Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Вистинското лице на социјалдемократијата

Иван Анастасовски

Неопходно е конечно решавање на проблемот со името со што ќе ни се отворат вратите кон НАТО и ЕУ

Повеќе генерации, во еден релативно подолг период, беа подложени на создавање свест за егалитарно „праведно“ општество на рамноправни луѓе, со кое тие сами ќе управуваат, свест на една друга димензија, една зададена историја, сегашност и иднина – на идеологија која исклучуваше поинакво мислење, која не признаваше друга реалност за, на крајот, самата да падне токму пред реалноста, онаа историската. Всушност, таа идеологија, за која секоја друга идеологија беше девијантна, на крајот и самата се претвори во девијација. Остана, меѓутоа, она што се подразбира под поимот убедување. Но, кај многумина во македонското општество таквата веќе создадена свест, како колективна свест на еден систем и едно време, остана да живее и покрај речиси целосната промена на односите во општеството. Вистина, оваа свест не опстојува како нормална, туку како аномична свест или, кажано со обични зборови, како нарушување на духовното расудување и емоционалното преживување. Мислам дека токму таква дефиниција може да се даде за она што сега го имаме на политичката сцена во Македонија како понуда за граѓаните, дури и во моментот на претседателските и локалните избори.

Прашањето што сосема легитимно може да се постави е која е десницата и дали постои левица. Дали социјалдемократијата има свој концепт и дали е вистински одговор на максимално популистичката политика на десницата. Но, во услови на сериозна криза во левицата ирелевантно е да се анализира денешнава десница (ВМРО, СПМ, СРРМ, ДПСМ, ДПТМ, ДОМ, ДС...), каде што ниту една од овие кратенки не е симбол на десница, туку интерес на поединци кои и' се познати на македонската јавност и од претходниот општествен систем, што го спомнав погоре. Сепак, да се вратиме на левичарско-центристичка политичка групација составена од СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата на Власите, Партијата на пензионерите и Партијата на зелените. Ако гледаме според бројот на партиите во овој камп, групата изгледа и звучи скромно, што и не е толку важно. Ако гледаме, пак, според содржината на групациите, внатре е празно, разединето и конфузно. Поради тоа се добива впечаток дека нивното мото е оти опозицијата не е таа што треба и мора да ја дискредитира политиката на премиерот Никола Груевски, туку дека владината политика поради неуспешност на подолг рок ќе биде казнета од граѓаните. Во тие очекувања се оди и чекор подалеку, па се смета дека ние како опозиција (тука се вклучувам и себеси) не мора да преземаме ништо, не мора да нудиме излезни решенија пред граѓаните. Така, настапите на вкупната опозициска левица генерално се сведуваат на празна реторика на прес-конференции и спуштање на нивото на реториката на ВМРО-ПМНЕ за тоа кој бил кодош и кој носел црвена шамија како пионер.



За жал, јас во моментов не распознавам ниту нешто ново, ниту нешто модерно во левицата што дава сигнали за подготовка на сериозна платформа која ќе ги охрабри граѓаните да почнат поинаку да размислуваат и да сфатат дека левицата се менува, се реформира, се приспособува на новото време.

Денес, се' уште, левицата ја градиме со кадри од Странка Југословена или од т.н. авторитети по сеќавање или, уште погрубо кажано, дежа ви личности кои не можат да бидат ни кадровско, ни програмско освежување. Тоа е непријатно за сите млади луѓе кои се чувствуваат социјалдемократи, и тоа не врз основа на интереси, туку првенствено врз идеолошка основа.



Јас мислам оти е време сериозно да сфатиме дека во левицата, ако се чувствуваме дека навистина припаѓаме таму, треба да понудиме заедничка платформа за една вистинска социјалдемократија со модерни вредности и платформа приспособена на новото време и новите предизвици. Но, се плашам дека левицата се' уште не е подготвена за длабоки реформи кои ќе значат ново, квалитетно етаблирање со конкретна платформа и програма за перспективна иднина на Македонија, со нови и свежи идеи за нашата држава, со нова и свежа понуда за сите нас. Се' додека мечтаеме за нешто минато и нешто кое е дежа ви нема да можеме да се свртиме кон иднината. Мислам дека е дојдено време да му покажеме на електоратот дека сме подготвени за менување, пред се' на нас самите, дека сме подготвени за нови идеи и нови размислувања, за конкретни работи, без интриги и подметнувања кои се белег на левицата како наследство од минатото. Треба да понудиме идеи за прогрес и реформи, идеи што ќе значат сигурност на нашата политичка понуда и гаранција дека се отстранети досегашните слабости што не' правеа ранливи пред самите себе и пред другите. Можеби многумина од левичарската провиниенција ќе ми забележат за овие зборови, но понекогаш и вистината и реалноста знаат силно да болат. Длабоко верувам дека на Македонија во ситуацијата во која се наоѓа сега и' е потребно водство со социјалдемократски курс чии одлики ќе бидат разбирање, одмереност и визија.

Убеден сум дека нашата држава во вакви услови треба да ја води левицата, но левица со поинаква матрица, а не левица која сака само да ја освои власта и да приграби привилегии, моќ и функции. Сметам дека власта треба да ја освоиме врз цврста и модерна платформа, со конкретни и храбри чекори. Ќе спомнам неколку од нив. Конечно решавање на проблемот околу името, што практично ќе не' води во полноправно членство на НАТО и ќе ни отвори нови перспективи. Подготовка на платформа за амортизирање на ефектите од финансиската криза врз нашето стопанство. И, најпосле, социјални мерки за подобрување на економската состојба во земјава.



На крајот, би сакал добро да се проанализираат последните три анкети на ИРИ како најрелевантен показател на партиските рејтинзи. Ќе забележиме дека владејачката партија има пад од 7 отсто за период од септември до денес, а во исто време левичарските партии не го зголемуваат својот рејтинг. Од ова може да се заклучи дека разочарувањето од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе станува уште поголемо, не оди на контото на опозициските партии, туку се прелева во апатија, односно во рамнодушност и безнадежност. Од овие причини, убеден сум дека нашата обврска како левица е да ја промениме таа состојба, повторувам, со конкретни активности, а не со реагирање на манипулативните п��ес-конференции на власта. Предвидувам дека власта отсега натаму се' повеќе и повеќе ќе мора да се занимава со опозицијата за да ја зашеметува јавноста и да ги прикрива неуспешните проекти претставени како реформи. Опозицијата мора да најде квалитетен одговор на тоа.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 2050 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 12.03.2009 00:09:15
Profesore,dali nesto rekovte nerazmisluvajki dobro???Velite deka VMRO ,SPM,DOM...i da ne redam natamu se lica sto rabotat za sopstven interes?? A SDSM kade ja stavas???? Taa barem na site ni e najdobro poznata od minatoto i toa po mnogu loso.Sreka sto i ke ostane tamu- vo minatoto na makedonskata politika!
Од: Itar Pejo
Датум: 12.03.2009 00:17:40
Man od ovie papagali sto go povtoruvaat istoto !!! Porano, koga ubavo ziveevme, necinese. Bese losa ideologijata. Sega koga mnozinstvoto od lugeto jadat korenja, dobra e ideologijata. Super e. DEvijantna bese taa ideologija koga lugeto imaa dostoinstvo. Koga sami go biraa direktorot toa bese lazna demokratija. Sega koga glasaat za kogo sto ce im cini e mnogu ubavo. Aman !!!
Од: Boshko
Датум: 12.03.2009 00:42:12
Bravo profesore,tochno taka i treba da se raboti no dali nie imame takvi kadri koi gi gi napravile Vashite idei realni,dali e vozmozno vo vakva situacija Toa da se obistini,se nadevam deka Sme silni,jas silata ja gledam vo nashite umovi i si mislam deka Toa go mozime i toa morame da go napravime.
Од: Pirin
Датум: 12.03.2009 00:44:14
Levica moze da se kaze da i ne postoi veke ne samo vo makedonija tuku i posiroko vo evropa , Levicata se transformira edno stavno vo kriminal za licno bogatenje na svoite familii, so toa desnicata koristi za poveke ugnetuvanje na tie sto Levicata treba da gi stiti.
Од: Red Rose: Nelogichna desnicharska koalicija
Датум: 12.03.2009 01:07:31
Ili sodrzhina,kako sakate.So partii so predznak Socijalistichka(a Dzingo nema vrska so socijalizmot ushte od privatiziranjeto na" Sileks" i celo Kratovo),za kakva desnica proizlezena od lumpenproletarijat mozhe da zboruvate.Nivnata osnovna sodrzhina e samo lichnoto zbogatuvanje,a demohristijanskata matrica ne im e kompatibilna so kampanjata za mnogudetni semejstva,koga polovina Vlada im e vo div brak i bez deca.Konzervativizmot pak ne im odi so shalabajzerskoto odnesuvanje i anonimno poteklo,a ne od znajni preziminja na stari semejstva,kako lozite na erl-ovite i ser-ovite,koi osven po bogatstvoto sklepano za 6 godishnoto vladeenje so nishto ne mozhat da gi dostignat.A,umreni se za nobl,iako prestanaa da odat na Vienskiot bal za mackanje ochi.I sega koj e avtentichen vo prikaznava,ako ne levicata koja treba da se reformira.Spored Vas.A spored evrejskiot analitichar na Alfa TV toa mu sledi na kapitalizmot i desnicata.Duri i vid na samoupravni modeli se razgleduvaat za spas na toj sistem
Од: Trpe original
Датум: 12.03.2009 04:01:17
Site ste AJDUCI-i pozicija i opozicija!!!Za zal NARODECOT strada dodeka vie si gi polnite dzebovite i si igrate politika!!!Sram ve bilo na site!!!Seta ovaa politicka hohshtaplerana treba da se apsi!!!
Од: antonio
Датум: 12.03.2009 05:31:27
kvalitetno nema sto bravo Djoni!!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 12.03.2009 05:48:40
Vakvi analizi, natpisi i razmisluvanja se potebni nasekade. Neka zemat primer Erol, Spasov, Gelevski... i mnogu drugi. Duri i da ne se soglasuvam, ce go pocituvam sekoj eden vakov avtor koj cesno i zasluzeno si go jade lebot i mislata negova e korisna. BRAVO, BRAVO !!!!
Од: ljupco,bitola
Датум: 12.03.2009 05:53:06
Анализата не ви е лоша,дури е доста реална. Рејтингот на десницата беше и за очекување да падне после ланскиот максимум и невидената светска економска криза,која и те како влијае на расположението кај луѓето,а владата е немоќна,импактот е пресилен. Но што е со левицата, скоро две десетлетија живееме во парламентарна демократија,а таму нема ништо ново,ни кадровски ни идејно. Едни те исти препарирани фаци се вртат нон-стоп. Се поделија и расцепкаа,но пак се тоа истите личности. Да биде трагедијата поголема,се очекува со враќањето на Бранко да се консолидираат. Патетично в крај. Ај следната анализа нека ви биде на тема-дали левицата предводена од држалникот може пак да го повтори својот зенит кој го достигна на 15.09.02? Па не пијат луѓето мастило.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 12.03.2009 06:07:12
Odlicen osvrt na sotojbata so socijaldemokratijata vo Makedonija. Potrebni se svezi kadri koi ke ovozmozat da se izgradi ramnoteza na politickata scena. Za zal, ne mozam da sogledam promena vo dogledno vreme. Vprocem, socijaldemokratijata e vo globalna kriza, nesto slicna na ekonomskata. Se nadevam deka ke uspee da se razbudi i nema da zavrsi otfrlena na marginite.
Од: Сопартиец
Датум: 12.03.2009 06:23:45
Текстот е ист како и состојбите во левицата. Празни зборови, нагласена потреба за нови идеи, активности, чекори, кои ги нема ниту во делувањето на левицата ниту во текстот на поранешниот пратеник и потпредседател на НСДП. Со што ќе ги привлекувате гласачите, со празни зборови кои се повторуваат во секоја трета реченица? Очигледно раководните структури на опозоционите партии се надеваат и чекаат крупни грешки на власта. Токму затоа е такво и движењето на рејтинзите, со тоа што за левицата е уште пострашно што паѓањето на рејтингот на власта не резлутира со раст на рејтингот на опозицијата. Од тоа полошо и поопоменувачко за опозицијата - здравје!
Од: Koteski
Датум: 12.03.2009 08:29:02
Boli koga se kazzuva vistinata. "Golemi ribi treba da goltnat golemi knedli!" Dali sme podgotveni za toa!? Za zzal NE!
Од: Andrej
Датум: 12.03.2009 09:15:04
Mnogu interesni raboti. Gledam ste gi trgnale komentarite od sosedniot "analiticar" Petar Arsovski. Nitu ste mi objavile komentar, iako ne gledam sto ima nekonstruktivno vo mojata kritika kade sto velam deka analizata na Petar e kako od petto oddelenie, polna so dupki, a i takva analiza moze da napravi sekoj sto makar eden den vo kampanjata razlistal nekoj vesnik. Nejse, ste objavile komentari kade sto pisuva FYROM, alkoholicari i i slicno, a ete mojot e neobjaven. Utrinski, pocnuvate da licite na Vecer i slicnite od ovoj aspekt, nemojte da pagjate na takvo nivo, VE MOLAM!
Од: marjan
Датум: 12.03.2009 09:17:39
Solidna socioloska analiza, iako avtorot mozel i podlabinski da navleze vo problematikata bidejki ima povekegodisno politicko iskustvo.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 12.03.2009 09:59:42
Агресивниот неолиберализам, кој владееше во светот во последните три децении, практично ја избриша идеологијата, што идеологот на Белата Куќа, Фукујама триумфално го најави како „Крај на историјата“. Во поглед на економијата/профитот на левицата и беше „одземен текстот“, така што таа беше принудена да се занимава со правата на хомосексуалците, правото на абортус и слични општествени појави. Актуелната економска и финансиска криза најверојатно ќе му нанесе сериозен удар на дивиот неолиберализам, со што ќе се отворат шанси за реанимација на левицата! Левицата во Македонија самата се дискредитира со перфидната и парадоксална политика што ја водеше кога беше на власт. Од една страна во Уставот запиша социјална држава, право на секој човек на работа, а од друга страна, со криминалната приватизација, на голема врата ја внесе ултра неолибералната општествена матрица! Казната беше неизбежна!
Од: daVinci
Датум: 12.03.2009 10:02:52
Ako nisto drugo, nekoj od levicata se odvazi da mu pogledne na zivoto vo oci i da zboruva otvoreno, NE protiv drugite, tuku protiv SVOITE!!! BARVO!!! Ako nisto drugo, i kako pratenik Anastasovski cesno si go zarabotuvase lebot i otvoreno govorese za site problemi. Toj duri stana i protiv Gruevski koga bea vo koalicija. uste ednas, BRAVO profesore!
Од: критичар - средно млад
Датум: 12.03.2009 10:23:29
Кинењето на нишките со минатото и воведување `деца` во политиката резултираат со безидејност. Идеалите се или непостојни, или невидливи. Тоа не било случај со постарите генерации и затоа тие (барем делумно) можеле да анимираат. Сегашнава борба за пари, со што помалку труд, без искуство, без почитување на искуството, доведува до `распарталување` на партиите.
Од: Rasipani matrici
Датум: 12.03.2009 10:32:39
Ivcane ! pa so koi personi na celo na socijademokratijata mislis da se izvrsi redefiniranje na nejzinita ,programa, koncepti i celi. So tvojot sef na partijata Tito , koj e vecno vo politckiot zivot uste od komunizmot( slusam deka navecer i nautro kako molitva ja peel Internacionalata) ili pak so " drzavnikot Brako , koj e 18 godini vo prednite redovi na SDSM. Kaj niv ideoloskata matrica im e nepovratno rasipana i tie na mozat da donesat svezi idei. Novi lica za zal ne se javuvaai , ili pak ne im se dozvoluva da se pojavat( evi i ti proba vo NSDP da deluvas drugacie , a vide na kakvi opstrukcii naleta) Znaci krizata na socijademokratijata , so ovie kadri , bez novi lidje so novi idei ce potrae uste dolgo.
Од: sdsmovec
Датум: 12.03.2009 10:59:48
Za zal profesore taka e. Vo devedesetite gi gledavme na visoki pozicii sinovite i kerkite na chelnicite od bivshiot sistem , a sega dojde vreme da gi gledame i nivnite vnuci po sovetnickite listi. E pa ne odi taka . Ne e Makedonija privatna sopstvenost na stotina familii. Vo nea ziveat , rabotat i doprinesuvat uste 2 milioni.
Од: до сите по горе
Датум: 12.03.2009 14:00:10
Добра анализа, иако се согласувам со еден од коментарите, можела да биде и подлабоко политолошко и социолошко образложена. Но, најважното, што го има и во сите погоре коментари е дека во Македонија социјалдемократија, па и другите политички партии, но посебно СДСМ главно го презедоа синови и ќерки на бившите комунистички функционери кои во партијата единствена цел им беше личниот статус, богатењето и лесното живеење. А, се гледа и од ова колумна и коментарите, Македонија има паметни луѓе, но тие пред наездата на таквите кариеристи се повлекоа. И се случи по онаа од Иво Андриќ: „Доаѓат така понекогаш времиња, кога паметните ќе замолчат, улавите проговараат, а фукарите се обогатија“. Ете, тоа и се случи на Македонија. Конкретно, социјалдемократијата не можат да ја обноват истите кои минатите 20 години ја упропастија: Треба нови луѓе, без разлика на возраста, со нови идеи и визии. Инаку, ВМРО ДПМНЕ, покрај десница, уште долго ќе мора да глуми и левица.
Од: blazo0870
Датум: 12.03.2009 14:12:03
tropas gluposti ti najde da kazuvas koj rabti za svoj interes,ima eden skec od k-15,onoj so pratenicite na licitacija,gledaj go moze ke se prepoznaes.
Од: glasac
Датум: 12.03.2009 18:37:11
Epa vreme e levicata nekoj da ja povede od vas mladite, bravo Ivan golema podska ti veruvame samo napred

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)
Кризата ја расипа предизборната идила
За 32 часа, Македонија ја погодија 30 земјотреси
Светот гори, Македонија гради куполи
Зденко
Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?
Карикатура
Изборна матура
Прекопувањето на бугарските гробишта стигна во ЕП
Водоводџиска цевка
Демолиран изборен штаб на ДПА
Запленети 530 килограми марихуана
Одбележана годишнината од депортирањето на македонските Евреи
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови
Искористете ја шансата за поправен
Гошев