Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Европа - Балкан

До Брисел преку Триполи и Техеран

Иван Торов

Ниту грубото кршење на елементарните човекови права не е препрека за српската дипломатија поради Косово да воспоставува блиски односи и со диктаторски и со тоталитарни режими

Белград - Славејќи 40 години од своето неприкосновено владеење, на кое тешко може да му се негираат обележјата на автократија и апсолутизам, либискиот лидер Моамер ел Гадафи не го криеше задоволството што српскиот шеф на државата Борис Тадиќ не се приклучи кон општиот (евроамерикански) бојкот. Така, претседателот на Србија дојде на гости кај славеникот, поведе со себе голема делегација, во која беше и Зоран Лилиќ, некогашен претседател на СРЈ и лице од доверба на Милошевиќ за увоз на нафта од Либија во време на меѓународни санкции. Славењето беше увеличено и со маршот на српските гардисти пред Гадафи на парадата во Триполи.

Српската јавност, навикната на секакви надворешнополитички изненадувања, но и преокупирана со плановите на властите токму со изгласаните измени на Законот за јавно информирање да ги „упристојат“ медиумите, не баш премногу ревносно се интересираше за престојот на Тадиќ во Либија. Уште помалку со можните реперкусии по државата, која тврди дека има европски амбиции, а одбива да се приклучи кон бојкотот на сите членки на ЕУ, дури во некој облик и Русија и Кина. Надворешната политика на Србија е на списокот на државни тајни, па секое поинакво толкување на овој чекор, освен официјалното дека со тоа сака да се манифестира приближување на Србија кон светот на неврзаните и подобрување на економската соработка со оваа блискоисточна земја богата со нафта, може да се смета за недобронамерно. А, всушност, се' се сведува на спроведување надворешнополитички курс кој во себе содржи непомирлив судир на два негови приоритета: европски интеграции со стратегија за одбрана на српскиот територијален интегритет и државен суверенитет (Косово), кој смета на добивање квантитативна поддршка дури и од неспорно диктаторски и апсолутистички режими од третиот свет.

Поради тој противречен став, како што се истакнува во некои медиумски коментари, но и во дипломатски кругови, Србија бележи се' понеповолни негативни поени затоа што нејзините претставници во Советот на Европа по правило гласаат против декларации со кои се осудува кршењето на елементарните човекови права низ светот. Од почетокот на годината, Советот на Европа изгласа 87 декларации за постапките на властодршците во Иран, Шри Ланка, Бурма, Нигерија, Камерун, Зимбабве, Абхазија, Јужна Осетија, Северна Кореја. Србија се спротивставува на такви осуди, бара тие држави и нивните лидери да се остават настрана. Кога, на пример, во една држава се донесува закон за јавно каменување до смрт на прељубници, или се лажираат избори, или се развиваат нуклеарни програми, додека народот умира од глад, српското раководство од своите егоистички причини застанува на страната на диктаторот и апсолутистот.

Потоа Србија се издвојува не само од сите членки на ЕУ, меѓу кои и пет земји што не го признаваат Косово, туку и од државите во регионот. На аналитичарите на српската надворешна политика им паѓа в очи специфичен парадокс: додека Белград тежнее кон, најблаго речено, контроверзно и, според многумина, компромитирачко зближување со тоталитарните режими во светот на Неврзаните, во исто време трае процес на заострување на односите со земјите во регионот. Пред се', со Босна и Херцеговина и со Црна Гора. Имено, кандидатите за амбасадори на БиХ (Сеад Авдиќ) и на Црна Гора (Игор Јововиќ) во Белград веќе долго (и залудно) чекаат агреман од српското МНР, а како што известуваат некои медиуми во регионот многу е можно и воопшто да не го добијат. Бидејќи Белград, повикувајќи се на дипломатска практика, одбива да се изјаснува за тоа, неофицијално се дознава дека српската дипломатија веќе го известила Сараево дека Авдиќ „не е добро решение“ поради неговата наводна вмешаност во злосторства т.н. Тузланска колона од 1992 година кога загинаа 212 припадници на тогашната ЈНА. Иако српското Обвинителство не поседува никакви информации за уделот на Авдиќ, Белград смета дека фактот што учествувал во преговорите за извлекување на ЈНА од Тузла го прави Авдиќ „непожелен“ за амбасадор. Доколку се покаже точна оваа информација, тој ќе биде втор босански кандидат (пред него беше одбиена кандидатурата на Бориш Арнаут), кој не ја поминал „проверката за подобност“ на српската дипломатија.

На тоа деновиве се надоврза и случајот со црногорскиот кандидат за амбасадор Игор Јововиќ, за кого некои белградски медиуми тврдат дека, исто така, нема да добие агреман. Нему наводно Белград му припишува „темни дамки“ од неговата претходна амбасадорска кариера во Етиопија, Финска и Летонија, скандалозно однесување за еден дипломат и вмешаност во шверц и трговија со пијалаци, тутун и храна. Некои медиуми сметаат дека вистинскиот мотив е намерата на Белград една година од „протерувањето“ на амбасадорката Анка Војводиќ да издејствува амбасадорот на ЦГ да не биде од редовите на владата на Ѓукановиќ, која го призна Косово, но и одговор на се поизвесната одлука на Подгорица да не одобри отворање на три српски конзулати во малата Црна Гора: Херцег Нови, Никшиќ и Бело Поле.

Вук Јеремиќ упорно одбива да ги коментира овие информации, но, затоа, според пишувањето на медиумите, деновиве наредил интерна истрага во МНР за да се утврди како излегле во јавност доверливи информации.

 


#
Статијата е прочитана 751 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 09.09.2009 00:08:49
Dali gospodinot tekstopisec moze da razbere deka vo site negovi tekstovi provejuva edna omraza kon Srbija i se sto e srpsko?Ne znam sto mu napravile Srbi, ama Gospodova zapoved e da se prostuva.Mozebi eden den ke ja otkrie tajnata.
Од: BORIS
Датум: 09.09.2009 04:39:04
Torov imas ispusterno da kazes vazen faktor denovive vo srbija predstojuva vo oficialna poseta kineskiot ministar za odbrana, zaboravas da vo mnogu bliska idnina kina ke go prvzeme kormiloto na svetka ekonomija i vojna sila neosporen fakt, B.Tadic e legenda a kaj sme nie so takvite kako tebe.....
Од: iskren
Датум: 09.09.2009 09:01:14
Pozdrav do avtorot na tekstot.Sakam da kazam deka tekstot e mnogu realen i ja kazuva samo vistinata na srpkata politika akoj misli poinaku tlko mu sece. Jas mislam deka avtorot e mnogu blag vo svoite tekstovi zatoa sto voopsto ne ja otkriva vistinskata politika na Srbija i kon Makedonija koja jas mislam deka ne ja razbita sekoj a posebno tie dvajca koi komentiraat. medjutoa toa e toa koga vo ovaa drzava vakov premier ima rejting kakov sto e sto ocekuvas drugo ,pozdrav.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 09.09.2009 11:32:08
Авторот продолжува со плукањето во бунарот од кој пие вода! Таму, од Белград, постојано се разметнува со оправдување на воени злосторници и Сецесионисти. За авторот Автократи и Диктатори се сите оние кои ќе му ги посочат CNN и BBC, но најверојатно и живее од Кошмарниот сон за американските слободи! Абхазија!?! Јужна Осетија?! А што е според вас Грузискиот претседател? Слободоумен демократ?! Според вас Шерифот McCloud е најголемиот демократ, а Американските, војниците на Обединетото Кралство и на бедната Македонија, навистина се во мисија на Ослободување на нивниот братски Ирачки и Авганистански народ!? Косово (и Метохија) е секако за вас уште една слободна држава, каде човековите права се најзастапени! Нема потреба да одите толку далеку! Погледнете во картата на Голема Албанија!

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите