Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт
Македонија подготвена за радост во Глазгов

Попладнево во Шкотска македонските фудбалери ќе ја имаат првата од двете меч-топки за баражот за СП

Миодраг Мицковиќ


Одбројувањето пред еден од најзначајните, сигурно и најтешките натпревари што досега го имаат одиграно фудбалерите на Македонија во досегашните настапи во квалификациите, било за европско како и сега за настап на светското првенство заврши. Попладнево, на најголемиот стадион во Глазгов Хемпден парк се среќаваат со Шкотска, првиот од двата противници за крајот на овие квалификации. Од резултатот на мечот во Глазгов ќе зависи и нашата игра, нашите амбиции, нашата желба за втората средба на 9 септември во Осло против Норвешка. И што е уште поинтересно, од натпреварот со Македонија зависи и судбината на репрезентацијата на Шкотска во овие квалификации. За нив, како и за нашиот тим, победата ќе значи голем чекор кон второто место во групата и учество во баражот за СП, пораз за двете екипи можеби ќе значи и бакнеж за крајот, како што тоа го изјави за шкотските новинари Кени Милер.

Нерешениот резултат само ќе ги продолжи надежите, но многу мали за двете репрезентации да ја видат Јужна Африка и да настапат на најголемиот фудбалски самит на светот. Но да ги оставиме калкулациите, тие ќе бидат на дневен ред по натпреварот во Глазгов, да видиме што не очекува попладнево на Хемпден паркот.

Пеколна атмосфера сигурно, шкотските навивачи се познати по својот темперамент, офанзива на домаќините од првите минути и тоа го очекуваат нашите фудбалери и стручниот штаб. Ќе биде тоа жестока пресметка, што се вели гради во гради, за секоја топка, за секоја педа на теренот. Секоја грешка, може да чини скапо, секој примен гол исто така.

Добро е што нашите играчи се оптимисти, зошто и да не бидат, Шкотланѓаните не се толку силни како во изминатите години, имаат и тие доста слабости во својата игра што го покажа и убедливиот пораз во Осло од Норвешка дури со 4:0. За нас е најважно да не подлегнеме на атмосферата, да играме мирно, со студена глава што се вели.

-Сега е вистинскиот момент да покажеме колку сме силни и колку вредиме на европската сцена, беа зборовите на Ванчо Георгиевски. Да покажеме зрелост во нашата игра, на нападите на Шкотланѓаните, да одговориме со напади преку брзите Наумовски и Стојков потпомогнати од Горан Пандев од кого домаќините најмногу стравуваат. Едно можам да кажам, подготвени сме да го дадеме максимумот, да „изгинеме“ на теренот за добар резултат. Па што биде, нека биде. Нема да се посрамотиме во Глазгов.

Охрабрувачка вест за селекторот Мирсад Јонуз е дека Николче Новевски се има опоравено од повредата и сигурно ќе се најде меѓу првите единаесетмина на теренот.

-Последните три тренинзи добро ги издржав, немам болки и подготвен сум да им помогнам на моите колеги од репрезентацијата на овој, сигурно еден од најзначајните мечеви што ќе го игра оваа генерација.

-И Шкотите ќе играат под притисок, домаќини се, сите очекуваат победа од нив, тука ја гледам нашата шанса за успех, тврди Филип Деспотовски. За нас е најважно да ги издржиме тие дваесеттина почетни минути кои со офанзива кон нашиот гол ќе го диктираат шкотските фудбалери. Мораме во тие моменти да ја спуштиме топката на земја, со високи топки против робусните Шкоти, тешко ќе оди. Полека, смирено, што повеќе ќе ја задсржиме топката во своите нозе во првиот дел од првото полувреме, шансите за успех во Глазгов ќе бидат се поголеми.

Околу стотина Македонци, кои живеат на Островот се организираа, се очекува нивна помош од трибините на Хемпден паркот и на околу 40-тина кои допатуваа со нашата репрезентација. Чета мала, но одбрана.

Инаку, Мирсад Јонуз иако тоа официјално не го соопшти сигурно мечот со Шкотска ќе го започне со овој тим: Николовски, Новевски, Попов, Митревски, Седловски, Деспотовски, Георгиевски, Шумуликовски, Стојков, Пандев и Наумовски.

Средбата почнува во 16 часот, ТВ пренос на Сител.


#
Статијата е прочитана 1014 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во Глазгов е поразена од Шкотска со 2
Протест на навивачите на МЗТ Скопје
Мејси во Полска, Вашингтон отпадна
Физикела на седмо небо по преминот во Ферари
Рана елиминација на Ју-Ес опен за ланската финалистка Јанковиќ
Мумин елиминиран на СП во Милано
Второ место за Вардар на турнирот во Тузла
Јосифоска во третото коло во Брчко