Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?

Игор Мирчевски, осуден на доживотна казна затвор, беше пронајден сиот во крв во затворската ќелија

Даниела Трпчевска

Кичевецот Игор Мирчевски, осуден на доживотна казна затвор, завчера беше пронајден сиот во крв во ќелијата на третиот кат во најголемиот затвор во земјава „Идризово“. Поради исечениците на лицето и вратот, тој веднаш бил пренесен во домската амбуланта, а потоа префрлен на лекување во Ургентниот центар. Според Управата за извршување санкции, триесетгодишниот затвореник од Кичево, осуден за грозоморното убиство на Митра Силјановска и Радослав Божиновски од село Малковец, се обидел да си го одземе животот. Полицијата ја проверува и другата можност – дека некој од затворениците се обидел да го убие Мирчевски поради наводен долг. Токму таква писмена изјава тој дал пред инспекторите на МВР, по што поради подобрената здравствена состојба повторно е вратен во затворот „Идризово“.

Целата приказна започнала завчера попладне околу 14 часот кога чуварите го забележале Мирчевски како лежи на креветот во локва крв. Имал исеченици на лицето и вратот, поради што веднаш бил однесен во амбулантата. Оттаму, пак, со асистенција на МВР бил префрлен во Ургентниот центар каде што биле санирани неговите повреди.

„По укажаната медицинска помош, затвореникот во моментов е надвор од животна опасност. Собата е обезбедена, а крим техника и истражен судија извршија увид“, велат од Управата за извршување санкции, додавајќи дека станува збор за обид за самоубиство. Според директорката на управата, Лидија Гаврилова, затвореникот се чувствува добро и повторно е вратен во затворот. Вчера, додава таа, било пронајдено и проштално писмо упатено до неговите родители, но допрва полицијата ќе ја утврдува неговата автентичност. Надлежните не знаат со каков остар предмет се нанесени исечениците на Мирчевски, но велат „среќа што веднаш го виделе чуварите, оти можел да искрвави и да биде предоцна“.

Извори од полицијата потврдуваат дека Миршевски се чувствува добро и дека со него веќе разговарале инспекторите. Во писмената изјава дадена за нив тој тврдел дека бил нападнат од друг затвореник за наводен долг од 150 евра.

„Состој��ата на Мирчевски е добра, тој е контактибилен и инспектори веќе разговараа со него. Тој тврди дека не станува збор за самоубиство, туку дека некој го нападнал поради наводен долг“, вели помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски. Прошталното писмо кое дури вчера било испратено до МВР заедно со досиејата на осудениците, допрва ќе се анализира и ќе се утврдува кој го напишал и каде било пронајдено.

Игор Мирчевски  е на  издржување казна доживотен затвор од 17 јануари 2005 година во „Идризово“. Тој заедно со Анте Ристески на судскиот процес што се одржа во март 2005 година, во судот во Кичево беа осудени на доживотен затвор поради свирепото убиство на Радослав Божиновски и на Митра Силјановска. Пред неколку месеци во јавноста се појавија сомнежи дека двете момчињеа се неправедно осудени за убиството на Силјановска, поради што нивниот адвокат бараше и преотворање на постапката. Но, Апелациониот суд во Гостивар пред еден месец одлучи да ја отфрли жалбата на Мирчевски за нов судски процес, со образложение дека не се доставени нови цврсти докази. Адвокатот Спасе Стефановски вчера ни изјави дека за инцидентот во „Идризово“ дознал од медиумите и дека никој не го известил официјално што се случило со неговиот клиент. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1916 пати.

Испрати коментар

Од: lidija
Датум: 12.03.2009 01:02:20
sigurno sakal da si presudi oti znae sto ima storeno ne e igracka toa sto go napravil so svojot drugar taka zverski da gi maltretiraat starite luge i na kraj da gi ubijat bezmilosno bez nikaakva pricina od alcnost za pari,vakvi ne treba da se spasuvaat treba da gi ostavat da si presudat od boga im e toa i vo idnina samo smrtna kazna izlude narodov go gnasxat coveckiot rod.
Од: Кичево
Датум: 12.03.2009 09:04:18
Сите кичевчани кои се замешани со убиствата на вдовиците се самоубиваат или... Се уште Кичево не ослободено од стравот а сега после „самоубиството“ на Танески и ова на Мирчески тој е поголем. Во Кичево се мисли дека има замешано некој трет

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)
Кризата ја расипа предизборната идила
За 32 часа, Македонија ја погодија 30 земјотреси
Светот гори, Македонија гради куполи
Зденко
Карикатура
Изборна матура
Прекопувањето на бугарските гробишта стигна во ЕП
Водоводџиска цевка
Демолиран изборен штаб на ДПА
Запленети 530 килограми марихуана
Одбележана годишнината од депортирањето на македонските Евреи
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови
Вистинското лице на социјалдемократијата
Искористете ја шансата за поправен
Гошев