Стимул за овчарството со 300 милиони денари
ГАЛИЧНИК - Во стратегијата за развој и програмата за субвенционирање и поддршка на овчарството, годинава се издвоени 300 милиони денари. Одговорните во Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство најавуваат дека ќе продолжат да го стимулираат овчарството. Процена е дека до 2012 година државата има реални шанси да го зголеми стадото и на повеќе од 1,5 милион овци. „На овчарството му претстои посреќна иднина“, потенцира министерот за земјоделство Ацо Спасеновски од Галичник, на четвртата манифестација Ден на одгледувачите на овци и кози што се одржа во бачилото „Смрдливи Вирови“ на планината Бистра. Тој категорично тврди дека минатата година овчарското стадо во Македонија е зголемено за 10.000 јагниња. „Забележан е извоз на јагнешко месо. Во целост се остварува развојот на овчарството“, нагласи Спасеновски. (К.К.) |