Број 2942  сабота, 21 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Решавачки мечеви пред пролетниот финиш

Речиси сите денешни средби во Прва лига решаваат или за врвот или за опстанокот

 

Миодраг Мицковиќ



Дали денешното, 22 коло на Првата лига, пред пролетниот финиш и новиот распоред во последните 11 кола што ќе бидат познат и направен според пласманот на табелата, ќе даде одговор на многуте се уште нерешени прашања околу борбата за титулата и опстанокот во лигата. И што е уште поинтересно, сите пет денешни средби, кои наместо во неделата поради изборите се поместени за денешниот термин (14 часот) одлучуваат или за врвот или за дното на табелата.

Навистина одамна не се случило во едно коло сите натпревари на некој начин да бидат решавачки. Да почнеме со ред, од можеби најинтересната средба што ќе се одигра на стадионот под Тумбе Кафе во Битола: Пелистер-Македонија. Тешко е да се каже на кого бодовите му се попотребни. Битолчаните се во незавидна положба, доколку загубат ќе имаат големи проблеми, во таа за нив неочекувана битка за опстанок во која се најдоа откако во минатата сезона дури играа и во Купот на УЕФА. Македонија ЃП пак од друга страна со евентуален пораз сериозно ќе ја искомплицира својата желба за првпат во историјата на клубот да биде шампион на Македонија. Да потсетиме, Ренова и е зад петици, има само пет бода помалку и згора на тоа во ова коло игра на свој терен со Металург. Секоја прогноза за мечот во Битола е неблагодарна.

Одиме понатаму: Милано-Работнички. По киксот во Турново, по повторни недоразбирањата околу исплатата на заостанатите плати и премии, кумановските миланези како да го губат чекорот за титулата, но не и за излез на европската сцена. За да ги сочуваат тие шанси, ќе мора да го победат Работнички. Но, дали ќе успеат во тоа. „Романтичарите“, кои по двата непланирани порази на стартот, го загубија чекорот да ја одбранат минатогодишната титула, не смеат ниту да помислат на трет едноподруго пораз бидејќи тоа би било и збогатувањето со Европа. Навистина, им останува уште Купот, но и тоа никогаш не е сигурно иако се полуфиналисти и ќе играат со второлигашот Шкендија.

Пораз за двете екипи ќе биде погубен во таа борба за што подобар пласман на табелата на крајот на првенството.

Што да се каже за средбата Напредок-Хоризонт. Напредок е последен, Хоризонт е на прв поглед безбеден, но доволен е само уште некој непланиран пораз за тимот од Турново и тој да се приклучи кон екипите на дното на табелата кое не е далеку. А, за Напредок нема дилеми, само победа ќе му овозможи да остане во трката за опстанок.

Како што веќе напишавме, Ренова е голем фаворит на натпреварот со Металург, тие три бода, доколку ги освои, уште повеќе ќе ги зголеми амбициите на тимот од тетовското село Џепчиште дури и за титулата што нема да биде нереално, за Металург и еден бод ќе вреди како „суво злато“ со оглед дека е во групата на сериозните кандидати за испаѓање од лигата.

И на крајот Вардар-Силекс. Стари познаници, екипи кои често се бореа за титулата кога играа меѓусебно, денес се далеку од тие амбиции, со напомена, Вардар со победа дури ќе добие шанси по сите оние турбуленции во клубот и недоразбирања да се појави и во Европа, барем во Интер тото купот, Силекс со три бода дефинитивно ќе го симне од дневниот ред прашањето за опстанок.

Денес заедно со Првата лига (14 часот) се игра и 19 коло на Втората лига. Се среќаваат: Миравци-Охрид, Цементарница-Вардар, Дрита-Шкендија, Кожув-Скопје, Тетекс-Маџари, Слога Југомагнат-Локомотива и Новаци-Беласица.

 


Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Има нешто гнило во ракометната репрезентација
Гудмундсон- Македонија се' уште има реални шанси
Трипл-дабл на Џејмс за победа над Портланд
Баерн игра со Барса, Ливерпул уште еднаш против Челзи
Петти мандат за Тупурковски
Федерер преку Вердаско до полуфинале против Мареј
Во Белгија без Темелков, а со Маркоски
Црвенковски одликува шестмина спортисти