Мумин елиминиран на СП во Милано
Најголемиот македонски адут на 15. Светско боксерско првенство во Милано, Мумин Вели, ги заврши настапите во второто коло од категоријата до 51 кг., во кое загуби од Ирецот Деклан Герагти со 11:9, по рунди 4-1, 3-7, 4-1.
Димитар Ташков (91 кг.) в недела ќе стартува против Рамзан Ахмедов од Азербејџан, а Примислав Димовски во второто коло во супертешка категорија (над 91 кг.) в понеделник ќе ги вкрсти ракавиците со Клејтон Лорент од Девствени Острови.
Покрај Мумин, на стартот до 75 кг. беше елиминиран Фатлум Жута. (Р.Д.) |