Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Помина ли возот за Македонија?

„Македонски железници“ допрва ќе одлучува каков договор ќе потпишe со новата компанија „Карго 10“

Соња Маџовска


Помина ли возот со кој Македонија можеше поактивно да се вклучи во заедничката железничка компанија со Словенија, Хрватска и со Србија?

Откако овие три железници завчера потпишаа протокол со што практично формираа компанија „Карго 10“, сега воопшто не е јасно дали и како „Македонски железници“ е заинтересирана да се вклучи во овој проект. Директорот Оливер Дерковски, иако неодамна тврдеше дека земјава е решена да се приклучи на железничката иницијатива што ја предводат овие три поранешни југословенски републики, вчера за „Утрински весник“ изјави дека треба внимателно да се игра. „Допрва ќе одлучуваме к��ков договор ќе потпишеме со новата компанија што ја формираа Словенија, Хрватска и Србија. Тоа ќе се знае откако работната група, што е формирана во ’Македонски железници‘, ќе ги дефинира сите услови, цени, формалности за овој проект. Таа анализа треба да биде готова до крајот на октомври. Но, ние би влегле во оваа иницијатива без учество со основачки влог во заедничката компанија, туку само во бизнисот. Секој ќе си го гледа сопствениот интерес. Треба внимателно да се гази. Ние ќе ја нудиме нашата траса по Коридорот 10, кој води потоа до Солун, па Атина. Оваа иницијатива нуди побрз транспорт, олеснување на формалните процедури, царинските пречки. Ќе се однесува само на товарниот сообраќај. Ако има заинтересираност за нашата траса, ќе се вклучиме“, вели Дерковски.

Според него, Македонија за овој проект добила покана во јули, а во Љубљана на 31 август, разговарал со првите луѓе од „Словенечки железници“ за тоа како ќе оди нашето вклучување. За овој проект се заинтересирани и Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и тие, како и Македонија, бидејќи по се' изгледа задоцнија, најверојатно ќе се вклучат само доколку има интерес за тоа.

И премиерот Никола Груевски вчера изјави дека Владата го поддржува овој проект, но, сепак, остава конечна одлука да донесе МЖ.

Излегува дека откако сите помисливме оти Македонија, дефинитивно, има желба да стане дел од железничката алијанса што ја формираат Словенија, Хрватска и Србија, а чија цел е поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки во регионот, сега повторно се тактизира, како што тоа се правеше и пред добивањето на официјалната покана.

Македонските бизнисмени, пак, веќе се изјаснија дека би имале голема корист од железничкото спојување, кое би значело олеснето движење на стоките, што игра важна улога во бизнисот. Дали и овој пат земјава изгуби уште една шанса да се вклучи активно во проект што ќе му донесе бенефит и на бизнисот, но и на железницата, која се дави во долгови, а вработените постојано се закануваат со штрајк, поради доцнење на платите?

Инаку, заедничката железница се обелодени како проект уште во мај, но конкретниот договор беше потпишан завчера во Белград, кога беше официјализирана новооснованата фирма „Карго 10“, а се очекува на 1 октомври од Љубљана да тргне и првиот воз. Цел на оваа компанија е намалување на времето на транспорт по Коридорот 10, која со подобра организација треба да и' конкурира на алијансата Коридор 4, во која се здружени железниците на Унгарија, Романија и на Бугарија.






#
Статијата е прочитана 3274 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 11.09.2010 12:28:32
E zašo ne ne igrat,prašal li se nekoj.Ne biva ni dogovor,ni rabota so dečišča od edna strana,oa druga so neodgovorni,taze biznismeni šo samo svojo đep go gledat i od noso podaleko ni videle,ni znaat.E pa ne biva taka,so takvi kadri i nekadri.Pa posle kriv ni e Cacko.Ne be vaj od Konopišče,taka se vika u narodo.
Од: pomina
Датум: 11.09.2010 12:41:07
Pomina i ne pregazi.24/7
Од: Малку објективност
Датум: 11.09.2010 12:46:31
Ајде искрено да зборуваме: зошто Словенија, Хрватска и Србија би сакале Македонија да биде партнер во проектов? Па нашата железничка мрежа не е ни од блиску добра како на останатите три држави (освен во делот на Централна Србија, со кој можеме да се мериме). Поставувањето на Македонија на еднакви основи во овој проект е забавување на истиот.
Од: Газафер
Датум: 11.09.2010 15:10:50
Сеуште ја имате понудата за заедничка железница со Хунзистан, за што веќе имаме договор за деловно-техничка соработка. П.С Поздрав од мене и принцезата Ранија
Од: Zeleznicar
Датум: 11.09.2010 15:34:53
Mnogu vozovi zaminaa.
Од: Itar Pejo
Датум: 11.09.2010 19:13:08
Ne pomina vozot tuku pomina uste eden voz.
Од: srebre
Датум: 11.09.2010 22:23:00
kakov dogovor vo mkd zeleznicata odumira uste malku kargoto ce se vrsi na magarinja............sto ce ni e toj dogovor.............
Од: krste
Датум: 12.09.2010 09:10:16
ODAMNA............ne ni ostanuva nisto osven povrzuvanje so Hunzite vo Avganistan.......pojdovna tocka ke bide placot od selo Arbinovo kade edna SHUSHULAJKA mu go podari na princezata Ranija od Hunzistan............... Na zdravje Makedonijo!!!!!!!!
Од: tatoo
Датум: 12.09.2010 15:44:35
Последниве 4 години не одмина возот за странски инвестиции, за економија, за евроатлански интеграции. За сите овие возови, горенаведениот е мачкина кашлица

Најди! во Утрински
Економија
Потребни се 1,6 млд. евра во обновливи извори енергија
Грчките трафики згаснуваат без цигарите
Владата не попушта за бугарските таблички
Индустриските производи поскапи за 7,7 отсто
Повеќе време на „Фејсбук“ отколку на „Гугл“
Светската економија бавно закрепнува
Македонија сака во „Набуко“
Нови шест месеци без претплата
Реформите ја подобрија конкурентноста

"""



Bulgarian agency chief fools anti-fraud service
Romanians bring internal squabbles to the EU
Former Croatian defence minister jailed for corruption