Почнувајќи од фаворитите, Иванов и Фрчкоски, во кампањите се забележува диференцијација на целните групи
Во последно време често добивам прашања дали е тешко да се работи политички маркетинг и дали е комплицирано да се осмисли, да се организира и да се спроведе политичка кампања. За жал, морам да ги разбијам илузиите, не е тешко. Во денешно време не е тешко ни да составиш нуклеарен реактор, ни да отпатуваш во вселената. Се' е возможно. Толку е глобализирана светската економија и понудата на разни услуги, што се' може да се купи, и тоа по конкурентни цени. Едноставно, треба да побараш, и тоа најчесто само да изгуглаш (google), и постојат подготвени понуди за се', од составување сопствен хеликоптер, до цела плејада агенции кои се подготвени да понудат секакви професионални услуги. И покрај сето ова, сепак, нашите политичари како да не се во целост подготвени да го купат и применат знаењето на професионалните агенции за политички маркетинг. Едните како да не сакаат да користат услуги на професионалци, а оние кои ги ангажирале, како да не сакаат да ги послушаат. Да се чудиш, од 10 политичари, 8 ќе признаат дека не знаат да сменат водоводџиска цевка, и дека за тоа треба квалификуван мајстор, ама сите знаат политички маркетинг, и за тоа не требало професионалец. Така, останува само да се анализираат и споредат претседателските кампањи, и јасно е со каква позиција и во какво опкружување се создадени тие. Рака на срце, фактот што по појавните знаци на кампањите нешто воопшто може да се заклучи е промена кон подобро, бидејќи тоа значи дека постои некаква консолидација и професионализација, но не е доволно. Ќе се обидам да понудам некоја анализа низ стандардните оски: стратегија и целни групи, идеол��гија, слоган, продукција и ПР-алатки и јавни настапи на кандидатот.
Стратегијата и целните групи на кандидатите овој пат јасно се разликуваат и претставуваат една од точките каде што развојот на кампањата е најнапреден. Почнувајќи од фаворитите, Иванов и Фрчкоски, се забележува диференцијација на целните групи. Иванов, на пример, јасно се обидува да примени пристап на т.н. „catch-all politics“, односно политика за широки народни маси, читај популизам. Тој смислено се претставува како народен човек, едноставен, од провинција. Во таа смисла, тој во настапите и во програмските определби упорно избегнува диференцирани и јасни ставови, туку се задржува на декларативни и нормативни фрази, проткаени со понекоја анегдота, што е класична одлика на овој вид стратегија. Фркоски, од друга страна, повеќе цели на урбаната популација, неговите тези и настапи се формулирани за оваа целна група. Ставовите се децидни и либерални, со јасно артикулирана реторика, која ја привлекува неговата целна група, но, од друга страна, не допира до широките маси. Бошкоски цели на гласачите од десната страна на политичкиот спектар, кои сега се отуѓени од владејачката партија поради нужното ублажување на некои идеолошки определби. Неговите настапи се чиста емоција, наменети да побудат симпатии кај гласачите, и во таа смисла нема диференцирана реторика. Селмани, пак, јасно ги таргетира и македонските гласачи и проектира умерен, рационален, политички имиџ. Настапите се, исто така, декларативни повеќе одошто суштински, но имаат доза на допадливост поради умереноста на ставовите и на однесувањето.
Идеологијата на кандидатите е втората оска каде што има сериозни промени во овој изборен циклус. Досега, на сите избори генералните стратегиски и идеолошки определби на кандидатите конвергираа дотаму што сите беа слични: брз пристап во НАТО и ЕУ, економска благосостојба, итн. Овој пат двата фаворита се разликуваат по клучни прашања од суштински интерес и во јасна ингеренција на функцијата за која се тркаат. Фрчкоски и Иванов имаат речиси дијаметрално различни ставови за прашањето на името и научните за негово решавање, се разбира поврзано со пристапувањето во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ. Во најсублимирана форма, Иванов вели: „Бидејќи ситуацијата е или идентитетот, или НАТО и ЕУ, мораме вторите да ги жртвуваме“. Фрчкоски вели: „Може и идентитетот и НАТО и ЕУ, со компромис за името“. Ваквите ставови се реално не различни, туку спротивни. Понатаму, двата фаворита се разликуваат и по други прашања, како, на пример, правото на абортус, веронаука и слично. Во овој случај, имаме диференцирана идеологија на фаворитите, што на гласачите им го олеснува изборот.
Што се однесува до слоганите и квалитетот на продукцијата на претседателските кампањи, тие во голема мера ја отсликуваат стратегијата и целните групи. Почнувајќи од Фрчкоски („Македонија – интегрирана и обезбедена“), слоганот јасно алудира на агендата на кандидатот, а фразеологијата и семиотиката е наменета за неговата целна група. Иако слоганот има некои технички слабости (предолг, не сосема јасен, комплициран), тој сепак соодветно ја претставува кампањата. Ист е случајот со Иванов. Тој слоган е јасен репрезент на популистичката кампања на водечкиот кандидат. „Еден за сите“ е јасна порака на урамниловка, на едначење и симнување на политиката до широките маси. Од слоганите можеби најпроблематичен е оној на Нано Ружин, („Моја Македонија – сложна и силна“), бидејќи не носи никаква активна порака, расцепкан е, и има само декларативна, нејасна когнитивна заднина.
Истото важи и за квалитетот на продукцијата. Двата фаворита имаат пристојна и квалитетна продукција, иако кај Фрчкоски се забележува недостаток на медиумски пласман. Другите партии и кандидати се' уште заостануваат со квалитетот на продукцијата и со техничките аспекти на дизајнот, па така, на пример, фотографиите се премногу коригирани и композицијата на некои дизајни е проблематична. Повторно најлоша продукција има Ружин, со претемна и неизострена слика, прекрстени раце во америкен-формат (најстрого забрането), и слабо техничко решение кое се граничи со технички неприфатливо.
На крај доаѓаме до ПР-алатките и настапите на кандидатите. Нема кој многу да се пофали. Од фаворитите и на ова поле добиваме она што очекуваме, од Иванов исплакнат и несигурен, а од Фрчкоски преостар и агресивен јавен настап. За волја на вистината, настапите на двајцата кандидати се подобруваат како штонапредува кампањата, така што да ��мавме уште некој месец немаше да ги препознаеме. Во овој дел реално предимство има Имер Селмани, кој изгледа смирено, авторитативно, сигурно и подготвено во своите настапи. Во таа смисла, бидејќи науката вели дека 90 отсто од гледачите ја паметат формата, а не содржината на јавниот настап, најчесто подобро поминуваат смирени и нејасни тези, одошто јасни и остри аргументи.
За крај, да сублимирам. Кампањата за претседател во Македонија е во полн ек. Кандидатите и нивните кампањи се подобри одошто во претходните, а полоши одошто во идните циклуси. Со сите свои недостатоци, постои реално подобрување на квалитетот на продукцијата и јавните настапи. Она што недостига е посериозно прифаќање на професионлните услуги и поголема дисциплина кај кандидатите.
Neznam do kade dojdovte do zaljucok deka Frckoski ne vodi populisticka politika(objasnete ni sto bea sredbite so mlekoproizvoditelite i stocharite).Ova ili vi e golem lapsuz ili nedovolna analiza."Uramnilovka"-ovoj zbor dosega ne go imam sretnato vo nieden makedonski recnik.Iako za nekoi raboti ste vo pravo-najrealno gledano analizava vi e potprosecna.Pozdrav
Од: mene
Датум: 12.03.2009 04:27:04
luge, trgente go ovoj da ne pisuva veke!!! ni go trosi vremeto na ste!!!
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 12.03.2009 05:51:53
Petar, analizata e v red, ama te molam vo idnina ne upotrebuvaj zborovi kako sto se "targetira" ili "PR". Pot me obliva stom gi vidam, zatoa sto nemaat nisto zaednicko so nasiot jazik. Postojat vo makedonskiot jazik soodvetni izrazi - zborovi, kako sto se cel i odnosi so javnosta.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 12.03.2009 07:48:14
Vo FYROM ima 2 milioni politicki eksperti, a Frckovski i Ivanov ne se nikakov isklucok. Takvite eksperti obicno se 'aktiviraat' na sobiranki kade sto se konsumira alkohol :))) Ima edna izreka, "Steta sto najgolemite politicki eksperti i lugje koi znaat kako treba da se upravuva so svetot, se prezafateni vozejki taksi ili cistejki konduri".
Од: eleni
Датум: 12.03.2009 09:23:40
Se cini deka Frckovski e "zajakot" vo trkata namesten od VMRO -DPMNE.Posle maznoto odbivanje na ponudata za Kerim kako "zaednicki" kandidat, SDSM se zaleta po Frcko,predvidlivo.
Se gleda i po rejtingot momentalen vo vesnikov.
Frcko raboti za pari a parite se sekogas vo vlasta
Од: Trpe original
Датум: 12.03.2009 10:31:22
A ti "cistac na toaleti od EU" imaj malku svoe jas i pretstavi se so ime i prezime.Kako ne ti e sram rodnoto ogniste FYROM da si go vikas bre drvo neizdelkano!!!Ti si edna najobicna gluperda.Prodolzi si so cistenje toaleti.Inaku za analizava-ima i nekoi vistini a dodushe i preuvelicani raboti.
Од: Васко
Датум: 12.03.2009 11:43:47
Малку е пренасилено да се каже дека кандидатите недоволно ги користат услугите на професионалци од области како односи со јавност. Всушност, досега видовме многу малку од вистинските личности на кандидатите а многу повеќе од нивните “извајани“ ликови со помош на разноразни пропагандни машинерии.
А и би било ужасно да ги користат истите услуги повеќе од ова ниво. Иритира недостатокот на доследна политичка содржина, а не на пакување. Кој како си гледа на нештата. Мојот поглед и погледот на некој политички комуниколог кој чека да ги продаде своите услуги не е ист...
Ново помодарство е да се рецензира политичката комуникација, правејќи го невидлив и нејасен идеолошкиот профил на носителот на таа комуникација. Каде се скрија политичките аналитичари?
Од: memyselfandi
Датум: 12.03.2009 12:14:05
Не е добро кога се дозволува на некој кој активно е вклучен во изработка на определена кампања (чик погодете која), да дава „субјективно“ мислење за квалитетот на неговата и на сите други. Нормално е дека за својата ќе си напише најубаво. Во секој случај добро е што некој се сетил да прокоментира, а вие од Утрински, потрудете се оваа тема од повеќе релевантни луѓе да се покрие и да има некаква тежина.