Надградбата на Собранието со еден кат и три куполи, што ќе чини најмалку 17 милиони евра
Оливера Војновска
Во време кога светот се соочува со најголемата финансиска криза во последните 80-ина години, кога меѓународните финансиски институции излегуваат со најпесимистички прогнози и кога силните економии се многу сериозно загрижени, власта во Македонија гради куполи. Изградбата на трите куполи на Собранието - една огромна, централна, која ќе ја надвишува зградата и две странични (проект кој партијата на премиерот Никола Груевски почна да го турка набрзо по промената на власта во 2006 година), според најавите, треба да стартува по завршувањето на двојните избори, а реализацијата ќе ја чини државата најмалку 17 милиони евра. Стручната јавност проценува дека реконструкцијата на парламентот по примерот на Бундестагот, најверојатно, ќе биде најскапата инвестиција од буџетски средства. Инаку, идејата за реконструкција на парламентот пред речиси три години ја пласираше ексспикерот Љубиша Георгиевски, а беше протуркана во Собранието како решение за просторните проблеми на пратениците.
Секретарот на Собранието, Жарко Денковски, вели дека станува збор за долгорочен проект што ќе се реализира најмалку три години и нагласува дека тие пари нема да се обезбедат одеднаш. „Тоа е голема градежна интервенција што ќе опфати три буџетски години. Планирано е да почне оваа година, но сигурно ќе се гради најмалку три години“, вели Денковски и додава дека со Буџетот се предвидени 100.000.000 денари (околу 1,5 милиони евра), додека другите пари ќе се обезбедуваат сукцесивно. Собраниската Комисија за јавни набавки ги разгледува понудите и треба да каже дали фирмите што аплицирале за надградба на парламентот: „Бетон“ - 16,7 милиони евра, „Гранит“ - 17,6 милиони евра и „Конструктор“ од Сплит - 14,4 милиони евра, имаат комплетна документација. Денковски вели дека дури потоа ќе се оди на избор на изведувач, но не може да каже кога ќе се случи тоа.
Професорот на Американскиот колеџ во Скопје, архитектот Кокан Грчев, кој своевремено се повлече од Комисијата за реконструкција затоа што не се согласи на собраниската зграда да никнат куполи, потсетува дека куполите не беа дел од просторното надградување на парламентот, туку се вметнаа дополнително. „Конкурсот и ниту една проектна програма не предвидуваа куполи, туку само надградба од еден кат во форма на петаголник и вовлечен во внатрешноста за да не се менува автентичниот изглед на објектот. Трите куполи значително ја креваат цената и длабоко сум убеден дека целата инвестиција ќе чинеше многу поевтино доколку имаше само основно реновирање на објектот. Нема потреба да се силува архитектурата. Искуството кажува дека е исклучително скапо кога се аплицира врз постоен објект и на таков начин никогаш не се постигнува саканиот ефект“, вели Грчев. Според него, најдобро решение е да се изгради нов објект на сосема нова локација. „Тогаш ќе има и реален ангажман на оперативата, вградување современи технологии и материјали. Ако на овие генерации не им нудиме простор да создаваат нови архитектонски дела, генерациите што доаѓаат ќе немаат од кои примери да учат“, заклучува Грчев.
Поранешниот член на Комисијата за надградба на собраниската зграда, Роза Топузова-Каревска, се согласува со Грчев дека надградбата на Собранието немаше да чини толку многу да не беа куполите, кои ќе се прават од метална конструкција со специјално стакло со кружни форми. „Доколку се исфрлат куполите, надградбата ќе чини барем двапати помалку. Двете куполи ќе имаат само декоративна намена, а под најголемата, која ќе го надвишува Собранието најмалку пет метри, ќе има сала. Уште кога ја изменија одлуката, укажав дека куполите, покрај тоа што не одговараат од архитектонски и естетски аспект, се исклучително скапо решение. При градење цркви со куполи, уште од темелите почнуваат да се градат архитектонски елементи што ќе бидат носачи на куполите. Ова Собрание не е предвидено да има куполи и поради тоа сега треба сите ѕидови да се зајакнат, што е исклучително скапа работа“, вели Топузова-Каревска. За неа е несфатлива опседнатоста на владејачката партија со куполите. „Можеше да се помине со далеку помалку пари да не беше оваа авантура со куполите. Но, ВМРО-ДПМНЕ упорно ја турка оваа иницијатива од самиот почеток на минатиот состав. Идејата беше на тогашниот спикер Георгиевски, кој имаше желба да го направи Собранието по примерот на германскиот Бундестаг, што има една купола, а ние веројатно за да покажеме дека сме помоќни, ќе правиме три“, иронично додава Топузова-Каревска.
И експретседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, кој е професор на ИЗИС, смета дека станува збор за многу скапо и несоодветно решение. „Ако е целта да се обезбедат работни услови за пратениците, тогаш 17 милиони евра се значителна сума, бидејќи со помалку пари може да се направи истото, дури и повеќе. Имено, со минимален износ би можело да се доврши резиденцијата на Водно за претседателот на државата, со што би се ослободиле 30-ина работни места. Исто така, ако се иселат сите владини служби што се сместени во Собранието, посебно во сутеренскиот дел, и со мала инвестиција за реновирање и партерно уредување се добива огромен работен простор.
Но, тоа не е се'. Ако се сака, би можело со неколку милиони евра да се оспособат некои напуштени објекти за потребите на МНР и на Заводот за статистика, а нивните сегашни објекти да му се доделат на Собранието. На тој начин би се комплетирал целиот комплекс околу Собранието и неговата работа би се збогатила со нови содржини, кои инаку се стандардни во другите парламенти“, смета Јордановски. Притоа се прашува дали можеби намерите на владејачката партија сепак се поинакви. „Ако, пак, покрај условите за работа за пратениците, целта е да се гради и засилува традицијата преку грандиозност, тогаш власта треба да знае дека традицијата најмногу се гради и чува со одржување и почитување на автентичната оригиналност“, додава Јордановски.
Надградбата на собраниската зграда, што е изградена во 1938 година и претставува споменик на културата од прва категорија, е една од првите работи со кои се зафати минатиот собраниски состав. Управата за заштита на културното наследство во почетокот имаше негативно мислење во однос на реконструкцијата на собраниската зграда. Но, набрзо нејзиниот директор Паско Кузман ретерираше и излезе со мислење дека Собранието може да се надградува со уште еден кат и рамен покрив, кој не треба да го зафати надворешниот габарит на зградата и да биде вовлечен во внатрешноста на објектот. Потоа, Кузман и архитектот Јован Стефановски-Жан станаа дел од Комисијата за реализација на надградбата, откако неколкумина нејзини членови си дадоа оставки не сакајќи да учествуваат во нарушувањето на автентичниот лик на парламентот. (О.В.)
Abe mesto da se raduvaat deka gradime nesto so sto treba da se gordeeme tie kritikuvaat. Gruevski ne si gradi doma,gradi za site vas a so toa i za cela Makedonija!
Од: lenin
Датум: 12.03.2009 00:06:57
Sekade vo svetot se zatvaraat rabotni mesta i golemi objekti samo kaj nas vlasta obecava i zapocnuva rabota na novi objekti.Ova ce potrae do izborite so zavrchuvaneto na izborite zavrchuva i obecaneto.
Од: mihajlo
Датум: 12.03.2009 00:21:14
Za da bidat rabotite pojasni potrebno e da se dobro analizira tekstot objaven vo nedelnikot FOKUS od 6 Mart 2009 godina.Vo tie cetiri stranici dadeni se dosta podatoci za akterite bliski do vladejackata garnitura.Novinarot ne navlegol podlaboko vo biografijata na glavniot glumec vo ovoj kriminalen film.Ima uste dosta raboti da se kazat ako se prodolzi so istrazuvanje.Mene voopsto ne me cudi za se sto se zbiva.Vprocem i poranesnite Vladi imaa svoi sponzori koi gi finansiraa.Denes del od istite sponzori na poranesnite vladi se na spisokot na segasnava.I toa ne e nisto cudno vo nasevo podnebje.Sobranieto ce dogovori so najpogodniot izveduvac a potoa so aneks na dogovori cifrata ce stane cca 25 milioni.I se ce bide normalno.Vprocem kako inaku ce ja izbegneme recesijata.Vakvite mudri potezi moze da izlezat samo od nasite makedonski kujni.Dojde vreme koga nasi strucni lica treba da gi povika B.Obama za konsultanti kako SAD da izlezat od krizata.
Од: a
Датум: 12.03.2009 00:31:14
Posto drzavata ni e epten sredena i odlicno funkcionira, redno bese i ova da se napravi
Од: крис
Датум: 12.03.2009 00:32:48
Браво за куполите и браво за Македонија!
само со изградба и инвестиции се излегува од криза, ако така прават американците зошто да не и македонците! ако може Груевски и фарбање на зградата нека организира уште поубава да биде!
Од: BITOLCANEC
Датум: 12.03.2009 00:43:22
Abe ako nebese VMRO da izgradi nesto vo pusta Makedonija nie ke nalikuvavme kako drzava od Afrika ili da bidam po precizen kako Somalija,Sudan,Zimbabve.....,a ovie od SDSM duri bea na vlast abre eden kamen da go zemeja i da go bojadisaja da imase po nesto da gi zapamtime oti samo pustos i pustos ostavija!
Од: Red Rose: Grandiozni apetitlii
Датум: 12.03.2009 00:45:56
Zar e vo prashanje samo megalomanstvoto za izgradba na ogromni zdanija i kich-proekti porachani ,od bliski do vlasta,arhitekti i rekonstruktori,podzasileni so apetitite na ex-pretsedatelot i aktuelniot na Sobranieto na RM.Ako se znae principot na funkcioniranje na vmrovskite shemi od tender do upotreba,kade se odi po linija na trojstvo vo raspredelbata: tolku za tebe,tolku za partijata i tolku za investitorite od vlasta,jasno e zoshto ne se otkazhuvaat od ovakvi suludi idei i vo vreme na najgolemata svetska kriza.A,istata ne ja zaobikoli Makedonija kako shto tvrdea vmrovskite ekonomski"experti" Stavreski i Slaveski na chelo so Grujota.Edinsven logichen zakluchok e nivnata deviza:KOLKU ZA MAKEDONIJA POLOSHO,TOLKU ZA NAS PODOBRO.Posle niv ne smee da ostane nishto od koe mozhe drug da gi obavuva normalnite funkcii na i vo drzhavata.Toa e nivnata osnovna cel:da ne ostavat nishto drugo osven prazna kasa.A dobro ja ispraznija po tolku spomenici i kich-gradbi.Ova e sledna arhi-katastrofa.
Од: Boshko
Датум: 12.03.2009 01:25:02
Jas bi rekol ,,Selo gori babata se cheshla''
Nekoj nema leb da jade a nashite vlastodrzci ke frlaat 17 mil.Evra kako toa da e ne minovno,se za da ostavat traga ili spomen za toa shto znaat deka od sega natamu ke gi gubat site izbori. Na narodot mu treba leb a ne patriotizam koj ne vodi nikade.
Од: aleksandra
Датум: 12.03.2009 01:53:42
sobraniskata zgrada treba do koren da se srusi.taa ne e ni estetska,nitu,mestopolozbata e dobra,a potsetuva na starite stalinisticki vreminja.po grdo i tupo nemoze da bide.neugledna i mracna bez nikakov beleg.neka se izgradi nesto novo,moderno i privlecno za sekoj minuvac.
Од: Fluid
Датум: 12.03.2009 02:08:19
Pa normalno... bravo za vladata.. vo princip mora negde budzetot da ispliva... eve sega gledame deka se koristi za ubavi celi, a ne da otide vo nechij dzeb... bravo ushte ednash... A vo odnos na krizata, taa bi se osetila po mnogu godini barem ovde kaj nas... pozdrav
Од: jimmy1
Датум: 12.03.2009 02:34:41
A dali ke ima kambanarija??? zosto so kupolite poveke bi licelo na crkva odkolku na sobranie, a so toa ke e izgubi orginalnata arhitektura. Dali na golemata kupola ke go ima likot na Miki Maus kako e gricka suknjata na Irina od Kavadarci pa posle da se skrie vo dupkata??????
Од: Makedonec
Датум: 12.03.2009 02:45:02
selo gori baba se cheshla,do koga ke se zgolemuva birokratijata,plukavte protiv Komunistite,a sega ke nagrdite edna ubava zgrada,a vo sred centar vi stojat "chvakarnici"koi treba da se sredat i iskoristat.
Од: Гласникот
Датум: 12.03.2009 07:51:51
Народот би рекол:„село се гори, баба се чешла“. Но, вака народот зборуваше кога во него имаше мудрост и етика. Не велам дека се образувале за етика, туку дека ја ИМАЛ, била изградена, внатре. Сега, што се случува со тој народ? Уличарите ги превзедоа во свои раце работите. А, истиот оној народ, се повлече пред наездата и молчи, од чудење и од страв. Има и зошто да биде исплашен. Но, кога ќе го крене ГЛАСОТ, кога ќе писне од МАКА, Уличарите ќе летаат преку нивните „проекти“, па биле куполи или музеи, споменици...
Од: Makedonec vo EU
Датум: 12.03.2009 07:55:24
Falat uste 4 "raketi" na kjosovite i ke bide super dzamija :))
Од: kole
Датум: 12.03.2009 07:57:34
Ti bre majkata, kako ovoj Pasko Kuzman ne bese minister za industrija... Makedonija ke procvetase... go tupnaa na Arheologija i ne vraka vo predistorijata... neli Ljupco od Bitola, Perunice i Irince od Kavadarci??? Ne Vie se slagate so vladejackata garnitura pa ako moze i 10 kupoli da stavat, a ne e na odmet i edna PIRAMIDA dzanum???
Од: Македонија
Датум: 12.03.2009 08:13:40
Куполите сигурно некој ги финансира и тоа како нечија донација...Како гледам Македонија нема пари,мислам дека се е лага дека толку поседуваат пари во буџетот..се е тоа мижи асан..Ако имаа пари ке им дадеа на сиромавиот народ,..па нели Ставреси кажа дека ..Луѓе ние пари немаме..тоа беа зборови за стечајците..Некој дебело лаже и се преправа дека е“ богат“..партиве исто ги финансираат од рекет..Мислам дека и ние сме банкрот како Србија,само лажеме..Господ нека е чува Македонија.......По народот се познава богатството во МК..ПС..и некој продаден артефакт се најдува некој денар за беслок....реално мислам дека е така...и Турција дава многу донации,кој некој си ги троши мислејки дека нему му ги дава,а всушност се за сиромавиот народ...тоа веке од извори Турски.....
Од: acko
Датум: 12.03.2009 08:39:51
Sto da se kaze.Uste edna glupost na ovaa vlada koja vo najblaga forma slobodno moze da se narece retardirana.Se poveke se plasam i se prasuvam vo isto vreme kako e mozno ovie luge da ja imaat vlasta i sudbinata ,moja na moeto semejstvo, i na mojata zemja vo svoi race....
Од: maja
Датум: 12.03.2009 08:40:01
Ooo nenormalni, so tie pari nova zgrada i komplet oprema mozat da kupat!! abe narodot leb nema da jade...tragedija
Од: goran
Датум: 12.03.2009 08:49:42
Da zivee prerodbata!!Ova e parodija od vlada!
Од: ljupco,bitola
Датум: 12.03.2009 08:57:57
Dali nekoj se sekava na proektot "Palata Makedonija"koj go turkase Branko pred 15 godini,pa ne bidna od toa nisto. Trebase da se gradi nov parlament nekade kaj prostorot pred oficerski,cinam, spored zamislata. Uste togas segasniot prostor bese pretesen. A ovaa zamisla bese zapocnata uste pred 5 godini,samo kako i so salata Boris Trajanov,se vo vreme na sdsm ostanuva na prazni vetuvanja,dosega ne izgradile ama bas nisto. Navistina e kriza,mozebi ke se prolonira dogradbata na parlamentot,ama jas veruvam deka ke se izgradi,kako i Gradski stadion,i uste kup drugi proekti.
Од: Дени
Датум: 12.03.2009 09:35:11
Абе како може да ги трошат парите на глупости од што немаат идеа како да напраат нешто добро праат глупости, лугето немаат пари за јадење а ови градат куполи абе ало цел свет е во криза само во РМ излеа нема криза
Од: Petar
Датум: 12.03.2009 09:37:09
Koi se izveduvacite i kolkava ke bide provizijata. I taka Mile si gi strizese ovcite.....
Од: rvalentino04
Датум: 12.03.2009 09:42:40
Sto e sledno? Na kamen most kje mu stavat sajli i kje go ofarrbaat crven, da lichi na Golden Gate....deka za neobrazovanive depemene-ovcinja, i kameniot most e od komunistite....
Sto stecajci i mlekari kje mozea da naranat....
Од: dany
Датум: 12.03.2009 09:42:44
Pateticno e toa sto i posle 18 godini samostojna makedonija seuste se zboruva za sdsm i za vmro. i uste po pateticno e toa sto ovoj narod nikako da ja nauci lekcijata. Medjusebni obvinuvanja na smetka na partiite od strana na sitnite partiski vojnicinja. Zarem ne e ocigledno sto e pogresno a sto pravo kade se perat parite i kako se gradi ekonomija. Ako sakate uspesna ekonomija i drzava pocnite da pravite se obratno od makedonskite politicari.
Од: gv
Датум: 12.03.2009 09:59:07
Ne veruvam deka investicijata bi iznesuval 17??? kolku aneks dogovori bi se potpisalo do zavrsuvanjeto na investicijata .Nem siromav i hem ...........golem .
Од: Irina,kavadarci
Датум: 12.03.2009 10:11:52
Sramota veke so ovie kritiki pa so ako se graditreba da se gradi,ovaa vlast saka da napravi za Makedonija..pozdrav
Од: dragan
Датум: 12.03.2009 10:14:20
Covek ednostavno da se prekrsti i da kaze,gospode prosti im ne znaat sto pravat
Од: mm
Датум: 12.03.2009 10:35:50
ne treba da zaboravime deka tie 17 milijardi evra se pari koi se zemeni od narodot preku razni danoci i davacki. bez razlika dali se predvideni od edna, tri ili povekje budzetski godini, nivniot izvor ostanuva ist - narodot. zatoa ne treba vlasta da bide tolku galantna i da se rasfrla so pari na proekti koi ne se neophodni i (samo za nekogo) imaat estetska funkcija. gradenjeto kupoli nema da gi natera pratenicite redovno da doagjaat i ucestvuvaat na sednici i da pomagaat na onoj sto gi donel vo sobranieto - narodot.
Од: mene
Датум: 12.03.2009 10:51:05
Ovie kako R. R. (mozebi se samo dva troica, ama ostavaat pod razni iminja komentari) se plateni od VMRO. Ostavaat komentari prvi, znaci cekaat da se smeni vesnikot. Sega vidi R.R. sto komentira 'namestod a se raduvame, se zalime sto vo vreme na svetska kriza, na povlekuvanje na onie koi investirale, na zatvoranje na fabriki na otpustanje na rabota, vladata ni go ukrasuva sobranieto so KUPOLI". Pa bidejci nemam rabota, ce otvoram edes sator pred sobranieto i ce strajkuvam so glad, ama koga ce poglednam nagore vo neboto, ce mi zableskaat kupolite i srceto ce mi se napolni i ce kazam - Da zivee Grujo, da go glasame i vo slednite sto godini! E toa ti e!
Од: баракуда
Датум: 12.03.2009 11:01:23
Млекарите, земјоделците и стечајците за леб умираат, и за нив нема пари, а за КУПОЛИ има. Ако е приоритет куполата (и сите други споменици, куклим, кули, пинк пантери, супермени и сл), пред да се решат проблемите на лугето што немаат за леб, “ЕПА ТОА Е СТВАРНО ЧНОГУ ДОБАР НАЧИН“ за излез од кризата, патем што кај нас не постои (според некои министри и официјални лица на владата)
Од: D Kavadarci
Датум: 12.03.2009 11:23:39
Razmislete kolku luge ke bidat vkluceni vo izgradbata na tie kupoli. Kolku luge ke se vrabotat i ke zemat nekoj denar.
Zar tolku sebicnost ima kaj narodot pa mu e krivo ako na nekoj drug mu e dobro.
Gruevski znae da ja vodi ekonomija na nasata drzava taka da mislam deka vo Makedonija svetskata kriza nema mnogu da ja osetime.
Од: zhiki
Датум: 12.03.2009 11:43:17
Grujo ala Bush. ama barm Bush gi praveshe rabotite koi doteraa to deficitot na Amerika. Imashe i na koj da mu go prodava dolgot na Amerika. Grujo kje mora da ne zadolzhi na drugi mesta ako uspee da gi potroshi parite... Dosegashnoto pokazhuva deka neshto ne se pretrgna mnogu vo uspeshnosta na tenderite vo smisol na javni investicii vo korisna infrastruktura. Ona shto uspevashe se investiciite vo kampanji, izgradba na muzei, javno investiranje vo zemjodelieto i zgolemuvanje na administracijata (so vremeni dogovori samo za da gi drzhat pod shtrek novo primenite) ne mnogu drugo. Znachi samo investicii od koi direktno se dobivaat glasovi. Ne se plashite, tenderite za nadgradba na sobranieto kje propadnat ama kje ostane percepcijata deka Grujo neshto gradi. Ama nema seushte dovolno lugje koi gledaat deka carot e gol.
Од: Bitola
Датум: 12.03.2009 11:43:58
Aj ako sakate vie mnogu ne zboruvajte protiv Grujo&com,za da ne bidete prokolnati do sedmo koleno,oti vmrovcite znaat samo da kradat i da kolnat.
Од: Phanagoria
Датум: 12.03.2009 12:04:36
Koga se zgolemuvat javnite trosoci, se podpomaga ekonomskiot rast. Dobro. No ne znam zosto na slikata Sobranieto mi lici na dzamija?!
Од: b
Датум: 12.03.2009 12:38:48
БРАВО! Кога се ни е стокмено, се цвета, лугето преработен, незнаат што попрво да сработаат, редно е да се направат и куполите. Само тие ни фалат, и се разбир��, уште некој споменик, (што по кичест, по можност), друго се си имаме, се изградивме. Овие куполи ке донесат леб, благосостојба, нарочито за Р.Р., Љубчо од Битола, Ирина од Кавадарци и многу други слични (по памет) на нив .
Од: ani
Датум: 12.03.2009 12:48:39
A da se poceka malku so odlukata za gradenje, za da se vidi tocno kolkavi ke bidat implikaciite od svetskata kriza vrz nasiot budzet?
Од: DarkoSk
Датум: 12.03.2009 12:56:58
Ovaa vlada ako e svesna sto pravi jas sum togas CHUCK NORIS!!
NE se normalni vo vreme na recesija sto pravat!!
DOLE VLADA!!!
Од: Lelele
Датум: 12.03.2009 13:01:03
Pa zasto da gradime hidrocentrali ili patista. Ke si napravime kupoli i piramidata od pred Luvr ke ja doneseme na plostadot. Mi se cini deka premierot si nosi po nesto od site 5 zemji sto gi ima poseteno!!!
Од: ss
Датум: 12.03.2009 13:55:57
dragi makedonci ,sto se nemate kazano po komentarive ,tolu ste se zazele so politika , no nikomu ne mu teknuva da se pobuni ili da dade predlog za investiranje vo bolnicite ,APELIRAM _ da se digne glas do vladata za obnovuvanje na bolnicite koi se naogaat vo strasna sostojba ,kako 1 higienata , vidite li sto se slucuva,na pr so malata Stefanija ,tie vo vladata imaat pari nivnite deca da se lecat vo stransto no siromasnite ke umiraat po bolnicite ,zatoa gledajte za kogo glasate ,neka ednas zasekogas dojde kraj na tie materijalisti koi ziveat na grbot bas od ovoj narod i go polnat budzetot ,samo na sebe mislat ,sto onda sega molat za glasovi ,nim im treba ukrasni zgradi a deca umiraat a vamu vikaat da se zgolemuva natalitet,da se praSUVAM JAS toa e se zavo eden top .........pozdrav
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 12.03.2009 14:35:56
Иднината во Република Македонија е во градењето, токму таков е овој период кога ВМРО ДПМНЕ гради во сите свери на општеството, обединува и работи за доброто на граѓаните.
Од: Verag
Датум: 12.03.2009 15:02:23
Не гледам некоја потреба од куполата,освен да даде ВМРо-овски кич печат,покои се препознаваат сите нивни градби. чини многу,Прескапа е но што се за наша влада неколку милиони евра. Бидејќи не троши ништо за сиромачните- стечајци,технолпшки вичкови,вработени со мизерни плати,има доста пари за луксузи - 300 милиони за тенкоиви или беа транспортери, 17 за нашите пратеници на кои единствена задача им е да притиснат копче по ана влада, 10 или повеќе за кампањи,која од која понепотребна и поглупава,кич споменик на Аце Големиот,шмизла, лавови,восочни фигури. Само проекти за инфрастуктура и стопанство Затоа Македонија нама да има криза,пардон Владата. Таа и натаму ќе си троши за сите глупости что му се сониле на Груевски. А тие Паско и Кузман, секаде ги има. Има ли во Македонија други архитекти и археолози. Изгледа нема кога не се бунат што нијкој друг не е вкључен во проектите на Грујо.
Од: Трпе
Датум: 12.03.2009 16:28:47
Нека каже некој од празноглавите дпмне-ОВЦИ,што добива државата со трошењето пари за овие куполи, во оваа кризно време.Човек не знае дали да се смее или да плаче.
Од: кобра
Датум: 12.03.2009 17:09:20
Ако не гради владата зошто не гради ако гради зошто гради ,а бре луѓе свесни ли сте дека се работи во Македонија се гради ќе работат градежните фирми нема да се бркаат работниците од работа што се работеше во времето на СДСМ ништо и кај се парите никаде ги нема овие барем градат што има лошо во тоа,оставете ја владата да работи.БЛАГОДАРАМ
Од: azz
Датум: 12.03.2009 17:52:04
sramota luge ostanuvaat bez rabota a ovie si pravat eskutrzija na mozok
Од: papa
Датум: 12.03.2009 18:16:56
treba da se izgradi edna statua od Grujo i dr pa koga ke odnemame skrsen denar vo djebot ke odime pred statuata i ke go zamolime da pomogne
Од: dejan
Датум: 12.03.2009 19:02:55
Samo nas grujo vika deka kaj nas kriza nema i deka se e pod kontrola , najavuva gradenje masovno na spomenici sve e ok a lugeto nemaat pari za leb da jadat.