Металург последен на турнирот во Пореч
Ракометарите на Металург се враќаат од Меѓународниот турнир во Пореч со три порази во своето салдо. На стартот на турнирот загубија од германскиот Гумерсбах со 25:20, доживеаја вистинска катастрофа во мечот со првакот на Хрватска Загреб дури со 32:14 што е досега најтежок пораз во историјата на овој клуб, а на последниот ден на турнирот го доживеаја и третиот пораз во средбата со првакот на Словенија Копер Симос со 26:24.
Со овој пораз тие го освоија четвртото последно место на турнирот и во текот на денешниот ден се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за новото првенство на Македонија и за средбата со победникот на Купот на Молдавија Олимпус во Купот на ЕХФ.
Тренерот Лино Червар не е задоволен од играта на своите нови играчи, навести засилувања со уште двајца - тројца ракометари бидејќи како што смета овој сегашен состав на Металург бара многу работа и подобар квалитет за да може да се носи со најдобрите европски клубови. (М.М.) |