Понеделникот, 22 декември, ќе биде забележан како еден од најтажните денови во поновата македонска историја. Оние грст академици и писатели собрани во македонскиот храм на знаењето и уметноста не можеа да си поверуваат на себеси како се гази, се потценува, се маргинализира до потсмејување еден од титаните на македонскиот народ – Кочо Рацин.
Треба да се прочепка по душата на академиците Гане Тодоровски и Георги Старделов за да се открие нивната драма кога говореа пред речиси празната сала за стоте години од раѓањето на човекот кој го внесе овој народ во современиот пантеон на литературата рамноправно со сите други народи. Нивниот чемер крваво ќе ја отслика драмата што се случува во македонското општество во која потценувањето на големите умови родени на оваа грутка земја полека станува морален кодекс – колку повеќе ги маргинализираш луѓето на коишто не можеш да им стигнеш ни до петиците, толку ја негуваш твојата лажна големина.
Како ќе им одговорат наставниците и професорите на учениците ако денес бидат прашани зошто политичарите и умните луѓе не дошле да се поклонат пред моќниот Кочо Рацин, а од нив се бара да учат за „Татунчо“, за „Тутоноберачите“, за „Ленка“, за тешките „Денови“. Дали дека овие потценувачи на туѓата големина имале некоја поважна работа тој ден или можеби имаат желба да ги избришат стиховите кои им се врежани како чип во нивната глава. Или, пак, дека титанот, кој бил комунистички задоен и се борел за правата на работниците, е недостоен за сегашниов капиталистички миг.
Што и да е, трагично е. Политичарите ја преораа земјава и ги запенија устите повторувајќи дека нашиот национален идентитет ќе го бранат до последниот здив од некои елински натрапници, а овде се трудат да го урнат колку што е можно побрзо и посурово. Темелите на нашиот идентитет буквално со крв ги поставиле браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Џи��от, Чуповски, а потоа генијалците како што се Блаже Конески и Славко Јаневски, па кому треба да му се обратиме да ја слушнеме пораката. На министрите и на премиерите што се сменуваат во овие 17 години? На лажните пророци кои секогаш нудат благосостојба, а имаат голема почит само спрема себеси?
Умниот Австриец Штефан Цвајг велеше дека „само заблудата дава среќа, никако знаењето“. Па така, во таа заблуда, ќе треба да веруваме дека новиот „Залив на коските“ кај Градиште на Охридско Езеро бил центарот на цивилизацијата во Европа, дека кога таму некои луѓе од бакарното време од наколните живеалишта ловеле риби, другиот свет бил уште во бебешки повој. Дека Шамполион бил во ужасна грешка кога го толкувал Каменот од Розета и не го признал првокласното значење на текстот, наводно напишан на старомакедонско писмо. Дека овој простор бил лулката на светот, но, ете, тоа никој не го признава.
Премиерот отиде во „Заливот на коските“ да види како можеби изгледал охридскиот брег во бакарното време, отиде меѓу спортистите на бината кога се бираа најуспешните од нив и го испроба гардот со Вели Мумин за да биде поголема ѕвезда од нив; отиде во скопска Автокоманда да види каде ќе стои споменикот на Филип Втори; беше на концертот посветен на Тоше да изрецитира некој збор, седеше со цела министерска свита на мечевите на македонските ракометарки. Претседателот на државата уште ги средуваше своите впечатоци од обраќањето што го одржа во Собранието. Министерката за култура се повозе со специјалниот воз посветен на Рацин до Велес и кажа два-три збора колку да не биде без ич. Никого од нив немаше во понеделникот во храмот на знаењето и уметноста кога сите требаше да му се поклонат на великанот Рацин. Само Киро Глигоров, како своевиден политички отпадник од новото време, слушаше инспиративни зборови за титанот на нашиот идентитет.
Што да се прави, тоа е оваа Македонија. Избори идат, гласот на напатениот селанец од Дабиле е поважен од значењето на еден од основачите на нацијата. Тој не може да донесе глас повеќе. А и неудобно е да се седи меѓу белокосите мудреци. Тие, сепак, знаат повеќе.
verovatno nie nikako da gi razbereme patriotchinjata i nivniot patriotizam. patriotski go nosese bedzot fyrom na rever niz newyork po volstrit - ne mu paral oci; patriotski dzemaili zima pari od sobranie a branitelite se na ulica, za spomenici ima pari za niv nema, verovatno ne go svakame patriotizmot so koj se cica od narodot i poslednata kapka preku idiotski inicijativi kako patriotski smetki odzemajki mu ja slobodata na govorot da nema moznost bar da opcue od muka
Од: od lj.g
Датум: 24.12.2008 00:21:16
sekoja cest za komentarot.So ova se e kazano za site nasi patrioti.
p.s. go ispusti golemiot Venko Markovski
Од: Itar Pejo
Датум: 24.12.2008 00:31:22
Sto batra vladata na ovaa svecenost. Racin ne bil bugarofil.
Од: commanddevil
Датум: 24.12.2008 01:29:53
do site komentatori...dali nekoj od vas pojde da go cestvuva ? zaedno so vladata del od nacijata ste i vie..ili kako kaza eden ovde -racin ne bil bugarofil...a dali toj sto go napisa ova -BESE NA PROSLAVATA -megju onie sto? ili mozebi avtorot na tekstov bil? sekoe nesto se nosi vo dusa a ne na koktelcinja kade ke lokaat i ke se ligavat nekoi akademici koi i samite ne znaat sto zborat i citaat od vekje pripremeni tekstovi.i na kraj...koj od vas bese na proslavata da se pokloni pred ovie likovi? nikoj? zatoa ne mudruvajte tuku storete nekoe delo ..onaka kolku za primer.toa vazi i za avtorot na statijava.ne samo plukanje po se sto ti dojde pod raka
Од: Zabegan2
Датум: 24.12.2008 01:35:30
Blagodaram, pak se iznasmeav. Kolumnata e od sekojdnevieto, ama za kogo? Koj videl air od citanje, uste povece poezija? Toa e zamorno i naporno za mozokot. Uste povece secavanja za avtor i tolkuvanje na napisani redovi. Pa site znaeme deka golem broj ucenici vo M ne sakaat lekcii po majcin jazik vo skolo. Citanje literatura e nocna mora za golem broj ucenici - "idni politicari". Citame tekstovi - komentari na kolumni so ulicen dialekt. Se prashuvam koj poet mozel da zivee od svoite dela? I koj zivee dobro od svojata glava? "Nekoj" koj ne se oseca dobro vo ucilisnata klupa. Polesno e da se shutira topka otkolku citanje "Denovi".
Од: Apostol
Датум: 24.12.2008 02:22:20
Cestitki do avtorot na ovoj tekst so silen i voedno predupreduvacki naslov.
Од: Aleksandar
Датум: 24.12.2008 04:40:35
Sto da se ocekuva vo ovoj napliv na primitivizam. I tie sto go ubija Racin i ovie sto ne go priznavaat se istiot vekoven problem na ovaa zemja.
Од: of
Датум: 24.12.2008 05:00:36
Komentarot e sosema ispraven, duri e na VLAST GILIPTEROT N.GRUEVSKI i negovite pajtashi Mkedonshtinata ke tlee a bugarshtinata ke se razgoruva, no Makedonska nacija e neunishtiva predavnicite ke se stopat kako kocka mraz, MK pozdrav.
Од: pameten
Датум: 24.12.2008 07:18:30
Миладиновци, Кочо Рацин, Џинот, Чуповски, а потоа генијалците како што се Блаже Конески и Славко Јаневски,
Zhozhto meshate babi i zhabi? Miladinovci i Dzhinot bile vistinski Bugarski prerodbenici, Konseki i Janevski - Jugoslovenski sluzhbenici. Chupovski i Racin, kako i Pulevski, Misirkov i Venko Markovski, bile tragichni karakteri, pod uzhasen pritisok megju geopolitichkite realnosti i nadezhta neshto rodno da se zachuva~
Од: asterix
Датум: 24.12.2008 09:04:14
Кога ги спомнавте елинистичките натрапници, сакам само да се надоврзам и да кажам дека секоја империја се срушила од внатре а не од надвор. Па така и ако некогаш Македонецот, не дај боже, се загуби во историјата, причина ке бидат наводните патриоти кои во патриотизмот гледааат само маркетинг, а не суштинско паѕтриотско однесување.
Од: zabegan
Датум: 24.12.2008 09:23:01
sramota-i samo sramota G.GRUJO se topori pred kameri deli pokloni od konfiskuvani raboti otide da prodava magla na koncertot za TOSE kade narodot mu kaza.a za KOCO RACIN i BLAZE KONESKI gi nema nigde zar ova se patrioti. go vidov tamo po povod 100 godisinata G.GLIGOROV na tie godini covekot otisol ete toj nese bori za rejting samo pocit e toa.sto da kaze covek ZALNO i SRAMOTNO.
Од: Ико
Датум: 24.12.2008 11:07:01
Никој не бил во "македонскиот храм на знаењето и уметноста" !!!??? Проблемот е во тоа што за МАНУ и нашите академици слушаме само кога треба да се обележи некој датум или настан. Што друго сработила МАНУ за Македонија? Дали можеби се изготвила некоја национална стратегија? Не сум слушнал за такво нешто. Ете тоа е според мене "националниот срам" или "најтажното нешто во поновата македонска историја"!!!
Од: za komandevil
Датум: 24.12.2008 11:08:57
Gnidata veli:dali vie sto pisuvate protiv vlasta otidovte vo MANU!Kakvo iskrivuvanje na tezi!Reagira cipot vmetnat vo vmroovcinjata koga ke se spomne nivniot firer.
Gospodine,ako si toa,a ne obicen durak,novinarite pisuvaat i ke pisuvaat i nie po nasa volja go kupuvame ili ne nivniot proizvod.No,Vladata i Premierot gi plakame od nasi pari,od aracite so koi ne pustosat i nas i Makedonija i zatoa,ima da odat i da im odavaat pocit na nasite velikani.Za toa ,megu drugoto, se plateni i toa so ne mali pari i ima da odat i da peat.Inaku,neka si odat.Neka se vratat vo dupkite i kalistata od kade sto dojdoa i ja upropastija Makedonija!
Од: Citatelka
Датум: 24.12.2008 11:10:53
Prvo,Premierot odi tamu od kade ka si dojde doma so odlikuvanje.Toa treba da go primi za ne znam sto-samo poslednive meseci gradite mu se pokrija so nebroeni znakcinja za negova zasluga.A sto bi doil od Racin?Ajde,sto?
Iako zaboravil deka tie isti akademici,koi ostanaa iznenadeni od negovoto neprisustvo na nivnata akademija,go primija pod nivniot pokriv za tuka toj da go promovira svojot magisterski trud! Koi poltroni?Pa MANU ne e korzo na koe site mozat da se najdat.I Sto stana so hramot na naukata?
Ruso rekol-ne e vinoven onoj sto se ogradil,tuku onoj sto mu priznal deka toa sto go zagradil za sebe-e negovo.
Na Premierot mu se moze se sto ke posaka-i da sudi i da brani,i da zema i da dava,dodeka toa mu se odobruva-
A tie sto go dozvolija toj upad vo prostorot odreden za nauka i umetnost,treba barem ednas da se prasaat dali trebalo,dali treba takvi nesta da dopustat.
Од: Karolina
Датум: 24.12.2008 11:26:33
Odlicen komentar i za zal mnogu tocen. Samo sitni dusi (ne mislam samo na vladata) ne cuvstvuvaat i ne neguvaat vo sebe respekt i ljubov za dlabocinata na umot i dusata na luge kako Racin.
Од: Trocki
Датум: 24.12.2008 11:41:58
Браво за текстот, точно е така. Топорчење пред камери на спортски настани некако ме потсетува на Хитлер и негоото присуство на Оличпијадата во Минхен. За жал, не се случува само кај нас, ми се гади кога ќе видам премиери и претседатели како си прават рејтинг од спортски настани. А додека ние Македонците не сфатиме дека ниедна нишка во историјата не се негира и дека работите не се црно бели, неча да не биде и ќе останеме маса глуп народ, задоен со национализам. Ама Грујо тоа го сака, глуп народ полесно се контролира.
Од: eleni
Датум: 24.12.2008 12:41:17
Pred 3000 god prost narod so stotici iljadi, umiral gradejki piramidi i sigurno se cudel sto mu treba ova na faraonot.
Denes reki od od narodi tecat kon piramidite da se cudat i platat dobro, prasuvajki se kako se napraveni i zosto.
Од: petar
Датум: 24.12.2008 13:50:58
Zar ovde ke zavrsat komentarite? ke gi ima uste mnogu.Posle tolku kritiki i tie sto go podgotvuvaat protokolot ne znaat sto treba da e prioritet. Lugeto ne dosle da ne se rasplacat od site tie silni zborovi sto se iskazuvaat na takvi cestvuvanja.Pa otkako ke gi slusnat ke treba nesto i da promenat oti tuka se tutunarite pa majkite pa macniot ni narod, kako da dojdat koga samiot RACIN znael uste togas koj ke ne vodi zarem nee sramota da se pokazat pred nego.Kako pokazatel da ni sluzi deka vo vremeto na gladijatorite prv na odnapred obezbedeno mesto sedel toj sto gi organiziral tie "igri"zar nee taka i sega samo se vikame GLADNITE koj za leb koj za slovo.
Од: zelezara
Датум: 24.12.2008 14:18:05
Neznam sto se cudite?Pa vmro-ovcive ne go priznavaat NOB i sigurno Koco Racin nemal bugarski koreni pa onda sto baraat na stogodisnica od negovoto raganje
Од: Читател
Датум: 24.12.2008 14:31:23
Браво за Утрински Браво за текстот. Што го пуштате топј Камндевил некој си партиски војник кој како скрибоман реагира на сите текстови. Тој недостоен анонимец кажува некои си акдемици. Неговиот премиер вика некои си експерти, некои си ОМО Илинден итн. Додека не стигнеме до некоја си поделба на државата. А тоа може да се случи само ако ги уништиме оснивачките вредности. Рацин, Конески, Асном и така со ред до капитулација, па во прегратките на братска Бугарија.
Од: ramadan
Датум: 24.12.2008 14:44:54
Gi citam komentarive i sakam da se priklucam i da kazam svoe mislenje.Koj od nas bil na svecanata sednica ili ne,se pravat analizi za licnosta sto iznesuva svoe mislenje.Smetam deka toa nee merilo za sodrzinata na komentarot.Eve jas bev ama nikoj ne me zabeleza.Koj ce me zabelezi koga nikoj i ne me poznava.Na vakvi nastani treba po sluzbena dolznost da odat licnosti koi se vo javniot zivot.Prasanjeto na pocitta kon velikanot e relativna obvrska na aktuelniot politicar.Koj kako saka neka komentira,toa e negovo pravo,medjutoa Kosta Racin,sakale nekoi da priznaat ili ne ostanuva doajen.So svoite pesni ostavi beleg koj nema nikogas da se zaboravi.Dali bil komunista ili ne najmalku e bitno.Bitno e toa sto so svoite napisani stihovi se priklucil kon komunistite i otisol vo vojna za slobodna Makedonija i za socijalna pravda na rabotnickata klasa.Denes,posle seeset godini se soocuvame so slicni socijalni problemi,no za zal go nema Racin da za ova nase vreme nesto napise.