Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Рана елиминација на Ју-Ес опен за ланската финалистка Јанковиќ

Србинката изненадена во второто коло од Шведова од Казахстан

Јарослава Шведова од Казахстан спаси две меч-топки пред да го освои скалпот на минатогодишната финалистка и петта носителка на Ју-Ес опен годинава, Србинката Јелена Јанковиќ, добивајќи го мечот од второто коло на последниот гренд-слем во сезоната со 6-3, 6-7 (4), 7-6 (6). Умот и срцето на Јанковиќ не беа во тенисот, бидејќи, како што таа објасни подоцна, нејзината баба починала во Србија.

„Бев многу тажна и емотивно навистина не бев на теренот. Навистина се трудев да го дадам најдоброто од себе, но ми беше многу тешко“, процеди низ заби обично брбливата Јанковиќ по мечот.

Другата сензација на денот беше елиминацијата на олимписката шампионка и четврта носителка Елена Дементиева од Русија, за што се погрижи домашната тинејџерка Мелани Удин, која славеше со 5-7, 6-4, 6-3.

„Немате поим колку сум возбудена“, не ја криеше радоста 70. на ВТА-листата, 17-годишната Удин.

Резултати од второто коло, мажи: Родик (5., САД) - Жикел (Франција) 6-1, 6-4, 6-4; Колшрајбер (23., Германија) - Деварман (Индија) 6-3, 6-4, 0-6, 6-2; Ајзнер (САД) - Илхан (Турција) 6-3, 6-4, 7-6 (1); Блејк (21., САД) - О. Рохус (Белгија) 6-4, 3-6, 7-6 (6), 6-3; Ѓоковиќ (4., Србија) - Бол (Австралија) 6-3, 6-4, 6-4; Степанек (15., Чешка) - Маер (Аргентина) 7-6 (5), 6-3, 6-4; Кјудинели (Швајцарија) - Јужни (Русија) 2-6, 7-6 (4), 6-4, 6-3; Робредо (14., Шпанија) - Гарсија-Лопез (Шпанија) 6-2, 4-6, 6-2, 6-4; Содерлинг (12., Шведска) - Гранолјерс (Шпанија) 2-0 предадено; Давиденко (8., Русија) - Херних (Чешка) 6-4, 6-1, 6-2; Квери (22., САД) - Ким (САД) 7-5, 6-7 (6), 6-4, 6-4; Вердаско (10., Шпанија) - Сера (Франција) 6-3, 6-0, 6-3; Витен (САД) - Гонзалез (Аргентина) 6-7 (3), 6-4, 7-5, 6-2; Хас (20., Германија) - Кендрик (САД) 6-4, 6-4, 7-6 (3).

Жени, второ коло: Шарапова (29., Русија) - Мекхејл (САД) 6-2, 6-1; Пеер (Израел) - Наваро (Шпанија) 6-2, 6-0; Кузнецова (6., Русија) - Севастова (Летонија) 6-4, 6-2; Родионова (Русија) - Лисицки (23., Германија) 6-3, 3-6, 7-5; Шведова (Казахстан) - Јанковиќ (5., Србија) 6-3, 6-7 (4), 7-6 (6); Ерани (Италија) - Шнидер (19., Швајцарија) 7-5, 6-2; Викмаер (Белгија) - Шуаи (Кина) 2-6, 6-1, 6-4; Квитова (Чешка) - Гарбин (Италија) 6-1, 6-3; Џи (21., Кина) - Корне (Франција) 1-6, 6-3, 6-3; Вожњачки (9., Данска) - Мартиќ (Хрватска) 6-1, 6-0; К. Бондаренко (Украина) - Пери (САД) 6-1, 6-1; Удин (САД) - Дементиева (4., Русија) 5-7, 6-4, 6-3; Чирстеа (24., Романија) - Дибоа (Канада) 6-4, 5-7, 6-4; Сафина (1., Русија) - Бароа (Германија) 6-7 (5), 6-2, 6-3; Петрова (13., Русија) - Коан (Франција) 6-4, 7-6 (3); Дулко (Аргентина) - А. Бондаренко (30., Украина) 6-4, 6-0.


#
Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2
Македонија подготвена за радост во Глазгов
Протест на навивачите на МЗТ Скопје
Мејси во Полска, Вашингтон отпадна
Физикела на седмо небо по преминот во Ферари
Мумин елиминиран на СП во Милано
Второ место за Вардар на турнирот во Тузла
Јосифоска во третото коло во Брчко