Второ место за Вардар на турнирот во Тузла
Фудбалерите на Вардар го освоија второто место на турнирот во Тузла откако во финалето загубија од хрватскиот прволигаш Цибалија на пенали 5:4. Во основните 90 минути немаше голови.
И во полуфиналето црвено-црните ремизираа во регуларното време против домаќинот Слобода со 1:1, но тогаш беа поуспешни пеналџии (5:3). Вардар во Тузла играше во состав: Маџовски, Георгиевски, Ристов, Крстевски, Карчев, Белчев, Ристовски, Пеев, Љубисављевиќ, Трипуновски и Ступиќ. Играа уште: Јаковлевски, Стојковски, Идризи, Сулејмани, Пандовски и Стојковски. (М.М.) |