Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Споменици завиени во мистерија

Тина Иванова

Целата рашомонијада, односно сите контроверзии што ја следат реализацијата на проектот „Споменици“, очигледно е последица од недостиг на политичка култура. На непримерна ароганција на носителите на власта кои донесуваат одлуки. Притоа, се забораваат два елементарни факта: власта им е само делегирана од граѓаните, но таа не е апсолутна, и тоа дека парите што се користат од буџетот не се нивни или ничии, туку се пари на граѓаните. Но, чувството дека кога си на врвот наедно си и критериум за се', не е својствено само за актуелната власт. Тоа е веќе видена работа.

Во конкретниот случај со контроверзиите околу спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев, но и пред тоа кога не беа земени предвид реакциите на јавноста за уметничките скулптури, станува збор за мистерија. Проектите беа и се' уште се затворени во непознат, најтесен круг луѓе кои во името на целото општество просудуваат за нешто што треба да претставува траен белег, долговечност, за споменици кои треба да го облагородат заедничкиот урбан простор во кој ќе живеат и многу идни генерации. Зашто, не станува збор за едногодишни цвеќиња кои в година ќе бидат заменети со други. Спомениците се траен белег на сите времиња, додека времето во кое се поставуваат, останува белег на културата на една генерација. Тоа треба да бидат трајни вредности, што е почетната позиција од која треба да се појде - за кого, каков споменик ќе биде создаден, што ќе отсликува, што ќе порачува, каде ќе биде поставен, кои ќе бидат неговите основни историски, политички, културолошки постулати итн.

А, тие елементи не е можно да бидат содржини во одлука која ја донел само еден човек или мала група луѓе, уште и политичари на кои уметничкиот занает, естетиката, планирањето на просторот им се само хоби или личен суд. Организирано општество располага со надлежни институции. Во нив работат стручни луѓе, експерти. Па, елементарно правило е тие институции да бидат дел од процедурата при реализација на политичките одлуки. По потреба, за сложени зафати со трајни намени и вредности, како што е поставувањето споменици, се вклучува и пошироката стручна јавност, експертите од областите кои имаат допирни точки, ако треба и општа јавна расправа, па и референдум.

Ние не сме стасани дотаму. Актуелните владетели како да стравуваат дека ако се почитуваат и спроведуваат процедурите на современите општества, постои опасност одлуките донесени само врз политичката моќ да не минат. Оттука, очигледно прифатлива им е практиката на тоталитарните општества. Свежи се примерите од пред дваесетина години на земјите на европскиот социјализам кога спомениците се поставуваа со политички декрети на водачите. Ама, по демократските промени, последица од таквите одлуки донесени од позиција на власт, беа паѓања како крушки на монументалните статуи на до вчера обожаваните земски политички богови. Тие што ги поставувале, на некој начин идентично како и сега кај нас, ги донесувале решениј��та исклучиво со политички декрети од позиција на власт и моќ, за која верувале дека вечно ќе трае.

Но, еве, поуките не се извлечени. Според штурите и неофицијални информации веќе во завршна фаза се поголем број споменици на личности од разни историски периоди. Меѓу нив и ликови што предизвикуваат контроверзии, а за кои нашата наука има дефинирани историски позиции. Во јавноста, пред се', стручната, се проблематизираат и естетските аспекти, локациите, квалитетот на изработката…

Се разбира, нема да биде се така црно. За некои поставки е реално да се очекува дека ќе бидат склоп на вредности - историски, урбани, естетски. Но, што со другите? Упатените, кои, патем кажано, не се дел од ешалонот на власта, а кои имале можност да ѕирнат во некоја од фазите на градбата на спомениците, за некои од нив тврдат дека се промашување. Но, молкот за проектот „Споменици“, како и претходно со уметничките скулптури и натаму трае. Останува само да чекаме наскоро да бидат откриени со помпа на пригодни свечености и вулгарна политичка ароганција, па да проценуваме.


#
Статијата е прочитана 1474 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za trajnite belezi
Датум: 09.09.2009 02:06:44
Спомениците се траен белег на сите времиња? Ne Tina vo ovaa drzava LAGATE e traen beleg. Zatoa taa si propaga. Zosto nikoj nema hrabrost da napise deka Goce vo Novo Selo predaval bugarski jazik i literatura vo uciliste na Bugarskata Egzarhija? Zosto nikoj nema hrabrost da go objavi prviot ustav na VMRO (potocno na Bulgarsko Makedonsko-Odrinski revolucionerniot komititer komitet) vo koj jasno vo tretiot clen na bugarski jazik pisuva deka clen na VMRO moze da e sekoj Bugar bez ogled na polot i vozrasta? Zosto ne se objavuvaat i dokumentite na starite VMRO-ovci (Tatarchev, Gruev, Gjorce Petrov i sl) vo koi jasno tie se izjasnuvaat za Bugari, i koi prvo planiraat Makedonija prvo da stane avtonomna (Tatarchev) za da potoa se pripoi kon Bugarija? Zarem ako Gove i Tatarchev se izjasnuvale kako Bugari, zarem toa znaci deka i nie sme Bugari? Ne bi rekol. Uste edna rabota procitav po forumite deka zaradi problemite so usite Goce nikogas ne javal konj. Tolku za vedodostojnosta na spomenicite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.09.2009 08:11:02
Лавирањето во ставовите за поедини одлуки на власта како да стана спорт no1 во утрински.Прво се критикува споменичарството( оправдано) па подолу се пројавува грижа за изгледот на споменикот како ќе изгледа од аспект на долготрајна историска вредност за идните генерации.Сега се прашувам кој е ставот за спомениците,ако сте егзантно против тогаш сте против било која форма на спомениците без грижа за нивниот изглед.Г-дин Митко ми даде идеја да упатам апел до комотните академици да ги оворат нашите архиви или посетат странските архиви и да еднаш ја обелоденат историјата на Македонија и каква е да ја презентираат на јавноста.Само така ќе доживееме катарза како народ а не презентирање сентиментална и фалш историја.
Од: Kultiviran do Mitko
Датум: 09.09.2009 08:19:41
Nema potreba da navlevame vo detali za Makedonskate Revolucionerni Organizacii, no antichkata istorija kje im ja razjasneme i na Evropejcite i na Grcite, bidejkji tie nemaat struchen kadar kako vo Makedonija.
Од: Историчар
Датум: 09.09.2009 09:03:49
До: mitko za trajnite belezi Таткоми беше професор и предаваше на француски јазик во Лион, но небеше Французин. Многу ти е плитко Митко размислувањето. Многу лесно, едноставно, без размисла ги читаш документите. Се прашувам што си ти? Дали си дел од македонските изроди вака штом мислиш?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 11:11:27
Рашомонијадата е последица на Целосно Отсуство на Општата Култура, затоа недостига онаа - политичката! Компарацијата со Соцреалистичките Сталинистички култури е посоодветна, затоа што во тој трул „комунизам“, во Југославија, Уметноста беше на завидно ниво. Уметниците беа на цена и за нивните дела најмалку одлучуваа политичари и квазиљубители на уметност. Кичерајот беше сведен на минимум. Доказ се бројните споменици, но и плејадата значајни ликовни творци Лазески, Кондовски, Петлевски, Јанчевски, Мазев, Гуте, Динка, Малиданов, Николов... Можеби, Соцреалистичкиот однос на бладата кон уметноста и не е за чудење. Тоа е Прескокната Фаза од уметноста кај нас, па можеби се желни да ја обноват, за да ја докажат својата НКВД УДБА определба!
Од: umetnik od skopje
Датум: 09.09.2009 13:41:03
Jas go vidov spomenikot na Cento kaj vajarot voatelje i mozam da vi kazam samo deka e prekrasen. Djabe samo se zbori negativno, site ke bidete gordikoga ke se postavi dogodina
Од: Delco
Датум: 09.09.2009 13:58:57
Spomenicite se odraz od vremeto ne eden narod! Ako stvorat bolka vo dusata togas ima dostrel. Kvalitetot e zamenet so kvantitet! Ne e seriski!
Од: kole
Датум: 09.09.2009 14:04:17
Од оваа власт ќе останат само лажни ветувања, споменици, и по некоја лопата на Грујо и компанија........... Преродбата се сопна.......
Од: Ace od Avstralija
Датум: 09.09.2009 14:47:27
Iako honorarno predavam na privatni Akademii so Cert IV ovde vo Sydney, ziveam 23 god, pa koja sila ce me klasificira kako Avstraliec, a ne Makedonec? Takvi kako Mitko, Jas... ovde specijalno vo Utrinski. Ili da ne sum Bugarin? Da ne dade Gospod ni vo son.
Од: Gordana
Датум: 09.09.2009 15:26:44
Стварно е мистериозен целиот проект. Па еве една идеја до некој од вашите новинари. Истражете малку да видиме кој стои зад сето тоа, нека се појават малку и уметниците кои дебело си се офајдиле? Кој одлучува кој споменико каде ќе стои - бидејѓи тоа некако највеќе боде очи - јасно се гледа дека тој што одлучува нема никаков смисол за склад и убавина. Локациите на неколкуте споменици на плоштад се тотална утка. Улица Македонија со некои споменици на момент заличи на луна парк, ама откако го ставија и споменикот со орото, до оној со Мајка Тереза, до оној со шмизлата и бикот - веќе тотално улицата наликува на вашар, - комплетен селски панаѓур, СЕЛО-ВЕСЕЛО!!!!
Од: sladj
Датум: 09.09.2009 16:28:19
do Mitko..zatoa sto nikoj ne ja procital "za makedonckite raboti", ete zatoa!! sednete i procitajte ja knigata, mnogu lesno ke vi dojde na dusickata, sto ste bile vo eden istoriski moment, sto ste sega. bez taa lekcija nema napred...

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите