Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови

Институтот, кој е според најсовремените ГМП-стандарди и во него се инвестирани околу 8 милиони евра

 Најголемата фармацевтска компанија кај нас „Алкалоид“ својот производно-технолошки процес вчера го заокружи со отворање на Институтот за развој и контрола на квалитетот. Во оваа најсовремена лабораторија, прва од ваков вид, ќе се развиваат нови модерни генерички лекови, но и ќе се врши контрола на лековите што се произведуваат и увезуваат во земјава, за што Министерството за здравство е во преговори со „Алкалоид“.

Институтот, кој е според најсовремените ГМП-стандарди, се изгради за нецела година и во него се инвестирани околу 8 милиони евра. Лабораторијата е опремена со најсовремена аналитичка опрема и инструменти и во неа ќе работат 80 високо специјализирани лица, од кои 50 ќе бидат нови вработувања.

„Со отворање на Институтот ’Алкалоид‘ ја потврдува својата определба за производство на квалитетни, безбедни и ефикасни лекови, рече на свеченото отворање на Институтот, генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

За тоа како глобалната криза се одразува врз „Алкалоид“, Мукаетов вели дека лекови не се пијат помалку, но се' потешка е наплатата на глобално ниво. „Во некои земји министерствата за здравство воведуваат формални програми за заштита на домашните производители, што ни создава дополнителни проблеми, но глобално сепак покажуваме раст“, појасни Мукаетов.

Институтот го отвори премиерот Никола Груевски. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 600 пати.

Испрати коментар

Од: ACE
Датум: 12.03.2009 01:18:19
Bravo, samo taka se gleda svetla idnina i podobar zivot ovozmozen od podobro zdravstvo. Samo so premierot Nikola i so ovaa Vlada napred. Taka treba, sekoja cest.
Од: Perunika
Датум: 12.03.2009 08:10:22
За оние кои знаат да работат и менаџираат нема криза.Нека се огледаат другите газди на Живко Мукаетов.
Од: b
Датум: 12.03.2009 12:50:20
Благодарение на Власта и Пастирот. ФАЛА ИМ!
Од: maja
Датум: 12.03.2009 14:51:35
Rasprasajte se gospoda i po doma, i tamu Vladata i Pastirot da ne zamesale prsti.
Од: Трпе
Датум: 12.03.2009 16:18:04
Треба Живко отворено да каже .колку ја спонзорира ЕПП владата на мистер Рејтинг.

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)
Кризата ја расипа предизборната идила
За 32 часа, Македонија ја погодија 30 земјотреси
Светот гори, Македонија гради куполи
Зденко
Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?
Карикатура
Изборна матура
Прекопувањето на бугарските гробишта стигна во ЕП
Водоводџиска цевка
Демолиран изборен штаб на ДПА
Запленети 530 килограми марихуана
Одбележана годишнината од депортирањето на македонските Евреи
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
Вистинското лице на социјалдемократијата
Искористете ја шансата за поправен
Гошев