Формирана Комора на здравствените работници
Околу 12 илјади здравствени работници со средно, вишо и високо образование ќе се здружат во комора која ќе се грижи за нивниот углед и статус и ќе дејствува паралелно со Министерството за здравство и Синдикатот. Комората ќе има обврска да го заштити угледот на сите кои се во редовен работен однос повеќе од пет години, а при вработување и за луѓето кои работат преку агенции и младински задруги, истакна на промоцијата претседателот на Комората, Борче Георгиевски. Најголеми проблеми во здравството за новоформирната Комората се трансформацијата на Клиничкиот центар, полагањето стручни испити и етиката и етичките познавања на секој вработен.
Комората на здравствени работници од областа на медицината со средно, вишо и високо образование се формира како единствена организација на сестри и акушерки, медицински лаборанти и санитарни техничари, фармацевтски техничари, забни техничари, на физиотерапевти и рендген- техничари и технолози и ќе се финансира од членарината на вработените. (Ј.Ј.) |