Број 2870  среда, 24 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Дијамантите се засекогаш, но не за овој Божик

Во светскиот центар за дијаманти, белгискиот град Антверпен, лицата добиваат загрижувачки израз

Јовка Димитрова
Дописничко биро на ВАЦ

АНТВЕРПЕН - Изреката „дијамантите се засекогаш, но не за секого“ не била никогаш поточна од кога и да е, бидејќи овој Божик ќе бидат подарени помалку дијаманти на саканите. Исплашени од рецесијата, луѓето ги намалуваат трошоците што произлегуваат од најгламурозните производи. „Индустријата на дијамантите е меѓу првите која го почувствува ударот“, вели главниот претставник за корпоративни работи на Светскиот центар за дијаманти Антверпен (АВДЦ), Филип Клас.

АВДЦ ги претставува професионалците со дијаманти во Антверпен, вториот град во Белгија познат како еден од најважните центри за необработени и обработени дијаманти во светот. На еден квадратен километар во три тесни улици, веднаш до централната железничка станица во градот, над 1.800 продавачи на дијаманти, членови на најмалку четири берзи за дијаманти и специјализирани банки за дијаманти, лаборатории за квалификација, тргуваат со 85 % од необработените, 50 % од исечените и 40 % од индустриските дијаманти во светот.

Компаниите со луксузни производи први ќе страдаат, а последни ќе закрепнат. Според главниот економист на „Рапорт груп“, Јарив Сегев, индустријата треба да се подготвува за „катастрофално лоша сезонска продажба“ за Божик - најголемата сезона за дијаманти поради помалата побарувачка.

Од почетокот на годината извозот на обработени дијаманти од Антверпен се зголеми за речиси една четвртина во монетарни услови (9,8 милијарди долари), но обемот на продажба во карати опадна речиси 3% и изнесува 6,8 милиони карати. Извозот на индустриски дијаманти е намален за речиси 35 отсто.

За разлика од сјајната убавина и романтичната аура на скапоцените камења, трговијата зад бетонските ѕидови на дијамантскиот кварт во Антверпен повеќе потсету��а на атмосферата на убедување од Вол Стрит. Во пејзажот доминира сивата боја. Луксузот не е индикативен, иако годишниот промет е над 23 милијарди американски долари. Осветлените прозорци на продавниците за накит се турнати во зафрлените делови од овој низ, резервиран за светата тајна на најскапата материја позната на човештвото - дијамантите.


Берзата на дијаманти во Антверпен е најважното место во светот за купување и продавање на најскапата материја позната на човештвото

Дијамантите можеби се најдобриот пријател на жените, но светот на дијамантите се' уште го водат мажите. Облечени во скромни темни костуми, тие се собираат во мали групи на уличните граници, желни за малку воздух и брзо се враќаат во нивните канцеларии кои личат на дупки опремени со сетови, високи маси и специјално осветлување каде што дијамантите се продаваат, проценуваат, осигуруваат и складираат во тајност. Се забележува загриженост. Трговијата оди лошо, а стравот од банкротство го впива воздухот.

Најголемите произведувачи на необработени дијаманти „Де берс“ и „Алроса“ веќе најавија значително намалување на обемот на производство во нивните рудници во наредните години, затворајќи илјадници работни места од Индонезија до Јужна Африка, поради опаднатата цена на необработените камења.

Од јануари до септември, извозот во Антверпен на најголемиот пазар за луксузен накит - Америка опадна за 13 отсто. Намалувањето на главниот европски пазар - италијанскиот и во Јапонија е уште полошо. „Несомнено побарувачката е најниска. Цените на големо се' уште се одржуваат, бидејќи сме во почеток на кризата и луѓето чекаат, но притисокот да се намалат постои“, признава Филип Клас од АВДЦ.

Предвидувањата за 2009 година не се утешни - 10% помала побарувачка во малопродажбата, 20% за несовршено обработените дијаманти и 35 % намалување на количеството необработени дијаманти. „Во сегашните околности, намалување од 10 % на побарувачката во малопродажба не е крај на светот“, вели Хаим Евен-Зохар од индустријата за дијаманти во Антверпен. Делумна причина за тоа е обновениот интерес за дијамантите како инвестиција. Се' повеќе и повеќе луѓе бараат совет дали да ги обезбедат нивните пари, купувајќи дијаманти, вели Клас. Моментно, Европејците држат 7% од расположивите пари во дијаманти. Нарушената доверба во банките, дефинитивно, ги охрабрува да инвестираат во скапоцени камења. Неколку инвестициски фондови и банки активно промовираат инвестиции во јаглеродните кристали, како засолниште во кризата. За разлика од валутата, акциите, златото, среброто и платината, дијамантите немаат трговски цени и поради тоа се помалку чувствителни на шоковите на пазарот.

За разлика од флуктуациските пазари на уметност, дијамантите никогаш не излегоа од мода. Покрај тоа, дијамантите имаат многу голема вредност за нивната големина, поради што е релативно лесно да се чуваат и транспортираат. Дијамант од висок квалитет во последните две-три години може да чини како 100 килограми злато. Но, експертите предупредуваат дека дијамантите се проблематична инвестиција. Иако се релативно едноставни за купување, тие не се продаваат лесно.

Кај професионалците од индустријата за дијаманти, се јавува се' поголем интерес за скапоцените камења, што потсетува на кошмарите од 80-тите години. Луѓето плаќаа огромни цени за да ги добијат, со надеж дека цената ќе се зголеми. Многу од нив отидоа предалеку и банкротираа. „Инвестирањето во дијаманти е нешто во што може да се вмешаат само луѓе со неограничени ресурси“, предупредува Клас. Понекогаш треба да се почекаат 10-15 години додека се продаде за профит.


Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Гафовите покриени со лојалноста
Судството го свитка 'рбетот под притисок
Национален срам
Зденко
Претходен број
Владиците си ги мијат рацете од криминалот со „Изгрев“
За кого ли агитираат партиите?
Браќата од Дебар осудени за тероризам во САД
И мажите ги „тресе“ климакс
Чешки скептицизам за почеток на преговорите на Македонија
Струја „од ракав“
Будимир бара 150.000 евра отштета од Лилја
Три промоции и 100 кози
Карикатура
Стимулацијата за трето дете пред Уставен суд
Вербатим