Дебарско Езеро врие од капачи
ДЕБАР - Брегот на Дебарско Езеро од Косоврасти, па се' до Манастирец е речиси окупиран со капачи. Дневно ги има повеќе стотици. Покрај локалните жители, спас од горештините бараат и гости од земјава, кои се дојдени кај свои роднини и пријатели, како и нашинци кои годишните одмори ги минуваат во родниот крај. Во месноста Манастирец има и кампери, кои претежно се од Скопје. Анализите на водата од Дебарско Езеро потврдуваат дека е од прва и од втора категорија, односно дека е хемиски и бактериолошки исправна за капење и рекреација. Ова го соопшти раководителот на работната единица на Заводот за здравствена заштита во Дебар Ментор Меља, епидемиолог. (Д.Р.) |