Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Вести на рати

Нина Нинеска-Фиданоска

„Тема од областа на економијата“. Вакви најави во изминативе неколку дена стасуваа до македонските медиуми директно од Владата. Никој не кажуваше за каква тема станува збор. И кога новинарите ќе се појавеа во владината сала, таму ги пречекуваше премиерот Никола Груевски опкружен со целата своја министерска свита, за преку нив да и' соопштел на целата македонска јавност какви мерки усвоил неговиот тим.

Па така, во само пет дена, јавноста и медиумите беа „почестени“ со дури три прес-конференции, со добро познатата „фемили“ владина сценографија. Последните два преса беа буквално ден за ден, но уште позачудувачки е што беа одржани во време кога на премиерот „му гори под нозете“ поради страшната бродска несреќа, со драматични последици и со сериозни обвинувања од неговиот бугарски колега и кога јавноста очекува оставки од клучните министри.

И во такви, во најблага мера кажано, несреќни околности, Владата не' информира дека дворовите поевтинуваат на едно евро за квадратен метар, или дека планира да им ги плаќа сметките за струја на сиромашните, но дури по десет месеци! За волја на вистината, конференцијата за падот на ДДВ за становите беше пред несреќата, но останува впечатокот дека и таа беше свикана набрзина, и само еден час пред нејзиното одржување.

Што го предизвика премиерот секојдневно да не' бомбардира со маркетиншки пресови, иако не признава дека е така? Значи ли дека чувствува оти полека се топи неговиот рејтинг и тоа токму на економијата, која му беше главна карта на која играше? Сите овие три одлуки сигурно биле донесени во ист ден и можеа да се соопштат одеднаш, а не на рати, но токму тоа веројатно и е целта, секој ден пред јавноста да се презентираат нови „успеси“. Можеби затоа и медиумите веќе не го сфаќаат сериозно.


#
Статијата е прочитана 1292 пати.

Испрати коментар

Од: Petar P
Датум: 09.09.2009 00:19:01
I jas toa se cudam!
Од: Александар
Датум: 09.09.2009 01:07:15
Кратко и остро. Одлично.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 03:09:45
Rejtingot na premierot nese topi naprotiv se zacvrstuva sprema narodot. So namaluvanje na ddv so plakanje struja na najzagrozenite so besplatni knigi za ucenicite so bezplaten prevoz na ucenicite da ne brojam uste mnogu. Gruevski sigo saka Makedonskiot narod zaniv i dusata ke si ja dade.
Од: goran
Датум: 09.09.2009 04:33:29
mozebi mediumite ne go svakaat seriozno,oti 80% pa i poveke se pod kontrola na sds. ama se prasuvam koj ve svaka seriozno VAS? :))
Од: od visoki vladini izvori
Датум: 09.09.2009 05:59:35
od visoki vladini izvori doznav deka vladata donese odluka da se namali ddv na prehrambenite proizvodi za celi 1,8 % i ovie denovi ke im soopshti na javnosta za ovaa odluka licno premierot na press so poznatata ikonografija.odlukata ke stapi vo sila vo 2025 godina.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 09:46:54
Бладата и’ кумува на Нееднаквоста на граѓаните! Додека, пред некое време, ги натера граѓаните да ги откупат („приватизираат“) своите дворови и земјиштето на кои им се изградени куќите, очигледно останаа голем број (партиски пулени) кои тоа не го направија, иако имаше Законски рок!? Сега ќе можат да си ги купат за само 1€ квадрат! За некои не важат ни рокови за завршување на студии, специјалистички испити, докторати... Некои плаќаат ученички билети, портокаловите -никако. За некои важат законите за однесување на работното место, „нашите“ - воопшто и не мора да доаѓаат! Некои со кривично дело кражба и убиство се на слобода, но мајката што не го дала своето дете на таткото (не навлегувам во оправданоста на ваквиот потег) си доби Затворска казна! Тепаните Студенти на плоштадот, отидоа на Судење - „непознатите“ Тепачи, останаа нечепнати! Предолг е списокот на ваквите Бладини поделби. Успесите на „нашата“ блада се видливи од Авионот со натпис ЕПП, но, на земјата, тие се Испарлива материја!
Од: Оли Јулчовски
Датум: 09.09.2009 09:47:21
Не да му се топи,го нема,Пага со светлосна брзина. Веке не палат популистичките сликања на Владата со препознатливиот декор,Грујо во светло одело а фамилијата во темни,или обратно.Несмее да се прекрше оваа правило,Грујо мора да одскокнува,Да се знае кој е Вождот.А,тоа што идеите кои се украдени никому ниште,имено последниот пакет за плакане на дел од струјата е украден од пакетот на СДСМ кој Владата упорно го одбиваше.Но тоа не е најтрагичното,Повторно како и секогаш се ветува за во иднина.НЕ УМИРАЈ МАГАРЕ.
Од: јас
Датум: 09.09.2009 10:18:48
Се фалат и кога ќе стават една запирка ( не сваќајте ме буквално ) во некој закон и тоа го фалат како да напишале нов Устав...А со што кутриот да се пофали , ако не со вакви тривијални работи???Бродот му тоне ( и буквално му потона ) а тој не знае со што побргу да се фати , дали лопата да фрли на селско чешмиче или на некое селско патче од „цели“ 100 м.Е онака се прави како Рамкоски , човекот беше доблесен па не свика „ цела Влада “ за дрвеното патче кај Охридското езеро, а секако поголем залак е тој на Рамкоски ( со приватни пари ) одколку сите проекти на пастирот со државни пари...
Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 09.09.2009 10:36:18
Mister rejting manipulira dobro so sve, pa i so tajmingot na plasiranjeto na informaciite. No, populizmot profesionalcite vednas go prepoznavaat, za razlika od obicniot narod koj i natamu gi gleda samo popularnite potezi, a ne ja gleda celata sustina na ova bezobrazno i manipulativno vladeenje. Ne mi e jasno samo do koga na siromastijata ke i se nudat sareni kolacinja namesto leb nasusen i koga ovoj narod ke se osvesti.
Од: PR industrijata pocna da zaribuva
Датум: 09.09.2009 11:15:56
,,Fotkite,, na familijata, so nakiselenoto lice na nejziniot Sef najdobro pokazuvaat deka motorite na PR industrijata pocnaa da zaribuvaat! Vece ne samo naivnite, tuku i politicki nepismenite makedonski gradjani pocnaa da sogleduvaat deka ,,Prerodbenikot,, e vsusnost samo eden vest manipulator i izmamnik!
Од: Митко
Датум: 09.09.2009 13:09:22
Прочитан буквар. Популизам и само популизам, само да се скрене вниманието на народот од секојдневните проблеми во земјата на чудата.
Од: tebe
Датум: 09.09.2009 14:49:41
mozebi sum dasaden,ama na narodot ne mu treba vladata da mu ja plaka strujata mu treba rabota a tie sto sakaat da im gi plakaat smetkite trebase da se izjjasnat koga go prodavaa telekomot i esm a ne sega .sega kasno e drug te.................
Од: kaktus
Датум: 09.09.2009 15:13:47
Јас сум еден од тие што сериозно го сфатив напишаното. Недостасува во статијата и ветувањето дека пензиите ќе пораснат за 2%. Видно од чековите што пензионерите ги примија пензиите се покачени за помалку од 1,8%. Доказ: Сите чекови издадени од Стопанска банка АД Битола. Пензионери, пресметајте си самите!

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите