Реформите ја подобрија конкурентноста
Премиерот Никола Груевски вчера оцени дека придвижувањето на Македонија на листата на Светскиот економски форум во однос на конкурентноста за пет места, со што земјава се најде на 79. место, покажува дека реформите што се спроведуваат даваат резултати. „Имаме позитивно придвижување за пет места што е позитивен индикатор и укажува дека сите спроведени реформи, модернизација во делот на Централниот ре��истар, образованието, брзо регистрирање на фирми и други прашања даваат резултат и во реалноста, но и во овие значајни меѓународни извештаи. Ние и Црна Гора сме единствени од овој регион што имаме позитивно придвижување на листата, наспроти други што имаат назадување. Ќе продолжиме со реформите, бидејќи потребно е уште работа за да се подобрат нештата и да се зголеми конкурентноста на земјата“, изјави вчера Груевски. (Ек.Р.)
|