Сопствениците се жалат дека замената на постојните таблички со македонски е прескапа инвестиција за нив
Александрија Стевковска
Владата нема да ја измени или да ја одложи законската обврска странските возила да се облечат со македонско руво преку нивна пререгистрација. Иако замената на постојни��е таблички на возилата со македонски е прескапа инвестиција за нивните сопственици, Владата нема намера да отстапи или да ги видоизмени своите одлуки, без оглед на најавените протести.
„Владата првпат во однос на секоја досегашна влада овозможи оваа категорија граѓани да си го решат прашањето, со тоа што им даде повеќе од шест месеци рок да си ги легализираат возилата. Потоа се побара тој рок да биде продолжен, бидејќи завршуваше во текот на годишните одмори. Имавме слух за тоа и рокот се продолжи до крајот на септември. Државата го направи максимумот и редно е и граѓаните да го направат она што државата ќе ја отслика како држава во која владеат ред и закони“, посочи Груевски.
Инаку, за денеска е закажан протест на сопствениците на возила со странски таблички во Скопје, а поддршка на протестот ќе им дадат и бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои најавуваат протести на бугарско-македонската граница поради, како што велат, проблемите што им ги создава македонската Влада на граѓаните што поседуваат бугарски возила.
Во партиското соопштение, кое го пренесува бугарската агенција „Фокус“, се вели дека протестот е против македонската Влада, затоа што ги терала сопствениците на вакви возила да ги променат бугарските со македонски регистарски таблички. Партијата на Каракачанов го поддржува и протестот во Скопје, кој почнува денеска напладне пред Владата, за потоа да продолжи пред Собранието.
Сопствениците на бугарски автомобили се револтирани од владиното решение до крајот на септември да мораат да ги пререгистрираат своите возила. Се жалат на енормно високите цени за пререгистрација на возилата и на заканата дека ако не го направат тоа, возилата, во крајна линија, ќе им бидат одземени. Сметаат дека ваквото владино решение е спротивно на Уставот, кој гарантира можност во земјава да се возат и странски возила. Организаторите на протестот се плашат да се појавуваат во јавноста и прифаќаат да зборуваат само телефонски и анонимно.
Според нив, во Македонија има околу 50 илјади возила со странски таблички, од кои, ако се платат сите давачки за пререгистрација, државата ќе ќари околу 100 милиони евра. Затоа, едно од нивните клучни барања е ослободување од дел од давачките. Предлагаат, наместо сите давачки, за царина, ДДВ, акцизи и хомологација, да плаќаат само за осигурување и за регистрација.
Легализација требаше да се случи уште пред шест месеци, но Владата им даде нов рок до крајот на септември.
Nema druga drzava kako Makedonija da se bori za identitet protiv tablichki.
Од: makedonec
Датум: 11.09.2010 15:07:01
Ne mi se veruva kako "covek" moze da se prodade za tolku sitni pari.Odete protestirajte i vo zapadna evropa.Tamu ne mozete da vozite so stranski tablici poveke od 6 meseci.Ke si platite tuka, vie evtini blagonadezni b`lgari.Se prodadovte za po edna skapana kola.Sramota.
Од: OD NEKOJ
Датум: 11.09.2010 15:17:09
Sto otcekuvaa novopecenite evropejci, dali nekaden vo evropa se vozi so bugarski tabli povece od nakolku meseci. I ovoj rok sto im go dadoa e mnogu. Tie se golema stram za Makedonija, se prodadoja za star avtomobil. Jas rabotam vo SAD i imam vo Makedonija avtomobil, za nego placam osiguruvanje 22.525 den. za .edna godina, neka platati tie nesto na Makedonija.
Од: Iselenik
Датум: 11.09.2010 15:43:07
Ova se sreduva mnogu brzo i mnogu ednostavno kako i sekade vo svetot. Onoj sto ke vlezi vo Makedonija so Makedonski pasos a e voedno bez stranska rabotna viza, a vozi/vnesuva stransko vozilo, vednas se usmeruva na terminal za carinenje,ili mu se dava rok od mesec/dva da go iznesi nadvor voziloto. Onoj sto ke vlezi vo Makedonija so stranski(Bugarski) pasos, ke se tretira kako stranec, t.e ke treba da izvadi viza za prestoj i rabota vo Makedonija dokolku tuka zivee i raboti. Pa na koj kako mu odgovara, taka neka se deklarira, a ne zivee i raboti vo Makedonija, a se deklarira Bugarski graganin koj vo slucajov e vsusnost turist vo drzavava i vozi stransko vozilo vo drzavava bez nikakvi ogranicuvanja.
Од: dimitri
Датум: 11.09.2010 17:14:51
Gospoda koi vozite avtomobili so bugarski tablicki,dali znaete deka zakonot vazi za site?Pa zosto jas da gi plakam site davacki a na vas del da vi bidat oprosteni.Vie svesno go izigruuvavte zakonot,a sega barate milost.Ne veruvam deka nekoj drug pravi povekeotstapki po toa prasanje otkolkusto pravi ovaa vlada pa kolku i da e losa.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2010 17:56:05
Го видовме денес профилот на овие запенети сопственици на блгарски возила.Бараат на државата во која живеат Блгарија ни стави вето за влез во ЕУ и НАТО.Толку ли вредат табличките. Инаку предлагам измена на законот и место 6 месеци возење тука,само 1 месец,11 месеци во толку им милата Блгарија. Казна драконска за прекршителите во повеќе иљади евра.Инаку се гледа владата колку е бугарофилска.
Од: pecko
Датум: 12.09.2010 11:48:33
pod itno da se vratat vozilata vo nivnata sakana bugarija ili site na terminal ili i gospodata zaedno so nivnite vozila vo nivnata sakana bugarija pa ednas vo ovaa drzava zakonot da bide ist za site ili pak ce se najde nekoj da popusti bidejci polovina i povece od niv se novopeceni vmrovcijna (biznismencijna)