Број 2942  сабота, 21 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Во Белгија без Темелков, а со Маркоски

Повредениот Владимир Темелков ќе го пропушти следниот квалификациски натпревар за Европското првенство против Белгија, кој ќе се одигра в недела од 14,10 ч. во Херстал, а во составот се враќа залечениот Велко Маркоски. Десното крило Темелков одлично го почна мечот со Исланд во средата, кога постигна два гола пред да го повреди левото колено во еден дуел во 11. минута и повеќе не се врати во игра. Маркоски, пак, кој може да игра на позициите лев и среден бек, не беше во тимот поради настинка проследена со висока температура, поради што не тренираше пет дена.

Местото на Темелков ќе го заземе јуниорскиот репрезентативец на Металург, Гоце Георгиевски. Заедно со репрезентативните колеги денеска во Белгија ќе замине и десниот бек Влатко Митков, кој беше планирано по Исланд да се врати во Германија поради обврските спрема својот клуб Хам, но поради многуте проблеми со составот беше издејствувано да ја одигра и оваа средба. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Има нешто гнило во ракометната репрезентација
Гудмундсон- Македонија се' уште има реални шанси
Трипл-дабл на Џејмс за победа над Портланд
Баерн игра со Барса, Ливерпул уште еднаш против Челзи
Решавачки мечеви пред пролетниот финиш
Петти мандат за Тупурковски
Федерер преку Вердаско до полуфинале против Мареј
Црвенковски одликува шестмина спортисти