Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Во Гостиварско полни амбарите со жито

ГОСТИВАР - Годинешните приноси на пченицата и на другите житни култури во горно-полошкото поле се поголеми за 30 - 40 проценти во споредба со лани. Просечните приноси се движат меѓу 3.800 и 4.500 килограми на хектар, а рекордните достигнуваат и до 7.000 килограми.

„Задоволен сум од високите приноси и квалитетот на зрното на пченицата, јачменот, тритикалето и овесот“, вели Самоил Јаковлески, раководител на фармата „Штраус“ oд гостиварското село Зубовце, кој има 15 хектари со житни култури.

Тој додава дека жетвата ја почнале пред десетина дена, а во атарот на Зубовце очекуваат да завршат до крајот на неделава. За тоа што ќе прават со вишокот Јаковлески е категоричен, ако мелничарите не понудат цена повисока од 15 денари за килограм, тогаш житните култури ќе ги задржат како храна за ноевите и козите.

Во атарите на селата Градец, Неготино, Чегране, Форино жетвата е завршена, а на другите површини ќе финализира најдоцна до 25 јули.

„Годинава со житни култури во горно-полошкото поле беа засеани околу 3.000 хектари, што е за 20 отсто повеќе во споредба со 2007 година“, изјави Слободан Серафимовски, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството - Гостивар. Притоа, потенцира дека откупот на пченицата е минимален.

Земјоделците не се заинтересирани пченицата да ја продаваат по 13 денари за килограм и се закануваат дека родот ќе заврши во амбарите и за исхрана на добитокот, предупредуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. (К.К.)


Статијата е прочитана 166 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четири лица казнети за непријавено движење во шума
Матурантите подобро знаат англиски отколку македонски
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
„Оче наш“ и молитвите за Алах - почеток на секој час по веронаука
Прекин на линијата Атина - Скопје поради судир на возови
И со референтните цени болните ќе користат најевтини лекови
Рекреативниот центар „Моклиште“ стана мочуриште
Стимул за овчарството со 300 милиони денари
Дебарско Езеро врие од капачи
Формирана Комора на здравствените работници
Лекови за 27 болни од мултиплекс склероза