По Букурешкиот самит во април, земјава перманентно се наоѓа во изборна кампања, додека се' друго е во мирување
Соња Крамарска
Светнатите чевли на министрите и на пратениците повторно се лепат на кал откако пред еден месец тргнаа во поход за лов на гласови по наредба на своите партиски раководства. На три месеци до претседателските и локалните избори, партиската машинерија е забревтана толку силно што не остава простор за сомнеж дека „избори се ближат“.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која прва почна со одењето низ селата и градовите за време на штрајкот на просветните работници, вчера ја обвини опозицијата за предвремено почнување на изборната кампања. Портпаролот Александар Бичиклиски рече дека опозициските социјалдемократи вршат „најгруб притисок во градовите каде што ја држат локалната власт“. „СДСМ предвреме ја започна кампањата за претстојните избори и се обидува вработените во општинските администрации и во јавните претпријатија да ги стави под своја команда“, обвини Бичиклиски.
Социјалдемократите веднаш возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата што врши притисоци, бидејќи сите инструменти на власта се во нивни раце. „Министрите, пратениците и други функционери на ВМРО-ДПМНЕ со службени возила и народни пари предвреме ја започнаа кампањата цели три месеци пред одржувањето на изборите“, изјавија од СДСМ преку партиско соопштение. „Сите инструменти на власта се во нивни раце, вклучувајќи го и нивното омилено средство за закани, Министерството за внатрешни работи“, обвинија опозициските социјалдемократи.
На обичниот граѓанин, пак, не му преостанува ништо друго, освен заклучокот дека земјава по Букурешкиот самит се наоѓа во постојана изборна кампања. Се' друго е ставено во мирување и е подредено на определбата на десноцентристичката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ да триумфира и на претстојните претседателски и локални избори и ��а го дотолчи политичкиот противник.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, на нашето вчерашно прашање дали и владејачката партија не е „соучесник“ во предвременото започнување на изборната кампања, рамнодушно констатира дека нивните средби со граѓаните се дел од програмата на партијата и дека тие се одвивале со иста динамика веќе пет години.
Наспроти агресивната кампања, недостасуваат имињата на кандидатите за клучните функции чие освојување ги натера партиите во предвремено агитирање. Се' уште не се знае кои ќе влезат во трката за претседател на државата и за градоначалник на главниот град на државата. Овде партиите се закопаа во бесмислени тактики или, пак, од толку „силно и бројно“ членство со кое се фалат, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ немаат соодветен кандидат за највисоката државна функција.
Опозициската СДСМ барем ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ даде скратена листа на кандидати за таа функција, а преостанатите допрва ќе ги утврдува. Либерално-демократската партија, пак, вчера соопшти дека назначиле изборен штаб и дека идниот месец ќе ги обелодени кандидатските листи и истовремено се пофали дека добиле две звучни имиња во своите редови: професорот Ѓорѓи Марјановиќ и поранешната претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мирјана Најчевска.
Партиската кампања, која започна многу порано отколку што е потребно, ќе мора да трае до завршувањето на изборите, а тоа е самиот крај на март (29). Но, ако се има предвид дека за избор на претседател на државата обично се потребни два круга гласање и дека тие се проследени со повеќедневни процедури за жалби и поплаки, тогаш е јасно на што ќе биде потрошена „политичката пролет“ во Македонија.
Оваа година имавме избори на 1 јуни, а идната година, кога ќе се наврши една година од тој датум, партиската машинерија се' уште ќе биде жешка по претседателските и локалните избори. Тоа, пак, значи дека од реформите и од преговорите за името, кои се крунски услов за напредок на земјава, нема да има ништо.
sonjche daj te molam ne mi ja citiraj onaa nepismena spodoba bicikliski. sto ke kaze on e irelevantno a zine pljuka to ne me iznenaduva zatoa sto so takov kapacitet ne bi mu dale dve ovci nacrtani da cuva
Од: VMK
Датум: 24.12.2008 00:45:58
После Бранко секој друг претседател ке биде бледа слика.Тоа не значи дека сум од неговата партија,напротив дури го немам ни гласано...оти бев лута на СДСМ...Мислам дека згрешив,сепак Бранко и покрај мобингот што му се прави на неговата личност е исклучително интелигентна личност,вреди да се почитува...уште тој кога ке замине од политичката сцена,тек тогаш Македонија повеке ке нема политичар кој би влеал некој углед...ке настане опасна анархија....а веке е и почнато...народот е блуваница,му се поврака од разни упикувачи,како новинари,така водители на тв дневници,луѓе кој се пофалбите не знаат ништо друго да кажат,па повеке нема ни партија,се се свело на фалбаџии...Им научија табиетот на некој политичари и ги“освоиа“со лажното огледалце,огледалце,и секој гледа кој повеке да си земе од тортата која се распаѓа,труле,чекаат мравките да ги дособерат трошките,а тука се богами и тие лебарките гнасни,тука е се собрано....СТРАШНО!!!!
Од: Анита -Кавадарци
Датум: 24.12.2008 01:13:53
А бе се можам да сватам само вас гордите членови на СДСМ не. Па што имате вие корист од владеењето на Вашата партија,па кога вашите политичари се на власт си гледаат само за нив и за никој друг. Прва работа што ја прават кога ќе дојдат на власт е да ги намалат платите за сите обични смртници, а своите да ги зголемат се разбира, зашто само за себе се грижат.Ај, ако си син, внук на директор па го очекуваш наследното право на директор и да те разберам некако. Али овие сиромашниве што се угледуваат на нив, мислејќи дека по извесен период ќе заличат на своите идоли никако не можам да ги сварам.
Сакам да ми појасните како можетеда подржувате човек кој 17 години не носи во беда и сиромаштија, криминал, изолација од демократскиот свет и што уште не. Зарем не го прочитавте досега.Каква е таа колективна хипноза со која ви го парализира здравиот разум? Па тој и сопствената мајка би ја продал за да дојде на власт, а не пак Вас
Од: lipovik
Датум: 24.12.2008 01:31:47
Jas kako i mnogu drugi gragjani koi realno gi sogleduvaat sostojbite vo nasata drzava, mnogu sum razocaran od aktuelnata vlada sostavena od polupismeni, arogantni fraeri.... Se sto posakuvam i koe nesto mislam deka ke bide nessto pozitivno za drzavata e da NA SLEDNITE LOKALNI IZBORI SRDzAN KERI DA BIDE IZBRAN ZA PRETSEDATEL A OPOZICIJATA DA OSVOI MAKAR MINIMALNA POBEDA NAD VLADEACKITE PARTII. Ako toa se sluci togas arogancijata na VMRO ke prestane, a osobeno ako gi napusti i DUI, opozicijata ke se osokoli i t.n. Ziveam da go vidam TOJ DEN. Narode makedonski osvesti se toa ti e posledna s'ansa!!! P:S: Ljupco od bitola raboti vo kabinetot na grujo
Од: Maja
Датум: 24.12.2008 01:44:11
Boris bese podobar pretsedatel od Branko. Sledniot pretsedatel ocekuvam isto taka da bide posposoben od Branko.
Од: miki maus
Датум: 24.12.2008 01:46:40
branko e najgolemoto zlo sto i se ima sluceno na ovaa drzava.koj bilo posle nego ce ja vrsi funkijata podobro
Од: Slavco
Датум: 24.12.2008 06:42:05
Do VMK-vo nasava zemja seuste ima politicari koi se dostojni i mnogu ceneti vo svetot.Da ne go zaboravime g-din Srdjan Kerim na kogo Crvenkovski a i site drugi politicari moze samo voda da mu nosat.G-din Kerim e najdobroto od Makedonija.Zatoa-nemojte vie da velichate edni javni licnosti a da gi zapostavuvate drugi-koi napravile mnogu povekje za Makedonija-i blagodarenie na g-din Kerim i negovata harizmaticnost i elegantnost na politicar od svetski rang-pretstavnicite hna drzavite clenki na OON imaat visoko mnenie za nas kako drzava.
Од: makedonce
Датум: 24.12.2008 07:00:04
branko zaedno so sdsm e najgolemato zlo na makedonija...uste da bea na vlast ke go smenea imeto preku nok i pak ke pominea 500 godini da go vratevme nazad ..brat ljube e spas za makedonija...
Од: ljupco,bitola
Датум: 24.12.2008 07:04:44
Tocno e deka partiite predvreme vletaa vo kampanja,samo ima edna razlika.VMRO vodi kampanja za 2012 ta godina,zosto ovie izbori veke se dobieni.Iminata na izbranite gradonacalnici ne se ni vazni,i magarina da zalepat na plakati ke pobedat.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 24.12.2008 07:41:32
Мислам дека сите во Македонија имаат амнезија. Бргу заборавија што се случуваше на последните избори. Додека овие наивните од СДСМ се трудеа да се најде консензус за најголемиот проблем - името-- ВМРОВЧИЊАТА си крстареа низ државата и го убедуваа народот, дека единствен виновник за јадната состојба во Македонија е опозицијата ,затоа им требат шеесет и повеке пратеници. И ги добија. И започнаа даљ се ,,штанцат закони по брза постапка. Сега се повтара истото, на Далтонови им е потребна и локалната Власт а нема да биде на одмет да го имат и Претседателот.Е тогаш Македонија ќе процвета. Сите ќе завршеме по затворите.
Од: zabegan
Датум: 24.12.2008 09:11:43
nesto cudno se slucuva vo ova nasa MAKEDONIA . od kako se osamostali partite se grizat samo za sebe pa neli e premnogu da se bide vo tranzicia? i do koga ce trae toa ce treba da go kazat a ne kako ce ni bidelo koga ce dojdele na vlas.vece ve znaeme lagi-samo -lagi.a obicnite smrtnici se uste vi veruvat. se prasuvam do koga.da ne bide kako vo BOSNA pred nekoj den gleam edna bosanska televizia i eden graganin rece,ic neja sakam ova drzava.dali ke se dozvoli narodot da ne sia saka sopstvenata drzava.a jas bi rekol osfestetese i treba da rabotite za narodot.vie ste slugi na narodot a ne obratno narodot da vie sluga.
Од: realist
Датум: 24.12.2008 09:27:35
Раководството на ВМРО функционира бетер од мафијашкине фамилии. Цела фамилија им е на функции. Сега уште фали Mister Tender да стане Претседател на РМ и тогаш го обравме бостанот, Македонија ќе биде во приватност на една полудена фамилија.
Од: Trajce
Датум: 24.12.2008 09:59:22
Sonja, bidi barem malku objektivna i pogledni i na drugata strana. VMRO-DPMNE permanentno vodel kampanja?! A zosto ne napisavte sto rabotat Crvenkovski i Zaev? Zarem i tie ne se vlast? Pa tie ne rabotat nisto drugo osven sto vodat partiska kampanja! Zarem tie ne "trosat sluzbeni vozila i narodni pari"?
Од: Minka
Датум: 24.12.2008 10:14:50
Branko e najdobriot politi~ar {to Makedonija nekoga{ go imala,a VMRO posle mart nema da mo`e da se oporavi...po{to }e izgubat ...
Од: mark
Датум: 24.12.2008 10:18:20
E moja Anita od Kavadarci ako si pismena presmetaj kolku godini na vlast e VMRO kolku SDSM ke dojdes do skoro isto.Ako imas malce um vo glavata analiziraj vo kakva sostojba e prezede VMRO vlasta 1998 -Makedonija bese pred Blgarija sto napravi vmro 1998-2002 vojna i najgolem kriminal vo takva sostojba e prevzede vlasta SDSM od VMRO haos.22006 vmro prezede drzava so poln budjet(rezervni devizi)zemja kandidat za EU i zemja so mnogu prijateli vo svetot sto ke prevzeme SDSM podelena ako vaka prodolzi grujo:izolirana i na zalost podelena makedonija e togas namesto da se zanimava sdsm so ekonomija povtorno ke treba da gi isprava g......na vmro e toa e sudbinata na sdsm ama isprani mozoci kako tebe tesko moze da go razberat toa jas sum nemiken da vi pomognam za toa treba malce i skolo i prirodna intelegencija odnosno za sve treba darba ako neznaes prasaja babati ke ti go kaze toa narodot rekol od sekoe drvce nebiva SUPELKA a kaj nas bogami i od kal se pravi supelki ve ima mnogu
Од: ничиј
Датум: 24.12.2008 10:30:46
е овој Бичикилиски секој ден е се посмешен или да речам по жален. ЦЦЦЦ ДПМНЕ најде да збори за притисоци, кое лицимерие
Од: Amy Lee
Датум: 24.12.2008 12:45:42
До кога бре народот ќе плука по сето она што било кој и да е на власт го превзема? До кога на никој ништо нема да му биде доволно за пофалба? Па зар не направија доволно овие што се сега на власт за да му покажат на народов наш напатен од своите сопствени комплекси дека работите се менуваат и дека неможе една држава која била газена со векови и години и после нејзиното осамостојување да застане на нозе по само 3 години владеење? Па дајте да бидеме малку самокритични и да видиме дека кој и да дојде на власт, кој и да направи некаква реформа никогаш не ни одговара ништо! Наместо да се уклучите сите во борбата против наметнувањето на туѓите мислења и да ја поткренеме малку сопствената самодоверба, вие критизирате се живо во државава! Дајте освестете се и читајте малку книги по историја-МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА!
Од: gigs
Датум: 24.12.2008 13:29:58
Sdsm so i bez Branko tone vo ambis,daj napravete si rekonstrukcija kaj vas pa ponudete nesto za drzavava a ne samo so kritiki sakate vlast da osvoite,e ne odi taka,daleku ste od osvojuvanje vlast barem uste eden mandat plus na Gruevski!