Владата ги разгледувала сите можности за приклучување на Македонија кон проектите „Набуко“ и т.н. прстен за Југоисточна Европа. Ова го потврди министерот за економија, Фатмир Бесими, нагласувајќи дека во Стратегијата за енергетика на Македонија еден од принципите е диверзификација на изворите енергија, заради обезбедување постабилна понуда. „Македонија е заинтересирана да учествува во проектот ’Набуко‘ ако има можност. Проектот е на компании од ЕУ земји-членки, финансиран од Европска инвестициска банка и ИФЦ. Со оглед дека се дефинирани основачите и финансиерите, наше е да ги искористиме потенцијалите за транзит преку Македонија“, рече Бесими. Според него, Македонија сака да ги искористи сите можности за да се поврзе со регионалните и меѓународните гасоводни мрежи. (Ек.Р.)
Bravo be ministre,imaš gulema podrška za eden proekt šo ne e vrzan so 2014,a i nose prosperitet na Makedonija.Kamo site da se kako tebe.
Од: jankuloski
Датум: 12.09.2010 02:36:54
Nisto novo, Makedonija po obicaj se vrzuva za proekti sto imaat politicka, a ne ekonomska pozadina.Proektot Nabuko e jalov proekt, proekt bez resursi na gas.Dali ministerot slusnal za proektot "Juzen tok", slusnal, arno ama toj e ruski proekt, a Makedonija saka da ima gasovod bez gas.Jalova politika se vrzuva so jalovi proekti, nisto novo zar ne?