Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Среброто од Турција ги крева акциите пред Полска

Македонската кошаркарска репрезентација загуби во финалето на Ефес купот од Хрватска со 83:90

Наум Котевски



Македонската кошаркарски репрезентативци вчера задоволни се вратија во Скопје, откако одиграа одлично на последниот подготвителен турнир пред настапот на ЕП во Полска, Ефес Пилсен купот во Турција. Загубија во финалето од нашиот противник во групата на континенталниот самит, Хрватска, со 83:90, но со играта што ја демонстрираа во четирите меча докажаа дека станува збор за генерација од која може да се очекуваат големи нешта. Лесно беа совладани во првичната група Летонија (95:74) и Велика Британија (78:67), а потоа и во полуфиналето Германија (94:75). На крајот дојде фаворизираната Хрватска, која требаше добро да се изнамачи за да не совлада.

„За разлика од минатиот Ефес куп, кога лесно ја совладавме и резултатски ја пониживме Летонија, а потоа загубивме на ЕП од истата екипа, овој пат Македонците покажаа заби“, беше дел од коментарот на „Вечерњи Лист“, кој доволно говори за играта на кошаркарите на Арсиќ.

Како црна дамка на мечот, која никако не смее да се повтори на ЕП, може да се издвои првата четвртина против Хрватска, во која како да не бевме на паркетот. По само пет минути игра „коцкестите“ имаа неверојатни плус 15 (18:3), по што Арсиќ мораше да повика тајм-аут. Неговите совети за малку похрабра игра беа слушнати, па со најголема помош од Мејси и Стефанов по 10 минути стигнавме до 26:16. Во наредните три четвртини мечот беше егал во речиси сите елементи на кошаркарската игра. На таа „стандардна“ двоцифрена предност на Хрватите од првите 10 минути успеавме да и се заканиме на почетокот на последната четвртина.

Се приближивме најпрвин на 68:62, а на пет минути пред крајот беше 78:72. Во самата завршница Македонија се понадева и на пресврт. Но, за важни 86:79 погоди Укиќ, со вистински НБА шут, од свртување од крилната позиција. До крајот Хрватите умешно ја сочуваа предноста.

На овој натпревар Арсиќ, можеби малку калкулантски, сакајќи да сокрие некоја карта во ракавот за важната партија во Полска, се реши да му даде одмор на Перо Антиќ. Оттаму, логично бевме и послаби под кошот. Не игравме доволно цврсто на нивните центри. Ничевиќ реализира 14 коша, Касун 12, а Вујчиќ 10 коша. Сепак, најдобриот хрватски кошаркар, воедно и МВП на турнирот беше Укиќ, кој реализира вкупно 21 поен. Од друга страна, нерешлива енигма за Хрватите беше Џеремаја Мејси, кој уфрли 29 коша и имаше 12 скока. Од почетокот на подготовките сите репрезентативци полека се издигнуваа и може да се каже дека сега, горе долу, се на потребното ниво. Но, Мејси некако најспоро напредуваше за на крајот да експлодира и да влезе во препознатливата форма. На четирите натпревари постигна 64 поени што му даваат за право да се надева дека Арсиќ ќе се одлучи за него, а не за вториот Американец Дариус Вашингтон. Таа нималку лесна дилема Арсиќ ќе мора да ја реши преостанативе неколку дена во Скопје, каде македонските кошаркари ќе ги направат последните корекции пред заминувањето за Познањ.



Хрватска - Македонија 90:83



(26:16, 18:17, 24:24, 22:26)

Хрватска: Укиќ 21, Кус 8, Поповиќ 5, Вујчиќ 10, Рожиќ 4, Планиниќ 9, Стојиќ, Лончар, Баниќ 2, Ничевиќ 14, Касун 12, Пркачин 5

Македонија: Стефанов 9, Мираковски 5, Соколов 5, Димитровски 3, Вашингтон 8, Блажевски, Тасовски 4, Гечевски 4, Д.Стојановски, В. Стојановски 5, Мејси 29, Самарџиски 11.

 


#
Статијата е прочитана 438 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Наумоски и Стојков во голгетерска форма
Мумин главен адут на СП во Милано
Јуве ја совлада Рома на „Олимпико“
Франција последен учесник на ЕП
Инди за Лоренсо по падот на Роси
Во Њујорк тргна нападот врз Федерер
Форс Индија во шок по подвигот во Спа
Металург последен на турнирот во Пореч
Победи на Ренова и на Слога Ј
Кој е претседател на Федерацијата?
Јосифоска четврта носителка во Брчко