Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Мејси во Полска, Вашингтон отпадна

Кошаркарите вечерва со голем оптимизам патуваат на Европското првенство

Наум Котевски

„Мејси оди во Полска, а Вашингтон отпаѓа“, го откри решението на главната дилема селекторот Јовица Арсиќ на последното дружења на известувачите со кошаркарските репрезентативци во салонот на „Макаутостар“, пред нивното вечерашно заминување на евробаксетот во Полска.

Ваквата одлука на Арсиќ значи дека ќе бидеме посилни на крилната позиција и во рекетот на сметка на надворешната линија, каде сега поголем товар треба да падне врз Димитар Мираковски. Новиот играч на Работнички е наполно свесен за својата битна улога и не бега од таа одговорност.

„Јасно е дека неиграњето на Вашингтон отвора простор во бековската линија. Можам само да ветам дека ќе направам се да и помогнам на репрезентацијата, особено на Врбица Стефанов“, порача Мираковски.

Да потсетиме покрај него и Мејси во авионот за Полска ќе бидат и Врбица Стефанов, Гечевски, Самарџиски, Антиќ, Тасовски, Димитровски, Д.Стојановски, В.Стојановски, Мираковски, Ристе Стефанов и Дарко Соколов, кој се надева дека навреме ќе се опорави од повредата на скочниот зглоб.

Сите репрезентативци во синхронизиран глас ветуваат дека на секој натпревар на ЕП ќе играат како да им е последен, а капитенот и лидерот на тимот Врбица Стефанов уште еднаш се обиде да објасни зошто смета дека не само Израел туку и Грција, со која го отвораме шампионат в понеделник (16.30 часот), е нашата шанса.

„Последните натпревари на Грција покаажаа дека тоа не е оној тим, кој го освои ЕП 2005 година. Доста играчи им недостасуваат и може да ја искористиме таа шанса“, вели Стефанов.

Селекторот Арсиќ не сакаше да се залетува со предвидување на пласманот на ЕП, но евидентно е дека има доверба во тимот што ќе води. „Факт е дека формата постепено одеше по нагорна линија. Секогаш може подобро, но задоволен сум од она што го покажавме на последните натпревари. Ќе повторам дека ова е тим со голем потенцијал во нападот. Даваме многу кошеви, но и примаме. Ќе мора во првиот елемент да бидеме во секој момент на високото ниво, а во одбраната да се обидеме да играме поцврсто и побрзо“, вели Арсиќ.

За проектот Полска, кој сега засега се реализира онака како што посакуваше Кошаркарската федерација на Македонија, нејзиниот претседател Даниел Димевски им се заблагодари на спонзорите, без кои, како што вели, нема да имавме така силни подготовки, неопходни за настап на вака голем турнир.

Покрај на „Макаутостар“, тој им се заблагодари и на „Витаминка“, „Евроинс осигурување“, техничкиот спонзор „Горска“, „Спалдинг“, „Вардар осигурување“, како и на туристичката агенција „Нетбеј“. „Кошаркарите ги имаа сите потребни услови. Тоа сами не можеше да го направиме. Им благодариме на сите наши пријатели што ни помогнаа. Се надевам дека како што почна добро целиот проект така и ќе заврши во Полска“, изјави Димевски.



СловениЈа остана без Бен Удрих



Словенечката кошаркарска репрезентација, еден од најсериозните кандидати за некоја од медалите на претстојното ЕП во Полска, остана без важна карика. Имено, во подготвителниот меч во Бон, Словенија ја совлада Германија со 70:53, но далеку побитно е што на тој меч се повреди нивниот разигрувач Бен Удрих.

Еден од најдобрите играчи на НБА тимот од Сакраменто ги повреди лигаментите на коленото и со тоа е загубен за евробаскетот. Со ова одлуката на Јуриј Здовц да се откаже од кошаркарот на Л.А Лејкерс Вујачиќ ќе се покаже уште поплоша, бидејќи се помалку се опциите на надворешните позиции.


#
Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2
Македонија подготвена за радост во Глазгов
Протест на навивачите на МЗТ Скопје
Физикела на седмо небо по преминот во Ферари
Рана елиминација на Ју-Ес опен за ланската финалистка Јанковиќ
Мумин елиминиран на СП во Милано
Второ место за Вардар на турнирот во Тузла
Јосифоска во третото коло во Брчко