Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Матурантите подобро знаат англиски отколку македонски

Осум проценти од вкупно 17.006 матуранти не го положиле испитот по мајчин јазик

Жаклина Хаџи-Зафирова

Матурантите подобро го познаваат англискиот отколку македонскиот јазик. Само пет проценти од средношколците добиле петка по тестот за мајчин јазик, а ваква оценка по англиски имаат рекордни речиси триесет отсто од матурантите. Осум проценти од вкупно 17.006 матуранти не го положиле испитот по мајчин јазик, а најбројни се оние средношколци кои добиле тројки по овој предмет. Матурантите се покажале најлошо на тестовите по математика и по француски јазик, бидејќи околу триесет отсто паднале на овие испити.

Од Бирото за развој на образованието вчера излегоа со оцена дека очекувале вакви резултати на матурата, кои ги оценија како подобри од оние од пилот-матурата. Но, сеедно, тие се задоволни од исходот на двата екстерни испити што ги прегледуваа државните институции.

Родителите, наставниците и учениците се изненадени поради лошите резултати од матурата, поради кои набрзина спласнаа нивните високи очекувања. Дополнителен стрес на родителите им создадоа условите за поднесување приговор, бидејќи за еден испит родителот треба да плати 2.000 денари, но тие пари му се враќаат само ако се покаже дека бил во право. Во спротивно, државата ги задржува овие пари. Објаснувањето на надлежните е дека намерно поставиле вакви услови за да не приговара секој, а се повикуваат на странско искуство.

Прелиминарните резултати од испитот по мајчин јазик покажаа дека најмногу добиле тројки, поточно 38,4 отсто, а само 5,6 отсто од овој испит „однесоа“ петки.

Ако се анализираат посебно, тестовите по македонски, по албански и по турски јазик, ќе се види дека тројките се најчести оценки кај средношколците, а кај сите три јазици процентот се движи над 34 отсто. Најслабо со мајчиниот стојат учениците што ја следат наставата на македонски, при што само 5,1 отсто биле оценети со петка.

Високи се и процентите на оние што ги освоиле минималните 40 поени и добиле двојки и четворки, проценти кои кај учениците - Албанци и Македонци се движат над 20 отсто.

За разлика од мајчиниот јазик, учениците покажале солидни познавања по тестовите по англиски, по француски, по германски и по руски јазик. Генерално, најголем дел од матурантите кои полагале странски јазик се оценети со четворки. Земено посебно по јазици, петки по англиски добиле 28,8 проценти, додека триесет отсто имаат четворки. Но, затоа, исклучително лоши се резултатите од тестот по француски јазик, кој не го положиле 26, 4 проценти.

Лоши се резултатите и кај испитот по математика. Над 28 отсто од средношколците не го положиле испитот по математика - основно ниво, за што само 11 отсто биле оценети со петка, а повеќето имаат тројки. Вториот тест, математика - напредно ниво, не го положиле, исто така, висок процент, односно 12, 4 отсто од средношколците.

„Кога ќе ги споредиме резултатите од другите европски земји, каде што прв пат е спроведена државна матура, можеме сосема одговорно да кажеме дека нашата матура е сосема успешна“, изјави вчера директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.

Таа најави дека ќе направат анализа за да видат што довело до ваквите резултати. „Не би излегла со констатација дека учениците не го знаат добро мајчиниот јазик, туку треба да се направат анализи и да се види што предизвикало да имаме такви бројки“, рече таа, додавајќи дека кај македонскиот и кај странскиот јазик е различен потребниот праг за да се положи испитот, кој кај македонскиот е 40 поени, а кај странскиот - 30.

Хорватовиќ рече дека учениците нема да имаат увид во тестовите поради краткиот рок за вториот испит од матурата, кој ќе се одржи на 14 и 16 август. Таа вели дека средношколците ќе можат да ги видат резултатите на посебна веб-страница што ја изготвиле за матурата на www.matura.gov.mk со отчукувањето на името и презимето на кандидатот и неговиот матичен број.

„Тестовите се градени врз иста методологија како и за пилот-матурата. Очекувавме вакви резултати, бидејќи имаме искуство во образованието. Знаеме дека во Македонија учениците имаат интелектуален потенцијал, а образовниот систем не е толку лош да имаме катастрофални резултати на испитот“, смета Хорватовиќ. Таа потенцира дека откако ќе ги знаат конечните резултати од јунскиот испитен рок, на 26 јули ќе имаат согледувања кои наставници биле вистински објективни вреднувачи, а кои наградувале и казнувале.

Сепак, родителите вчера негодуваа околу резултатите од двата екстерни испита од државната матура. „Не сум задоволна од резултатите. Прво, не знам како ми го оценувале тестот и каде сум згрешила. Како може некој што три години полага еден испит сега да добие четворка по истиот предмет. Ние се знаеме меѓу себе и знаеме кој колку вреди и знае. Затоа, сметам дека мојот труд е девалвиран“, вели една средношколка. Родител на матурант се жали дека државата се обидува да им стави сопка на родителите со тоа што ги принудуваат да уплатат по 2.000 денари од испит ако се сомневаат во резултатите, а од друга страна, учениците нема да знаат за што да се жалат кога не знаат како се оценувани.

„Мислам дека децата ги искористија како експеримент. Постојано надлежните велеа дека ќе биде лесно, а сега излегува дека голем процент не ги положиле испитите. Сега не само што децата не знаат како се оценувани, туку за два-три бода нема да можат да се запишат на факултет. А сомнително е и како се оценувани, бидејќи имаше прашања за кои немаше поени и субјективно зависеа од волјата на наставниците“, смета родителот.

Директорот на средното училиште „Васил Антевски - Дрен“ Небојша Живковиќ вели дека матурата ќе го покаже вистинското знаење на децата и не крие дека на учениците им биле подарувани оценки.

Според него, повеќе фактори можат да влијаат на конечните резултати од матурата. „Или тестот им бил тежок на учениците или не соодветствува на наставната програма или, пак, оценките им биле подарени“, вели тој.


Статијата е прочитана 2237 пати.

Испрати коментар

Од: maturantka
Датум: 15.07.2008 00:12:33
Navistina sum razocarana od rezultatite, katastrofalni.Ne e vistina deka maturata e vsusnost realnata ocenka za ucenikot.Kako e mozno ucenik vo mojata gimnazija sto edvaj se provlekuvase 1 i na kraj 2 , a sega po istite predmeti da ima 5.Nemojte da mi kazete deka sednal i naucil tuku istiot toj nasekade kazuva deka imal debeli vrski, a vsusnost i ne napisal nisto.Veruvam vo toa zasto bev so nego 4 godini i sega odednas 5, sramota.....Slusam vakvi slucaji ima i vo drugite skoli.Na tie ucenici sto cetiri godini im gi popravaa ocenite i sega iznajdoa vrski da ja polozat maturata so visoki ocenki.
Од: roditel
Датум: 15.07.2008 00:18:25
Ovie od komisiite zadolzeni za pregled i ocenuvanje na maturskite ispiti se provaleni.Istite tie vo Skopje po srednite ucilista davale na "svoi"prasanja koi bile i na samite testovi,a voedno i pri pregleduvanjeto imale isto taka"svoi",taka da bog da cuva od "svoi" lugje.Uste po koj znae koj pat se gleda deka ovde ne moze da se sprovede ni najobicna matura bez skandali.Potfrlija site komisii,a prasanjata po makedonski i sociologija kako da gi sostavuval nekoj od vreme na inforbiro.Utnata rabota do daska gospoda od prerodbata.
Од: Goran
Датум: 15.07.2008 00:24:34
ova e nepismena mladina!!!
Од: zoki
Датум: 15.07.2008 01:00:38
e dobro de so e cudno, denes site mladi znaat angliski a baska lesni se testovite edna ista rabota od 5 odd. do 4-ta sredno se testovite angliski eee pa i vie
Од: mitko e vesel lingvist
Датум: 15.07.2008 01:36:44
Faktot deka decata lesno ucat stranski jazici naveduva na golem optimizam deka lesno i vo kratok ke uspeat da go naucat i albanskiot jazik, iako za nego se zbori deka e so mnogu slozena i nelogicna gramatika. Da zivee vladata.
Од: Ucenik
Датум: 15.07.2008 02:22:08
Luge pomirete se so sudbinata,nema logika da placeto koga 4 god so vrski ja minete godinata.Sednete barem ednas da ucite vo zivoto i soocete se so realnosta.
Од: iden maturant
Датум: 15.07.2008 02:52:42
videte luge jas do godina ke polagam matura i licno tvrdam deka mladinava e nepismena.kako moze nekoj sto cela god ima 2-3 na kraj da proaga skros odlicen.kaj go ima toa ?nigde.kako i segde u ovaa drzava i tuka imaa debeli vrski.debeli vrski koi ovaa drzava ke ja izopacat.nemoj da be razberete deka site se takvi.imaa ucenici koi stvarno ucat i se trudat.samo sakam da kazam deka na vakov nacin drzava od nas ne biduva.tolku. i neka ne ve cudi nisto koga mladina zaminuva vo stranstvo.kako moze da prosperira tuka koga segde na keoj cekor ima vrski od mama i tato.ednostavno nema nacin za da se istakne toj ucenik.znaci se e e toa vistina vo vrska so rezultatite i treba da se uste polosi bidejki ovde ima golem udel na vrski.totalno sum razocaran od ova opstestvo.
Од: maturant
Датум: 15.07.2008 03:09:09
Navistina i jas sum razocaran od rezultatite..Kako moze eden moj skolski, koj sto ne ja znae azukata, duri i sopstvenoto ime ne znae da si go napise polozil so 4, a jas i ucenikot na generacijata polozivme so 2. Plus i koga se prosetav niz ostanatite sredni ucilista imav sto da vidam, boduvanjeto bilo napraveno spored reputacijata na ucilisteto. Na eden moj drugar cicko mu bese testator vo gimnazijata i rece deka polovinata poveketo testovite gi ostavile prazni, a vo gimnazijata vo mojot grad se zapisuvaat najprostite ucenici sto zavrsile osnovno, pominale site, osven sest maturanti, duri i na testatorot ne mu bese jasno. Isto i so bodovite mora da ima nekoja greska, vo moeto i vo gimnazijata ima ucenici sto polozile so 12 poeni, jas so 21, a ima dea soboreni so 35, 27, 23 poeni. Tie poeni gi imam duri slikano i na mobilniot.
Од: Горан
Датум: 15.07.2008 08:58:05
Насловот ти е патетичен. Како и што доликува на еден ваков весник. Веќе со сигурност можам да тврдам дека секогаш ја искривувате вистината и си играте со фактите.
Од: nikol
Датум: 15.07.2008 09:32:00
valjda profesorite go vladeat (za zal) samo makedonskiot jazik pa znaat da procenat... red e profesorite po angliski da se podobrat :-)
Од: Stradalnik
Датум: 15.07.2008 10:02:21
Vo poveke navrati na razni mesta se naveduva deka uvid vo rezultatite moze da se izvrsi preku potenciranata web strana so vnesuvanje na ime, prezime i maticen broj. Cista laga. Eve probajte, ke vidite deka vi se baraat podatoci za koi ne znaete sto da vnesete. A za rezultatite, posebno po makedonski jazik, cista katastrofa. Eve vo SOU "Goso Vikentiev" vo Kocani nema nitu edna petka, a ima mnogu ucenici koi bile odlicni vo tekot na site cetiri godini.
Од: komentator
Датум: 15.07.2008 10:07:37
0cenkite ne se faktor na znaenje ili ne znaenje, fakt e deka ucitelite pri ocenuvanje prvo gledaat sto ti se roditelite po profesija, pa sprema statusot koj go ima roditelot sleduva i ocenuvanjeto na decata. Fakt e deka decata na doktorite i advokatite dobivaat sekogash odlicni ocenki poraditi pustite stravovi kaj ucitelite....utre drugi den da ne pritreba nesto.... .decatata na direktorite i vidni gragani dobivaat i, a sto taka odlicni ocenki , a decata na rabotnicite sekogash losi ocenki...............isprakacot na ovoj text e rabotnicko dete, koe 4 godini ima uceno francuski i sekogash imal negativna ocenka, a inaku momentalno tecno zboruva angliski,ceski , i grcki.. isto taka fiskulturno obrazovanie sekogash imal losi ocenki, a inaku se ima natprevaruvano vo nekolku sportovi, na lokalno i sojuzno nivo i ima dobivano i po nekoja MEDALJA
Од: lingvist
Датум: 15.07.2008 11:04:56
Kako lingvist odgovorno tvrdam deka, ne samo maturantite, tuku i golem del od graganite nemaat osnovno poznavanje na makedonskiot jazik
Од: elena_78
Датум: 15.07.2008 15:56:47
Ova so rezultatite po makedonski jazik e nevideno. Prva rabota sto sakam da ja komentiram e toa sto koga gi biravme eksternite predmeti (majcin jazik i matematika/stranski jazik) nikoj ne ni kaza deka majciniot jazik ima pogolema vrednost od vtoriot predmet. Taka sega se soocivme so slabi rezultati po makedonski jazik, poradi toa sto na toj test se pominuva so 40%, a po matematika/stranski jazik so 30% tocni odgovori. Nema smisla bodovnata skala bas po makedonski jazik da bide tolku visoka. So toa se namaluvaat sansite maturantite da imaat 100 poeni od sredno obrazovanie. Ili mozebi ova e nekoja manipulacija, bidejki testot po makedonski bese premnogu lesen, pa se napravila promena vo bodovnata skala i izleguva vo edno uciliste da ima po 7-8 ucenici so ocenka 5. Na drzavno nivo, toa izleglo 5,2% maturanti go poznavaat dobro majciniot jazik?!?!
Од: Професорот
Датум: 15.07.2008 17:09:33
Оваа матура е непотребна гњаважа и за пфрофесорите и за учениците. И самиот концепт е сосема погрешен. Бев дел и од стручниот тим кај кој се полагаа стручни предмети, општообразвони предмети и се бранеа проектни задачи. Кај нас во училиштето имаше горе-долу реaлно оценување, што не може да се каже за некои други средни училишта, каде на матурантите им се давале максимални поени и оценки „на убави очи“ оти ќе им требало за упис. А она што после се случуваше на екстерните предмети ми дава целосно право да кажам дека ваква матура не ни треба. Ионака дел од високообразовните институции (приватни, па и државни, онаму каде нема доволно интерес) ќе примаат студенти и БЕЗ МАТУРА. Ама ерозијава на реформираното образование не знам до каде ќе оди... :( Иако самиот предавам во профил компјутерска техника, ќе кажам...какви компјутери, какви бакрачи... друго ни треба да се подобри образованието и младината. А пак тоа не е ни веронаука... :(

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четири лица казнети за непријавено движење во шума
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
„Оче наш“ и молитвите за Алах - почеток на секој час по веронаука
Прекин на линијата Атина - Скопје поради судир на возови
И со референтните цени болните ќе користат најевтини лекови
Рекреативниот центар „Моклиште“ стана мочуриште
Стимул за овчарството со 300 милиони денари
Во Гостиварско полни амбарите со жито
Дебарско Езеро врие од капачи
Формирана Комора на здравствените работници
Лекови за 27 болни од мултиплекс склероза