Број 2942  сабота, 21 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Анализа

Има нешто гнило во ракометната репрезентација

Импровизациите по СП и чудните одлуки околу составот го направија ЕП 2010 невозможна мисија за Македонија

Роберт Димитриевски

Жално е кога една убава приказна, наместо уште поубаво продолжение, добива несакан заплет. Тамам помисливме дека сензационалниот триумф во мундијалскиот бараж над подоцнежниот олимписки вицешампион Исланд и извонредниот настап заокружен со 11. место на Светското првенство во Хрватска се вовед во толку посакуваниот континуитет од учества на големите натпреварувања, токму Исланѓаните не' вратија таму каде што бевме пред осум месеци. Десет години ракометна Македонија кукаше поради системот на квалификации со бараж што не и' одговараше, но само што се врати форматот со групи таа се соочува со елиминација по само три од предвидените осум кола!

Како ли ни успеа само еден и пол месец по подвигот во Хрватска да ги издевалвираме најсветлите мигови во историјата на македонскиот машки репрезентативен ракомет? Причини има повеќе, но преовладуваат три. Прва е „генијалната“ идеја да се организира изборно Собрание на Ракометната федерација на Македонија само четири дена пред клучниот натпревар со првиот фаворит во групата. Сите беа свесни за острата поделеност на два табора предводени од главните финансиери на Вардар про, Михајло Михајловски, и на Металург, Минчо Јорданов, која кулминира со тесно извојуваната победа на првиот во трката за претседател на РФМ во ситуација кога националниот тим е под капата на вториот. Само наивните можеа да помислат дека тоа нема да се одрази врз најдобрата селекција, во која, покрај петтемина интернационалци, сите други репрезентативци се токму од двата лути ривала на домашната сцена.

Вториот невралгичен момент се натегањата околу заушките во Вардар про и правничките надмудрувања со Металург преку комисиите и Управниот одбор на Федерацијата околу дербито на стартот од пролетниот дел, закажано за 1 март, а одложено за три седмици. Тоа за без малку три четвртини од репрезентацијата значеше принуден одмор од цели 50 дена по последниот меч против Јужна Кореја на СП, ако се апстрахира двомечот на Металург со Париз во Купот на куп-победниците! Таков луксуз не си дозволуваат ни ракометни џуџиња од типот на Бурунди или Парагвај, а камоли европска селекција со амбиции за долго дружење со елитата. А фрустрацијата во Металург по ова прво од двете надгласувања во само три дена: в среда на УО и в сабота на Собрание?

Трет и можеби најзначаен фактор за неуспехот се чудните одлуки околу составот на репрезентацијата. Селекторот Иле Темелковски тврди дека само тој, и никој друг, решава кој ќе биде повикан и кој ќе игра на одреден меч. Ако е така, тогаш токму тој ќе мора да одговори на прашањето зошто упорно го игнорира Радослав Стојановиќ, кога и од авион се гледа дека левата страна од бековската линија е најслабата точка во тимот и оти Филип Лазаров и Митко Стоилов ги немаат неговото искуство и квалитет. Што и колку може Стојановиќ се виде против Исланд во Скопје минатиот јуни, кога даде пет гола во низа без промашување во првото полувреме, во кое се билдаше чудесната разлика што на крајот не' одведе во Хрватска.

Кога веќе решил да гради авторитет врз Раде, чуму тогаш Темелковски не проба порано со Аце Јоноски, а не во последните десетина минути? Јоноски е играч со разорен удар, што го потврди со двата гола кога беше најпотребно, а пред него помладиот Лазаров и Стоилов за речиси 50 минути упатија само три удара кон противничкиот гол без да погодат!

Во овој контекст симптоматично е и откажувањето на десното крило Златко Мојсоски (27), и тоа од „лични причини“, кои можат да се протолкуваат како незадоволство што место него на СП замина Александар Јовиќ (35), иако за вториот се зборува дека не сакал да оди за да им се даде шанса на помладите. Иронично, но Јовиќ по повредата на Владимир Темелков сега е прва опција за мечот со Белгија в недела, а замена ќе му биде дебитантот Гоце Георгиевски (22).

Колку порано се расчисти со импровизациите, толку пореални ќе ни бидат шансите за коперникански пресврт во јуни, кој брзо ќе дојде. РФМ, селекторот и репрезентативците тоа им го должат на македонските љубители на ракометот за фанатичната поддршка на државниот тим. Такви навивачи нема никој, па никој нема ни право со дилетантски постапки да го (по)троши кредитот кај нив.


#
Статијата е прочитана 919 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Гудмундсон- Македонија се' уште има реални шанси
Трипл-дабл на Џејмс за победа над Портланд
Баерн игра со Барса, Ливерпул уште еднаш против Челзи
Решавачки мечеви пред пролетниот финиш
Петти мандат за Тупурковски
Федерер преку Вердаско до полуфинале против Мареј
Во Белгија без Темелков, а со Маркоски
Црвенковски одликува шестмина спортисти