќе од пазарната вредност на глобалните берзи за тргување со акции.

Така доаѓаме до новата емисија на македонските еврообврзници, кои исто така се тргуваат на европските и на американските пазари на капитал. За полесно да се разбере феноменот што се случи со македонските еврообврзници, важно е да се има предвид дека од аспект на Република Македонија, единствена обврска е редовно да се плаќа годишната камата од 17,5 милиони евра на кој било и да е сопственик на нашите еврообврзници во даден момент и во моментот на достасување во јануари 2013 година да исплати 175 милиони евра на конечните сопственици на еврообврзниците во тој миг. За оваа обврска, Владата на Република Македонија има дадено и суверена гаранција. Меѓутоа, овие еврообврзници активно можат и да се тргуваат на американските и на европските пазари на капитал. За разлика од цените на акциите, кои се утврдуваат по неколку параметри (профитабилност, продажба, нови производи итн.), единствениот параметар што ја утврдува пазарната вредност на обврзниците по моментот на првичното издавање е каматната стапка која пазарот ја доделува на секоја обврзница во секој даден момент. Така, пазарот процени во почетокот на јули 2009 година дека каматната стапка за македонските еврообврзници е 9,875 отсто. При почетната цена од 100 по единица мерка за тргување на еврообврзниците, секое зголемување над 100 значи де факто намалување на каматната стапка која новиот сопственик на еврообврзниците купени преку берза ефективно ќе ја добие од Република Македонија, додека, пак, секое намалување под 100 значи де факто зголемување на каматната стапка, која новиот сопственик на еврообврзниците купени преку берза ефективно ќе ја добие од Република Македонија.



И така доаѓаме до моментната пазарна вредност на македонските еврообврзници од јули 2009 година. Моментната пазарна вредност за мерка единица 100 издадени еврообврзници од Република Македонија изнесува 103,26. Цената се зголеми, што значи ефективната каматна стапка која новиот сопственик ќе ја добие е намалена на 8,46 отсто. Повторувам, каматната стапка која Македонија ја плаќа останува 9,875 отсто, но новите сопственици што ги купуваат преку берза веќе издадените еврообврзници треба да платат 103,26 за секоја 100 мерка единица на еврообврзници, што значи ефективната каматна стапка која новиот сопственик ќе ја добие е само 8,46 отсто. Оваа значи дека пазарите на капитал проценуваат дека перцепцијата на ризикот за Македонија е намален за цели 1,42 отсто од почетокот на јули 2009 година. Но, и ова можеше да се предвиди, бидејќи при крајот на јуни 2009 година, веќе стануваше јасно дека берзите почнаа да се стабилизираат. Значи, доколку Владата на Република Македонија не избрзаше со издавањето на овие еврообврзници во шпицот на глобалните турбуленции и почекаше само два месеца, денес ќе успееше да ги издаде со пониска каматна стапка за најмалку 1,42 отсто. Оваа ќе значеше вкупна заштеда на камати исплатени од буџетот на државата од 9 милиони евра.

Некој можеби ќе каже дека девет милиони евра не е голема сума. Но, тоа е цената што ја плативме за два месеца избрзување и тотално погрешна процена за состојбите на меѓународните пазари на капитал од страна на Министерството за финансии. Инаку, девет милиони евра претставуваат речиси 10 отсто од вкупните директни странски инвестиции кои Република Македонија ги има во првите шест месеци од оваа година. Како и во многу нешта во животот, така и во светот на меѓународните финансии се' е до тајмингот.



(Авторот е економски аналитичар)

 


#
Статијата е прочитана 1033 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.09.2009 00:31:58
Isto tolkava golema kamata Vladata im plaka i na gazdite na bankite ovde vo MK. Za niv VEKE i nema pari za vrakanje, pa zatoa raspisuvaat sekoj vtornik nova emisija na zapisi za da mozat da isplakaat kamati. No toa e PIRAMIDA, i kaj i da e taa piramida ke se srusi. Vo sekoja piramida prvite DOBIVAAT(do sega bankite dobro se ofajdija od ovaa piramida) no na krajot koj ke ja plati ovaa TAT-Piramida-ke pocekame da vidime. Po moe ili NEKOJ od bankite(tie posmotanite) ili normalno NARODOT. A za evro-obvrznicite, ne se sekiraj 2013 e daleku, do tolku napred ovoj narod negleda i nemisli, maksimum vidikot ni e do krajot na Septemvri i zimnicite, za ponataka, vo ovaa drzava nikoj ne razmisluva(zatoa i Grujo gajle si nema), a i zatoa komentatorive "partal" te pravat, pa mnogu daleku gledas.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 09.09.2009 00:45:12
Golgotota na deviznite rezervi se odiseja na parapragmatikata vo ricarskiot sjaj od aspekt na dekresivno analiziranje na orfejskata ekonomija. Prioritet na ovaa subvencija e rapakasiranjeto na portokalovite kamikazi absorbirani analogno na firerskiot monetaren Titanik.Eskalacijata na devizniot kolac e degeneratorski subvencionalen povik na Arhimedovata tortura od ekonomskata struktura.Volsebno Den, adekvatno na noc. Dali JIMMY1 ( so nekulkumina na negovo nivo) ce razberat nesto?
Од: mihail
Датум: 09.09.2009 00:53:41
posle vojna - generali kolku sakash!
Од: Mudrec
Датум: 09.09.2009 02:08:41
Rizikot na Makedonija se namali zatoasto se zgolemija deviznite rezervi. Toa ne bese mozno bez evroobvrznicite. Po kojznae koj pat Doncev se vrti vo krug bez da go posoci glavniot problem, a toa e kamatata na evroobvrznicata e referentna kamata i za drugite zaemi sto doagjaat od stranstvo. Vistinskata zaguba za Makedonija e povisokata kamata sto zemjata ke ja plaka za drugite zaemi .Obvrznicata bese neophoden cekor i tuka nema zbor
Од: јас
Датум: 09.09.2009 12:36:51
До Ace od Avstralija : Јас разбрав !! Разбрав дека цело време пишуваш глупости , а овој твој коментар беше врвот на глупоста ..Но дали ти разбра ?
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 09.09.2009 13:42:36
Многу интересни коментари од читателите кои во овој слуцај се надвор од целната група на Г-дин Донцев /нека не ми се лутат/. Г-дин Дончев овие простори /бившата Ју/ секогаш си ги плаќавме зголемениот процент на ризичност во пласманите а тоа ќе остане уште долго време не само заради оваа влада која порано го зела кредитот него и најповеќе историски гледано заради трусното подрачје на Балканот. Само за пример Фени во кавадарци е купен *Двојно поскапо* од пазарната вредност но парите за тогашна југославија на пазарот коштаја двојно поскапо заради........ причини. Секогас кога не сакаш некој да ти се меша во кесето ке си платиш колку што ќе ти речат.
Од: Delco
Датум: 09.09.2009 14:34:56
Mislam deka ednas nedelnava proza na Doncev bi trebalo i neophodno e obrazlozenie od drug finansiski expert za da ne ni se osteti intelektot. Vo sprotivno ke se svatat rabotite ... i ne razjasnat nestata, kako i sekogas nikoj ne gi osporuva vakvite tvrdenja od rezervniot plan B na idnite seaci.
Од: Petrovski Toni
Датум: 09.09.2009 15:20:25
G-din Doncev kako i da e vasiot komentar odi vo pravec deka koga postoi opasnost od dvacija i ponatamosno pretvorawe na dinarite vo devizi so sekojdnevno menuvaqe na vkupnite pari vo optek Vladatatrebala da pozajmi sredstva od MMF aako toa go preslikate so realna voena opsnost toa e kako da cekate pomos od UN namesto da se vooruzuvate pa ako treba i poskapo,vo sekoj slucaj uspesna operacija na Vladata koja ja prevenirase bankarskata kriza koja vestacki so simulacii sakka da ja predizvikaat politickite protivnici na Vladata za sto verojatno ne steinformirani

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите