Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија

Груевски вчера не кажа ништо за оставката на Јанакиески и за нападите на својот бугарски колега

Симеон Илиески

ОХРИД - Бродот „Илинден“ што потона во саботата и се удавија 15 бугарски туристи, најверојатно од водите на Охридско Езеро ќе го извлекува специјализирана фирма од Сплит, Хрватска. Според неофицијални информации, така вчера одлучила комисијата во која има по тројца експерти од Македонија, Бугарија и Хрватска. Веќе било испратено барање до фирмата која треба да ја извести комисијата за цената на зафатот за извлекување на бродот со поставување балони, техника која овозможува да се избегне опасноста од нови оштетувања на потонатиот брод.

Во комисијата, по подолги усогласувања, се определиле за ангажирање на хрватската фирма за да може бродот да се прегледа на земја и прецизно да се утврдат причините за потонувањето. Засега, неофицијално, како причини се наведуваат кинењето на сајлата од кормилото и пропелерите на бродот, претовареноста и новопоставената втора палуба, која влијаела на стабилноста на бродот.

По барање на комисијата, во понеделникот беа направени нови подводни видеоснимки и фотографии. Но, како што се дознава од членови на комисијата, тие не биле доволни за утврдување на причините за несреќата. Фото и видеоматеријали беа направени и во саботата, веднаш по несреќата, но поради заматеноста на водата, биле со лош квалитет, па затоа било побарано да се направат нови.

Во истрагата што е во тек се споменува дека вина за потонувањето ќе се бара и од германската фирма „Лојд“, која го прегледала бродот и дала лиценца за пловидба, притоа не земајќи го предвид фактот дека новоизградената втора палуба може да влијае врз стабилноста на пловилото. Вина веројатно ќе се бара и од Капетанијата на македонските пристаништа, која како надлежен орган издала дозвола за пловење со важност до мај 2010 година.

Засега не е утврден датумот кога ќе биде изведена операцијата на вадење на бродот од водите на Охридско Езеро, кој се' уште стои стотина метри од брегот кај автокампот „Елешец“, но се верува дека извлекувањето ќе треба да започне веќе во наредните денови. Експертите сметаат дека операцијата треба да се изврши поскоро, бидејќи може поради силни струења или бранови, бродот да се помести и да има нови оштетувања кои би ја отежнале истрагата и утврдувањето на причините за потонувањето.

Кај охридската јавност во недостаток на официјални информации се зборува дека листата на оние што се одговорни треба да се прошири зашто потонувањето на бродот „Илинден“, изграден во далечната 1924 година во Германија, директно ќе влијае врз имиџот на Охрид како на туристички центар. Се инсистира конечно да се отвори и прашањето за безбедноста во одвивањето на езерскиот сообраќај, зашто ова лето имаше неколку несреќи во кои беа изгубени човечки животи. Покрај 15 жртви, бугарски туристи во несреќата со потонувањето на бродот „Илинден“, ле��ово во судир на два глисера настрада жена, две момчиња се удавија при превртување на педалинка, а скутерџија во Струга повреди 12-годишно девојче.

Отворени остануваат и повеќе прашања поврзани со водењето на истрагата и вклучувањето странски државјани во текот на постапката. Се проблематизира и емитувањето подводни снимки од потонатиот брод само на една телевизија, видеоматеријал што е снимен со дозвола на надлежен орган и исклучиво за потребите на истрагата. Правни експерти сметаат дека истрагата треба да продолжи според нашите закони, без притисок и вклучување неовластени лица, без разлика на нивните функции или добри намери.

По повод трагичната несреќа во Охридското Езеро, во амбасадата на Република Бугарија во Македонија е отворена книга на жалост. Во книгата се потпишаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерот за надворешни работи, Антонио Милошовски, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, претседателот на СДСМ, Црвенковски, и многу граѓани.

Премиерот Никола Груевски вчера не сакаше да даде одговор на прашањата кои се однесува на нападите што ги изрече неговиот бугарски колега Бојко Борисов, како и за оставката на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Потонувањето на бродот „Илинден“ се' уште е топ-тема во домашните и во странските медиуми. Во Охрид останаа бројни екипи известувачи од домашните и од странски медиуми. Неколку снимки и видеоклипови што ги направиле лица кои случајно се нашле на местото на несреќата беа продавани на домашни и на странски медиуми по цена од 2 до 5 илјади евра, а се појавија и бројни шпекулации во некои бугарски медиуми дека постои сомневање за терористички акт.

На ваквата атмосфера во прилог и' оди бавноста во утврдувањето на причините за потонувањето на бродот „Илинден“ и затвореноста на надлежните државни органи кои се должни да даваат навремени и точни информации.


#
Статијата е прочитана 2539 пати.

Испрати коментар

Од: A
Датум: 09.09.2009 00:24:41
Ne samo ostavka tuku i krivicno treba da odgovaraat site, pocnuvajki od ministrite, ceka kapetanija i ostanata bagra
Од: realen citatel
Датум: 09.09.2009 02:39:02
Razresuvanje za Saban Sali,Direktor na zastita i spasuvanje,i Pande Llazarevski direktor na centarot za menaxiranje so krizi,kade bea tie za vreme na incidentot,zasto se vrabotuvaat tamu 600 luge koga ne se vo moznost da spasat ni edno pile????Ne samo Mile J i Gordana J,tuku i drugi funkcioneri zatoa sto ne funkcionira sistemot za spasuvanje-a toa e vo nadleznost na vladata
Од: Трпе.
Датум: 09.09.2009 06:51:08
Трагедијата што се случи во Охрид,не е за потценување.Такви слични работи недајбоже ке се случуват и на земја и во воздух.Но се тоа е резултат на лакомоста за пари.А и има од кого да се учи за присвојување на повеке пари.Па нели си имаме блада која љуби многу пари.Како мистер Рејтинг ке ја прифати остафката на Миленце,кога тој во последно време му носи многу пари без разлика на каков начин извлечени од народот.А како да се замери и со Борисов,па нели Бугарија беше земја која прва ни го призна името,а националноста не.Па неможе со сите да се замеруваме,мора со некои и да останеме пријатели.Колку подолгу сме на фотелјата подобро за нас а народот кој го прашува.Па тој и така е сиромав.Сиромав е еднакво на глупав.Сиромавиот секогаш плака а не е свесен дека плака.
Од: Macedonian Downunder
Датум: 09.09.2009 07:10:23
Dragi Makedonci i Grujo, Komentarite na bugarskiot premier Bojko Borisov ne se voopssto na mesto. Ne mu licci na eden premier na drzzava da gi messa semejnite problemi na nekoja si prodadena dussa Spaska so tragedijata na Ohridskoto ezero. Ne mu licci na bugarskiot premier da ne' navreduva site Makedonci narekuvajkki ne' bezobrazni. Se gleda kolku mu e umot na toj premier. Samo za sporedba, ako toa voopssto mozze da se sporedi, pred mesec dena se urna avion vo planinite na Papua Nova Gvineja - 10 pati posiromassna zemja od Makedonija. Zaginaa 8mina Avstralci i eden Japonski turist. VO NIEDEN MOMENT (!) AU Premierot Kevin Rudd ne ja navredi ovaa mala ostrovska zemja sosed tuku izrazi soccuvstvo za nastradanite i isprati vednass pomoss vo tehnika i lugje za da se vratat ostankite i ispitaat razlozite za nesrekkata. Za zzal, ovoj bugarski premier ima usste mnogu da ucci i e zzalosno ssto bugarite se tolku nesrekkni da go imaat za premier. Gore glava Makedonci!!!
Од: aleks, usa
Датум: 09.09.2009 07:41:47
Izjava tipicna za eden ot borcite: mnogu muskuli vo izjavata, a malku akal. Ne e svesen deka so tie izjavi si go narusuva ugledot kaj negovite grazdani oti bugarite ne se prost narod i nemaat kratka memorija ko nie i se toa ke mu se vrati ko bumerang.
Од: od brzi
Датум: 09.09.2009 08:24:24
lesno e da se komentira preku pc, kajjjj da ne ne vregaaattt bugarite ili ne znam koj kako e moznooo brod od 1924 uste da se dvizi po ezeroto ejjjj drzava li e od 1924 god brod uste da raboti pa ne zezajte treba mnogu raboti da se reguliraat kaj nas alooo uste ne sme nigde za nigde sme
Од: ivan
Датум: 09.09.2009 08:51:25
Vreme e vo ovaa zemja da se pocituvaat zakonite i propisite. Samo prasanje na vreme e koga ke ni se sluci uste nekoja nesreka. Na primer gradskiot soobrakaj vo Skopje se obavuva so avtobusi postari i od 30godini koi cesto se vozat neispravni a da ne zboruvame kolku zagaduvaat. Policijata da si ja vrsi rabotata i sekojdnevno da proveruva pogotovo prevozni sredstva koi vrsat masoven prevoz. Ako zamizuvaat pred ovie sostojbi avtomatski se soucesnici vo nedaj boze nekoja naredna nesreka.
Од: Vele
Датум: 09.09.2009 10:04:14
Izjavata na Bojko Borisov kade frla kolektivna vina na cel narod e primitivna i kako takva ne zasluza komentari. A toa sto treba da odgovara i da se kazni nekoj za tragedijata vo Ohridskoto ezero toa pa mora i toa bezuslovno. Kaj nas vo nasata drzava zagrozen e sekoj vid na soobrakaj i ke morame kako drzava da prevzememe nekoi merki da se sprech haosot i da se reagira preventivno vo sprotivno pak ke ni se sluchuvaat uste pokatastrofalni tragedii.
Од: LOLO
Датум: 09.09.2009 10:41:24
Videte,nesreki sekade ,sekoj den se slucuvaat. Ova e samo eden plus nesreken slucaj na dolgata lista. Se prasuvam dali imase potreba od pritvoranje na sopstvenicite na brodot i dali imase voopsto potreba ministerot Janakievski da si dava ostavka? Mislam deka seto toa nema logika. Sekoj den se gine po patistata i sega zatoa da pagaat ministri??
Од: Kliment
Датум: 09.09.2009 10:59:41
TRPE, Imas ubavo ime,.ama TRPI malu. Ne e lakomost za pari. Brodot e optereten za 25%. Toa e isto kako vo kola namesto 4 da stavis 5 luge .Problemot e sto site se prajte strucnjaci....
Од: zap ev
Датум: 09.09.2009 11:41:27
mak ce plato 300000evra na hrvatska da go izvadi brodot?pa neli ce bese poeftino da imalo zakon vo mak i voopsto da ne se registriral toj broj bidejci bil zariban vo kanalot so decenii i da imalo zakon onoj sto upravuva brod so tolku patnici treba da ima obrazovanie tuka na zapad se uci 3-5god po zarveno sredno znaci lica da studirat vo n.p.bug ili hrvatska a ne da uprqavuva brod nekoj sto polozil za kajce.golem sram.
Од: filip
Датум: 09.09.2009 11:45:19
Ne e vinoven mladiot kapetan,dali toj ja potskina sajlata,zatoa sto gi mrazi lugeto,svoite najblisli ili ne si go sakal zivotot,pa sakal da si go odzeme,ili sakal da sedi vo zatvor.Dali brodot potona od starost ili se prepolovi.Ne okrivuvajte nekogo bez pricina,ostavete da se otkrie sto bese pricinata.
Од: Balkanec
Датум: 09.09.2009 12:29:40
[email protected] : Æalam za nevinite æivoti koj tragi£no zgasnaa vo vodite na Ohridskoto ezero. Bez razlika na nivnata nacionalna pripadnost zaugubata e golema za site nas na koj sme del od Ä BalkanotÄ. Problemite sekogaπ doa|aat sami bez Nie da gi povikame, a naπ’ e da |i reπavame. Vo ovaj moment site Nie sme soo£eni so eden golem problem a toa e naπiot mlad kapetan. Kapetan zasluæuva orden za hrabrost, a ne pritvor. Iako mlad, kapetanot napravi maksimalni napori da spasi πto poeveke patnici. MORAME site nie da mu pomogneme da ja nadmine ovaa psiholoska kriza, a vooedno ne smeeme da dozvolime da bide osuden. Odgovornost bi trebalo da se bara od onie πto pravat golemi propusti vo svojata rabota, a ne od mladiot kapetan koj sovesno i poπteno si ja izvrπuvaπe svojata rabotna zada£a.
Од: veles
Датум: 09.09.2009 13:08:54
hahah pa zar sakate da ve fali zar za falanje sme de priznajte samite sebe si.brodovi od ovakov tip sto potonaa se vo muzej niz cel svet kaj nas prevezuvaat turisti,edno sto prevezuvaat pa personalot nema ni dovolno znaenje ni pak sredstva da obezbedi normalno patuvanje so brodot,dozvolata se dobiva so pari pod masa vo ohridskata kapitenija asto e potragicno go vozi dete na 23 god bez iskustvo.edno sto site fakti se protiv nas kade sto ni se slucuvaat nesreki od tip kako vo indija i banglades pa odozgora kriv ni e borisov sto vrega e pa stavete se vie na svoe mesto i otidete do varna,povozete se so botce tamu i da vi potone kako rezultat na lakomost za pari i da vidam sto ke kazete.pusta lakomost za pari granici nema mora da ima tragedija za da se prezeme nesto a vladata se cesla so statistika kako naprednala ovaa godina lele vidi ja arogntnosta nasa .
Од: jas
Датум: 09.09.2009 13:36:50
Pa se plasi coekot ,ce ja izgubi podrskata od majka blgarija
Од: kire strumic
Датум: 09.09.2009 14:23:06
lugje jas mislam deka ne e do starosta na brodot... sto ako titanik ne bil star ni 1 mesec i na prvata plovidba potonal????? da ostavime da se doznae vistinata od tie sto znaat toa da go kazat pozdraf
Од: naiven
Датум: 09.09.2009 15:20:31
A, hrvatskata firma shto ke go vadi brodot, sluchajno,da ne se vika, Konstruktor, od Split? Mislam, onaka, sluchajno

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите