Трипл-дабл на Џејмс за победа над Портланд
Портланд долго ја мачеше најдобрата екипа во лигата, но не успеаја да го направат завршниот чекор. Тоа не им го дозволи Леброн Џејмс која го запиша 24. трипл-дабл во кариерата. Постигна 26 поени, 11 скока и 10 асистенции. Се разбира, последниот напад во регуларниот дел беше негов, но неуспешен. Сепак, во додатните пет минути Џејмс не грешеше. Немилосрдно го полнеше кошот на Портланд за конечна победа на Кливленд од 97:92 (11:6 во продолжението).
Тренерот на Кливленд, Мајк Браун, дојде до јубилејната 200. победа во кариерата.
Коби Брајант мораше да ја исправа грешката од птетходниот натпревар кога Лејкерси беа поразени на свој паркет од Филаделфија. Не беше лесно, а на крајот против Голден стејт беше 114:106. За таа победа по 21 поен постигнаа Брајант и Гасол. За Лејкерси следи тежок период, затоа што првиот домашен меч го игаат дури на 3 април против Хјустон.
Седма победа во низа оствари Атланта, и тоа сите седум на домашен терен, а како последен падна Далас (95:87). Џое Џонсон во првите 15 минути од натпреварот не постигна ниту еден поен (шут 0-6), но на крајот со 24 коша, седум скока и четири асистенции го предводеше тимот до победата.
Резултати: Атланта - Далас 95:87, Кливленд - Портланд 97:92, Л.А. Лејкерс - Голден Стејт 114:106 |