Од денес фудбалската репрезентација комплетна на подготовките во Охрид пред средбите со Шкотска и Норвешка
Миодраг Мицковиќ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз од денес ќе може да здивне, сите играчи допатуваа во Охрид на неколкудневните подготовки пред решавачките, последни две средби во квалификациите за настап на Светското првенство во Јужна Африка во нивната група против Шкотска на 5 во Даблин и против Норвешка на 9 септември во Осло. Последен од репрезентативците треба да допатува Величе Шумуликоски кој имаше некои проблеми со пасошот но тоа ќе биде в ред и денес ќе се приклучи кон играчите на претпладневниот тренинг. Мирсад Јонуз се надева дека сега фудбалерите, кои конкурираат за репрезентативниот дрес се многу подобро физички подготвени отколку што беа за средбата со Шпанија кога осетно попуштија во второто полувреме.
„Ние во тој поглед на физички план не можеме за неколку дена ништо да смениме. Меѓутоа, ме радува што поголем дел од репрезентативците ги одиграле сите 90 минути за своите клубови во саботното и неделното коло, што говори дека се и физички подготвени за тешките средби со Шкотска и со Норвешка. Морам да кажам, дека без оглед на нашиот краен пласман во групата, ќе играме на резултат иако, и секој бод од средбите со Шкотска и со Норвешка ќе бидат добредојдени. Нема да биде лесно, противниците имаат поголем европски рејтинг од нас, но тоа не значи дека сме аутсајдери на овие мечеви. Ниту во Шкотска, ниту во Норвешка нема да се браниме, ќе играме за да постигнеме гол што е и наша цел“, беа зборовите на Јонуз. За време на престојот во Охрид ќе имаме можност низ ТВ-снимките да ја анализираме играта на нашите противници, особено на Шкотска, со оглед дека резултатот од овој натпревар е мошне значаен и за играта против Норвешка. Шкотите се силни, но и тие имаат свои слабости во играта“.
Селекторот Јонуз е задоволен, не само од настапите на нашите интернационалци во европските клубови, туку и од нивната голгетерска форма. Тоа особено се однесува за Илчо Наумоски и Аце Стојков кои беа голгетери во своите клубови на последните првенствени средби во Австрија и во Швајцарија. Голгетерски беше особено расположен Илчо Наумоски кој за својот клуб Матерсбург постигна два гола и беше најзаслужен за високата победа од 4:1 против Австрија (К). За својата игра и голови во австрискиот печат е оценет со висока оценка заедно со својот клупски и репрезентативен колега Гоце Седловски. Од друга страна Аце Стојков на најубав можен начин го имаше своето де��и во дресот на новиот клуб, швајцарскиот Арау кој играше нерешено со една од најдобрите екипи во оваа држава - Цирих (1:1). Тој единствениот гол за Арау го постигна токму Стојков.
Треба да одбележиме дека и останатите наши репрезентативци имаа успешни настапи за своите екипи. Васовски, кој се врати во најдобрата селекција ги одигра сите 90 минути во дресот на Ајнтрахт (Ф) против Борусија (Д) - 1:1, Игор Митревски беше столб на одбраната на Енерџи Котбус кој во гости го победи Кобленц со 2:0 додека Пачовски на голот на Генк одигра 1:1 против Жерминал. Во дресот на својот нов клуб Престон Величе Шумуликовски во гости освои бод (1:1) и тоа во мечот против својот поранешен клуб Ипвсич. Серијата на добри игри ја заврши Дарко Тасевски и неговиот Левски кој во гости ја победи Славија со 3:1.
До заминувањето во Даблин в четврток од Охрид Јонуз со репрезентативците ќе одржи уште неколку тренинзи, за денес и утре по два и во четврток пред поаѓањето еден. Според планот на ФФМ по средбата со Шкотска репрезентацијата не се враќа за Македонија туку на 6 септември ќе замине за Осло.
Alo Miodrag,Dablin e vo Irska a ne vo Skotska.Edino ako ne igrame na neutralen teren a uste da ne ni kazale.Kazete na vreme da ne odime bezvrska vo Glasgow
Од: diznaciano
Датум: 01.09.2009 03:58:19
neobrazovan novinar,dablin e glaven grad na irska,glazgov se vika glvaniot grad na skotska.
Од: Leo
Датум: 01.09.2009 08:31:27
ne e dablin vo skotska valjda. :)
Од: AK
Датум: 01.09.2009 16:15:02
diznaciano - пошто се правиш многу паметен, Единбург е главен град на Шкотска не Глазгов! Направил човекот ненамерна грешка, олабавете малку:)