Животот во Македонија е целосно виртуелен: се сведува на политички и уметнички елити, а меѓу нив веќе нема - народ
Четврток, 18 декември. Треба да говорам за Кокино, кое станува не само наша национална туку и планетарна гордост, како и Охрид. Меaсто на промоцијата: хотел "Холидеј ин". Благодарејќи му на мојот пријател Јовица Станковски, се слушна за Кокино како четврторангирана мегалитска опсерваторија во светот (според НАСА). Значи, Стоунхенџ е брат на Кокино. Македонија имала опсерваторија 4.000 години пред нас. Врти, сучи - пак Македонија меѓу светските чуда. Иако непризнаена како држава.
На промоцијата ме вози таксист. Пријатно момче. Вели дека ќе ја напушти Македонија во рок од петнаесет дена. Се вратил пред една година од Германија, купил најубав автомобил, се пријавил во најдобра такси-компанија, ама пак ќе си оди. "Од ова држава не бидува", вели. "Прост народ, глупави политичари". Полицајци се изживувале вербално врз него затоа што со вклучени четири трепкачи застанал кај "Дрво-декор" за муштеријата да купи весници (купувањето весници траело 60 секунди). Значи, не за да купи дрога, туку информации. Не кажува колку евра била казната. Конечно, се чувствува слободен да ме праша каде одам. Му велам: одам да кажам дека Кокино е прогласена за четврта мегалитска опсерваторија на светот. И дека постоела 1.800 години пред Христа. Ме гледа со цинична насмевка. Вели: можеби Македонија некогаш била четврта во светот, но сега е последна. Ако не може полицијата да го почека 60 секунди муштеријата, од кој јас вадам само СУВ леб, тогаш Македонија не заслужува да биде толку стара.
Вечерта на вести: пак некој висок претставник на Владата бил меѓу народот. Сакаат да ги слушнат маките на обичниот човек. Убаво. Како не го прашаа мојот таксист: како со македонска плата да платиш европска казна?
Понеделник, 22 декември. Немам настава, ама имам две промоции: едната на романот "Ако даде Господ" од Братислав Ташковски (напладне) и другата на сликите на Невзат Бејтула Кица, во 21 ч. Се подготвувам за промоциите. Кај Братислав, во НУБ - убава публика. Наши драги пријатели, писатели, љубители на книжевноста. За време на промоцијата - политиката си ја работи својата задача. Најпрвин прелетува хеликоптер, потоа свират полициски сирени по улиците, потем снемува струја (и ЕВН е Македонија, како и Кокино!), а ние беседиме за книгата на нашиот македонски пораз: анонимниот крај на еден од егзекуторите на ВМРО. Секој своето: тие примаат делегации и не доаѓаат на нашите промоции, ние си беседиме и се дружиме. Политиката и уметноста - два различни света. Се среќаваат само кога политиката ќе даде некоја висока државна награда некому.
А меѓу тие два света, меѓу тие две елити - сив народ, кој се' повеќе тоне во незнаење и сиромаштија. Им воведуваат на децата компјутери по училиштата, а половина од училиштата немаат санитарни јазли со чист чучавец и вода за миење раце. За тоалетна хартија не станува збор. Ова важи за градските училишта; во селско, признавам, не сум ни влегол. Хигиената никогаш не била на пониско ниво. Родителските одбори донираат средства за да се опремат училниците. Купуваат боја за да се бојадиса училницата. Столчињата се стари од времето кога Гоце, Даме и Питу готвеле востание. Но, има компјутери. Тоа се вели: нема гаќи, гол оди, а носи ракавици "долче и габана". Какво информатичко општество во време на контејнерска економија? Очигледно, овие на власт немаат смисла за стварноста. Владата се претвори во најголема рекламна агенција во земјава: ни тврди дека знаењето е сила, знаењето е моќ. Има само една печатна грешка во слоганот: "моќ" треба да се замени со "ноќ". Долга, тешка ноќ на рекламна самоизмама: виртуелен живот наместо крв и месо. И уште: "Ослободи го срцето", ни велат. Кое бре срце? Стомакот свири!
По промоцијата - повторно такси. Таксистот што ме вози изгледа како половина мозок да му е ампутиран од сиромаштија. Ја зачадил колата како да е за чадење скуши. Албанец е, тоа веднаш ми го кажува. Зборува македонски одлично. Вози "лада" постара од Кокино. Не е побрза од 40 км на час. На три места влегува во сообраќајни ленти без трепкач. Го опоменувам дека може да загинеме. Вели: "Немам трепкачи, а и ние сите во Македонија сме веќе мртви". Човекот има проблем со нервите: му се гледа тоа и по погледот и по рацете што му треперат. Кој му дал возачка, кој му дал лиценца за такси кога се гледа дека не е О.К.? Ми вели: "Да можам да најдам човек што ќе ми зајми пари, ќе си купам 100 кози, ќе си појдам во моето родно Бојане и ќе си уживам. По 120 денари литар млеко ќе продавам. По болнициве бараат. Цар ќе бидам. А не вака: со оваа крнтија им пречам на другите, и право да ти кажам, не знам дали и ти си арен (тој македонски збор го употреби!) штом со мене се качи, во ваква кола". За чудо: има таксиметар. И мислам дека покажува помалку одошто треба! Платив многу малку!
Вечерта одам на раскошот од естетика што ми го приредува мојот колега Невзат Бејтула-Кица во КИЦ. Јас и Салајдин Салиху, мој стар пријател, зборуваме за највисоките можни естетски резултати на Кица. А мене ми текнува на таксистот-Албанец со желба за 100 кози и на оној таксист - Македонец што дошол од Германија и ќе си оди, поради казна за неговиот муштерија што сакал да купи весник! Ми текнува и на сиот оној народ што секој ден го отпуштаат од топилници, метални индустрии, од приватни капацитети. За кого пишуваме книги, за кого сликаме слики?
Каква смисла има воопшто уметноста во вакво време? Каква смисла има и политиката со нејзините реклами, виртуелни статистики за успех, виртуелни светови? Каде се изгуби реалниот, стварниот живот? Животот сигурно не е она што се случува во политиката. Животот не е ни во нашите уметнички салони за "елитата". Едвај десет отсто од населението чита и следи изложби: да не се лажеме! Каде е оној живот кога и дете на таксист, дете на работник доаѓаше на промоции, концерти, изложби во некогашниот Дом на младите "25 Мај"? Каде е оној реален, опиплив живот, онаа сила што се вика народ, оној плускавец на работникот и неговата плата од која можеше да се плати струја, вода, храна? Каде е народот?
Да така е професоре во право сте.Никаде не споменавте дека над народот се врши психолошка војна,за жал.Или се дрогира народов,или целиот народ од Македонија појде во Скопје,па колку толку се снајдува,па е благодарен на политичариве и ќути,само ќути..не не можам да разберам ЗОШТО МОЛЧИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?...Од лошо полошо е секој ден,ама народот си трае,а да не спрема нешто.Најлошо кога народот ќути,сигурно само една искра и ке се запали.Опасна состојба е на повидок........Достигнавме дното во Македонија,па колку и да е прикажано виртуелно и розово,но е многу лошо за жал.Позз.
Од: Itar Pejo
Датум: 24.12.2008 00:48:08
Dali nekoj ja ima adresata na sitot na NASA kade sto Kokino e cetvrtorangirano? Blagodaram odnapred. Prasuvam zatoa sto na Google ima bezbroj tekstovi kade sto NASA se spomenuva (nieden so link), a nieden od NASA.
Од: goce
Датум: 24.12.2008 01:59:53
http://sunearthday.nasa.gov/2005/locations/trace.htm
Eve go sajtot so anticki opservatorii..ama nasata ja nema nekako...
Од: Mariovec
Датум: 24.12.2008 02:57:25
Ubavo kazano ama i jas se prasuvam za kogo se ovie tekstovi.Tocno e narodot poveke i ne cita koj od nemanje pari da kupi vesnik ili kniga koj od toa sto ne go krepat nervite.Samo na nasata vlada i e se potaman i muva ne ja lazi.No tocno kaza prethodno eden citatel mnogu e loso koga narodot pocnuva da cuti.Neka se prasa Grujo dali narodot cuti od rajot koj im go obezbedi vladava ili cuti i mu se sprema.I poraka do Itar Pejo ne ti drzi komentarot.Ovoj tekst zasluzuva vnimanie a ne cinicki baras link od NASA.Zar dotuka si stignal da baras informacii direktno od NASA ti ne si Grujo-Ova poslednovo e vo tvoj stil.
Од: B
Датум: 24.12.2008 03:42:15
Како што кажува Г. Стефановски= Овој окаменет свет на присила и самоприсила обичниот човек се обидува да го отфрли на 3 начини: преку уметноста (која секогаш вреди и има смисла да постои во вакво време и во било какво за оној не што треба,а не може, но за оној кој сака да ја прими), преку револуцијата ( за која ете демек не сме спремни, зашто полесно е да го оставиш проблемот него да го решиш) и преку лудилото (кое е неизбежно од која страна и да гледате телевизија). Што и да сме избрале, сите стискаме "ОN" и се машинираме, ја убиваме фантазијата, ги убиваме чувствата...него наместо карта и виза зашто па да не побараме некоја нива?....ако не на луѓето, бар на природата да и' се предадеме..
Од: bratko
Датум: 24.12.2008 05:18:24
Ne se sakaldisuvajte nashiot premier ima rezervna opcija vo sluchaj da eskalirame vo nekoja poseriozna kriza ke pobara sigurna 100% pomosh od nashite braka HUNZI.
Од: od mene
Датум: 24.12.2008 08:13:09
Доколку сакате да прочитате едно вистинско страдање на еден уметник, ве молам да ја причитате колумната "Страдање" која е еден вид исповед на еден наш млад режисер.
http://ohridnews.com.mk/index.php?mod=15&kat=16&id=8726
Од: Prof.Grama
Датум: 24.12.2008 08:16:44
kolega pomlad,dali se sekavas na vremet o91,92.93,94,95,96,97,98.Nemavme nisto se se odnese od federacijata,i od jna.Vo tova vreme nemavme ni drzava,nitu imavme rafinerija,elek.energ.gorivo,za investicii ke prasavme sto se tova.Ni trebase nekoj sto ke ni go pokaze svetot,i koj ke mu kazese na svetot deka makedonskiot narod zasluzuva drzava.Po mene a istorijatot brgu ke dokaze deka lugeto koj ne vodele vo tova vreme ne zgresile do sega blagodarnost do tie sto sega gi narekuvat nekoj predavnici.embargo od grcija,embargo za Srbija i sega aj da te vidam idi vodi drzava,nikade ne figurirase vo ON.kazuvat za sverc na gorivo pa ako ne bese tova kako ke se zivese,dali ke imava penzii,plata tesko.I sega sme isto samo vo posufistirana formacija ama e polesno,no tesko e,da se donese investitor,no fabriki imamame kakvi takvi sto imat izvoz i polnat budet o.Zaklucok kratok.Gligorov,Crvenkovski od nisto napravija nesto ARM nemase nisto a sega e ramnopravna zemja so standardi.Ima uste da se napis
Од: To.St.
Датум: 24.12.2008 08:23:13
Profesore kazete deka taa zemja Makedonija kade sto narodot mozese so edna plata da plati struja, voda i hrana pa i da zastedi i da odi na leten odmor bese vo sostavot na JUGOSLAVIJA koja uste mnogu dolgi godini ke ja barame. Edinstveno samo revolucija Makedonija ke ja spasi od ovie nitkovi koi permanentno ja osiromasuvaa ovie 18 godini. Zatoa vasiot taksist ke si se vrati vo Germanija zatoa sto tamu gi cenat vredniostite na covekot i negoviot trud.
Од: Лошо е, луѓе
Датум: 24.12.2008 08:28:19
Се надеавам дека овие фашизоидните од ДПМНЕ ќе отворат и концентрациони логори за неистомислечките и слободоумните кои го отвориле и умот и срцето, ама нема кој да ги слушне. Па можеби таквата неподнослива ситуација ќе го натера народот да се дигне и наместо да трча по партиските штабови, да го дефтоса т.н. премиер и т.н. влада од кои толку ни е „убаво“.
Од: openmind
Датум: 24.12.2008 08:45:11
Vecer, ke izleguvam so drustvo,
vikam taxi, stiga bel mercedes najnov tip, cisto , mirisa na prolet
batka mu vikam abe kaj ti se isplati so vakva kola da vozis , mi raskaza kako dosol od germanija i najposle ja gleda Makedonija, slobodna ne se plasi poveke da zboruva da kuti i da se plasi kako vo komunizmot,
Setam niz trgovski , gledam prodavnicie polni , se kupuva se trosi, Recesija, kriza, ne mi se veruva,
Kafici prepolno, se pie jade , i toa masovno celo selo
.
OVA E VISTINATA , iako i proferorot ne laze , ama
jas negovata vistina ili nivnata kako sto toj miluva da kaze ne ja vidov, sekoj ima pravo da gleda toa sto go saka, ama koja e vistinata,
da bese taka kako sto Vie kazuvate pa narodot ke izlezese do sega , ili e glup narodot , Poznata Komunisticka frazeoloska idioma!
pozdrav i stavi si kapki vo ocite profesore.
Од: ljupco,bitola
Датум: 24.12.2008 09:04:06
Vo programata"Prerodba vo 100 cekori"ne e predvidena izgradba na koncentracioni logori,no ima plan za izgradba na sanatorium za prifakanje na site komunjarcina so istanceni zivci.Ostvaruvame!!!
Од: Елена Т.
Датум: 24.12.2008 09:40:06
Професоре во идната колумна ве молам споменете ги кражбите на МПЦ и Господин Господин Стефан кога ке говорите за нашата сиромаштија.
Од: ilija
Датум: 24.12.2008 09:53:42
Narodot Makedonski e uchmaen,bez volja,ideja...Bashka odozgore edna idiotska vlast go plashi,laze,i go prakja vo eden virtuelen svet kade koskite od eno magare stanuvaat koski na Filip Vtori,a masturbaciite na eden arheolog prirachnik za idninata...
Pa citajte po nekoi forumi so 10000 clenovi se povikuva grchkata mladina da si ja dozapali drzavata...a istite tie buntovnici(anarhisti),pred okolu 7-8 meseci bea vo Skopje i ni porachaa deka nie sme za niv Makedonci,brakja,i deka niven edinstven protivnik e vladata koja za svoi celi zakrvuva lugje...A inache vo Makedonija pred osamostojuvanje mladinata poslobodno razmisluvashe,pa ako sakate beshe i poumna...toa se vreminjata na mkc(25Maj)...na zeleni vietnamki,radnichki cokuli,koncerti,tribini...A sega...nekoi agencii,nekoi likovi koi me potsetuvaat na Gebelsovata mladina,milion nevidlivi proekti...
ZIVOTOT E ZAKON!!!
Од: jovan
Датум: 24.12.2008 09:55:59
Preku granica ,od drugata strana na Kokino ,vo Srbija ima isti vakvi "opservatorii" i toa mnogu poubavi, a ima i vo Kratovsko. Toa ne se opservatorii, toa se prirodni karpi koj dobile cudni oblici od dozd i drugi vremenski vlijanija. nekoj so toa Kokino saka da drpni dobra para ,pa ni prodavaat prikaski
Од: zabegan
Датум: 24.12.2008 10:03:23
sekoja cest profesore.a sto prasuvas kaj e narodot?????pa zarem ne tie jasno od sekogas vo ova mesto(drzava) NEMALO narod kukavica do kukavica,eve ti primer koga ovde narodot se dignal protiv nacisticka germania posleden,mislam od site poranesni republiki na nekogasnata drzava.a za kodosejne i hrabrost skrieni pod jorgan planina za toa ni nema ravni.
Од: Katarina
Датум: 24.12.2008 11:23:42
http://sunearthday.gsfc.nasa.gov/2005/images/ao_poster.pdf
Na strana br. 3
Од: Goso
Датум: 24.12.2008 11:24:03
Mnogu depresiven tekst od profesorot, kako da mu umrele 100 kozi. Ne mozev da go docitam, ocite mi se ispolnija so solzi. Osobeno mi bese zal za taksistot vrz koj verbalno se izivuvale policajcite. Potpolno go razbiram niz sto se minal. Tolku se potresov sto poveke nema da zemam volan vo racete. Ne sum znael deka vo Makedonija bilo tolku crno. Mu blagodaram na profesorot sto me osvesti. Sega ne mi preostanuva nisto drugo tuku da se simnam vo podrumot i da si se opijam. Imam ubavo vince i go kanam profesorot da mi dojde vo Kavadarci pa da vidi deka ne bilo se taka crno, tuku ima i belo, a bogami ima i z'ta!.
Од: commanddevil
Датум: 24.12.2008 11:26:34
interesno gospodine venko..upotrebivte kup redovi vo tekstov samo da mozete da ja ocrnite vlasta po bilo koja cena..vo red...ne e se najdobro ! no vo vremeto na tvoeto sedese bese uste poloso.imam prasanje do tebe golem profesoru..za tebe e grev sto policaecot napisal kazna sto toj se parkiral ,,so najubava kola i dojden od germanija,,? e da te prasam i teb i nego--ke se parkira li taka vo germanija? i dali ti kako kolumnist ke si dozvolis tamo da kritikuvas zakonska postapka na policaecot? sramota e da se crni sekoj koj cesno postapil po uniformata. mozebi tebe profesore ti odovaral haosot vo drzavava i bezzakonieto ?mozebi podobro plivas vo matni vodi? ama jas kako gragjanin sakam da ima red za sekogo. bez obzir dali ke go sprovede dpmne sdsm ili bilo koj. redot e pocetok na sozrevanje na drzavata .bez red i zakoni sme obicno africko pleme ...zarem toa go podrzuvas -drag profesore venko?
Од: Volnerni vreminja
Датум: 24.12.2008 15:32:48
G-dine Profesoro1 Toa vreme bese vo sedumdesetite i osumdesetite godini na minatiot vek. Setete se kako se vikase taa drzava. Ups.. ama toa bilo" komunjarsko vreme" . Vidi majkata .! A kakvo e ova vreme? Vreme na izmami ,lagi ,temnina i siromastija ,i vreme na spomenici ,arheoloska " paskalizacija "na Makedonija, vreme na " politicka EPPizacija "na Makedonija. Vreme koga marginalcite i nekaradnicite, nabildani so patriotizam i lazna istorija i prazni glavi go vodat oroto.
Од: Citatel
Датум: 24.12.2008 20:32:37
Znaete sto? Kako sto se si ima pocetok se si ima i kraj. Nie ne sme imperija i kako sto znaeme OD SPOMENI NIKOJ NE ZIVEE!!! NELI?????????????????? Koj ke se krene na revolucija? Nikoj sepak ne saka teteravenje napred nazad-drzavata e podobro da ja nema-se sto treba da se kaze e samo edna recenica, toa e vistinata pa kakva i da e reakcijata -EDNOSTAVNO NIE NE FUNKCIONIRAME - KOJ MOLCI? STO DA NAPRAVIME - KAZETE KE NAPRAVIME...