Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

„Оче наш“ и молитвите за Алах - почеток на секој час по веронаука

Дали петтодделенците ќе ги оправдаат очекувањата на верските заедници?


Учениците мора да знаат дека „меѓу луѓето кои ја пишувале Библијата имало и Македонци“

Билјана Јовановска

Со молитвата „Оче наш...“ и со песната „Богородице Дево“, од септември ќе започнува и ќе завршува секој час на петтодделенците кои ќе се определат за часови по православна христијанска веронаука. Католиците ќе ја имаат истата молитва за почеток на часот, ќе завршуваат со „Радувај се Маријо“ или некоја друга христијанска песна, зависно од литургиското време, а „Оче наш“ ќе го означува почеток на наставата и кај припадниците на евангелско-методистичката црква. Муслиманите ќе мора да го научат бесмелето (кратенка од молитвата посветена на Алах), а часот ќе го заокружат со читање други соодветни молитви - шехадетот и сурето ихлас, додека припадниците на еврејската верска заедница кои ќе се запознаваат со јудаизмот ќе пеат шефардски и ашкиназим песни. Во текот на двата часа неделно, сите тие ќе ги учат спецификите на својата религија, а некаде пред крај на учебната година е предвидено и посебно поглавје за запознавање со другите религии.

Вероучителите, без оглед на вероисповедта, во државните основни училишта ќе влегуваат без мантии, турбани и какви било верски обележја, а се очекува во доближувањето на религијата до најмалите да се придржуваат кон наставните програми зад кои стојат Министерството за образование и секоја верска заедница одделно. Дали ќе има отстапки и непридржувања кон договореното, ќе се види со тек на времето. Исто како што ќе се покаже дали со веронауката ќе се создадат вистински верници кои ќе ја практик��ваат верата онака како што се очекува од нив, или оваа новина ќе им биде само дополнителна обврска во школувањето. Посебно интересен ќе биде и одѕивот на петтодделенците, на кои како алтернатива им се нуди историја на религиите.

Како вовед во она што ќе го учат, малите православци прво ќе мора да научат правилно да се прекрстат, но и да го разберат значењето на крстењето. Ќе ја стекнуваат првичната претстава за Библијата за да разберат дека „таа е темелен извор на христијанството, дека станува збор за книга која говори за Бога и за луѓето“. Децата постапно ќе навлегуваат во Библијата, верочителот ќе им предочи дека треба да го согледаат нејзиниот поучен карактер според кој ќе ги насочуваат своите постапки. Во програмата по веронауката се наведува дека учениците мора да знаат дека „меѓу луѓето кои ја пишувале Библијата имало и Македонци (апостол Лука), а некои од нив и биле во Македонија (апостол Павле)“. Исто така, ќе учат дека „Бог е невидлив, но семоќен, мудар и е создател на невидливиот духовен свет - ангелите“, потоа да забележат дека „Бог е создател и на видливиот материјален свет, на сите луѓе, дека сите сме деца Божји и меѓусебно сме браќа и сестри“, да покажуваат „радост и благодарност кон Бога за се' што создал, за дарот на животот, да кажуваат сопствена благодарна молитва“. Учениците ќе го осознаваат значењето на Божјата заповед „не убивај“, ќе ги подучуваат да избегнуваат насилства и судир со своите врсници („со трпеливост, разговор и прошка“), ќе го откриваат значењето на зборот „почитување“ на родителите и да го прифатат семејството како основна општествена заедница. Во наставната програма за малите православци стои и дека ќе треба да им биде објаснето „која е Марија (со родителите Јоаким и Ана), да сфатат дека Исус е Син Божји, па затоа неговата мајка е наречена Богородица...“

Часовите по исламска веронаука ќе бидат насочени учениците „да сфатат дека Куранот и сунетот на Мухамед се два главни извора на исламот во кои на комплементарен начин се зборува за Алах, светот, животот и човекот. Со учењето од Куранот и сунетот на Мухамед децата се воспитуваат и образуваат да се запознаат со карактерот и високиот морал на исламот, да знаат за Алах и да го обожаваат Алах...“ Ќе мора да ги научат и петте услови на исламот - шехадетот, намазот, давањето зекат, постоењето рамазан и одењето на аџилак, ама, исто така, и да „се оспособат за одржување на хигиената на телото, алиштата и местото каде што живеат, да разберат дека чистотата претставува половина на вероисповедта“. Од вероучителите ќе учат да ја знаат вредноста на рамазанскиот пост, да разберат зошто постот е корисен и дека „постоењето на рамазан ги соединува сите муслимани во целиот свет“, да разберат дека „аџилакот е исламски светски конгрес“...

Наставата за сите пет верски заедници посочени во Уставот на РМ е замислена како интерактивна и, како што велат, „на учениците нема да им нудат енциклопедиски знаења“. Но, колку петтодоленците ќе научат за сопствената вера, најмногу ќе зависи од идните вероучители.


Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар

Од: USA University Professor
Датум: 15.07.2008 02:09:30
Ne vi treba veronauka!!! So veronauka samo mozete Makedonija da ja doblizite do Pakistan a ne do napredniot svet. Nadvor religijata od obrazovanieto. Religijata ne nosi progress ami temnina i slepilo. Religijata e za nepismeni luge1
Од: mene
Датум: 15.07.2008 08:39:19
A da pratese nekoj inspekcija vo dvorot na ucilisteto vo Dracevo, da vidi sto ima vo gradinata, pa posle da ucat deca!!
Од: svetlana marinkoska
Датум: 15.07.2008 10:10:20
bravos nemam drug komentar ,koga vejke se davaat casovi po veronauka mozaat popovite da gi poucat decata kako da dojdat do kujki i mercedesi a ne da postat i odat vo crkva ,stramota za drzavata site odat napred nie nazad
Од: Александар
Датум: 15.07.2008 10:34:08
Како ќе започне часот во училиште во кое паралелките се мешани и има ученици и од христијанска и од муслиманска религија ???
Од: Ateist
Датум: 15.07.2008 11:52:19
Religijata gi deli lugeto i siri omraza. Bas toa i treba sega na Makedonija. Napred, vo propast
Од: од никој и ништо
Датум: 15.07.2008 13:06:34
Еве, УШТЕ ЕДНА КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА. Се е предвидено со ребалансот на буџетот. Има пари. Само не знам за колку илјади ќе се намали невработеноста, бедата и сиромаштијата? Ни за колку ќе порасне брутонационалниот доход? Станрадот...
Од: Guru
Датум: 15.07.2008 14:31:39
Covek bez religija toa ti e kako riba bez velosiped. Stvarno e potrebna, za da mozi da se molime na gospod da zavrni dozd pa mozi ce se dozvoli da se dvizime slobodno niz teritorijata na Makedonija.
Од: sladj
Датум: 15.07.2008 17:12:17
a dali ke gi guskaat i pipkaat decata na tie casovi, posto mnogu ljubat deca..nekoi od niv??
Од: viki
Датум: 15.07.2008 18:36:26
pred eden vek i malku poveke Kemal Ataturg se borel za odvojuvanje na religijata od drzavata a deneska nie se vrakame vo feudalizam so sreka neka ni e

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четири лица казнети за непријавено движење во шума
Матурантите подобро знаат англиски отколку македонски
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Прекин на линијата Атина - Скопје поради судир на возови
И со референтните цени болните ќе користат најевтини лекови
Рекреативниот центар „Моклиште“ стана мочуриште
Стимул за овчарството со 300 милиони денари
Во Гостиварско полни амбарите со жито
Дебарско Езеро врие од капачи
Формирана Комора на здравствените работници
Лекови за 27 болни од мултиплекс склероза