Јосифоска во третото коло во Брчко
Четвртата носителка Александра Јосифоска се пласира во четврт-финалето на тенискиот фјучерс во босанскиот град Брчко, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јосифоска, која неделава е 575. на ВТА-листата, во второто коло ја совлада квалификантката Чила Аргјелан (1072.) од Унгарија со 6-3, 6-1, а во третото ќе игра со осмата носителка Ема Бургиќ (753.) од Босна и Херцеговина. Најдобрата македонска тенисерка токму со Бургиќ настапи заедно во двојки, каде што во второто коло загубија од Австријките Лиза-Марија Мозер и Лиза Зумерер со 6-1, 7-6 (10). (Р.Д.) |