Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Гошев: Владата се задолжува поради буџетскиот дефицит

Вкупниот јавен долг изнесува 1,844 милијарди евра, а годинава со буџетот е предвидено да се вратат вкупно 186 милиони евра вели Петар Гошев

Соња Маџовска


Буџетскиот дефицит е главна причина за новото задолжување на Владата на домашниот пазар. По која цена ќе се задолжува државата, одлучува Министерството за финансии. Ова е ставот на гувернерот на Народна банка на Македонија, Петар Гошев.

Во врска со тоа зошто Владата се реши на вонредна аукција со издавање едномесечни државни записи за првпат, и тоа со камата од дури 8,9 отсто, гувернерот објаснува дека причина е буџетскиот дефицит.

„Тоа е работа на Министерството за финансии. Во буџетот има дефицит, а тој може да се финансира од домашни извори и со надворешни задолжувања. Може и со комбинација, со внатрешно и со надворешно зајмување. По која цена ќе се задолжува Владата, одлучуваат надлежните институции за буџетот“, вели Гошев.

Иако опозицијата завчера отворено ја обвини Владата дека задолжувањето со високи камати на државните записи неминовно ќе доведе и до зголемување на банкарските камати, Министерството за финансии возврати дека каматите се формираат пазарно. И премиерот Никола Груевски вчера изјави дека издавањето едномесечни државни записи било редовна работа што се прави со години наназад.

Експертите, пак, коментираат дека продажбата на државните записи со олку високи камати ќе влијае и на зголемување на банкарските камати. Тие објаснуваат дека екстра-каматите можеби се резултат на потребата, од една страна, итно да се пополни буџетската дупка, а од друга страна, со високите камати да се привлечат повеќе инвеститори. Паѓа во вода објаснувањето на Министерството за финансии дека државните записи биле издадени поради барање на клиентите, бидејќи ако се анализираат на��азад аукциите, ќе се види дека записите не биле продавани 100 отсто.

Според официјалните податоци од веб-страницата на Министерството за финансии, за три месеци се реализирани и пет аукции на тримесечни државни записи, со што по оваа основа се зајмени пари од домашниот пазар во износ од 94 милиони евра. Каматите за овие записи се движеле од 7,5 до 8 отсто, но биле продадени помалку од понудените износи. Може да се заклучи дека како што е поголема долгорочноста на записите, каматите се помали, но и заинтересираноста на инвеститорите се намалува.

Овие задолжувања на Владата го билдаат внатрешниот долг, но од почетокот на годинава е зголемен и надворешниот долг, исто така, за потребите на буџетот. Надворешниот долг е зголемен од 1,113 милијарди, колку што изнесувал во декември лани, на 1,136 милијарди евра заклучно со јануари годинава. Има зголемување за 23 милиони евра, а најголемиот дел од долгот го направила централната Влада за потребите на буџетот.

Заедно надворешниот и внатрешниот долг, кои го даваат вкупниот јавен долг на државата, заклучно со јануари годинава изнесува 1,844 милијарди евра. Според податоците од Министерството за финансии, од годинашниов буџет се планира да бидат отплатени 70 милиони евра кон надворешните кредитори и 116 милиони евра кон внатрешните кредитори.

Инаку, допрва се очекува да расте надворешниот долг поради ветените 8 милијарди евра владини инвестиции. Со нова стратегија Владата ќе оди на зголемување и на надворешниот долг, кој се планира да се искачи на 40 отсто од БДП. Домашните експерти веќе предупредија дека државата нема толкава моќ за задолжување и дека ниту може да ги најде тие пари ниту да ги враќа. (С.М.)


Статијата е прочитана 1795 пати.

Испрати коментар

Од: Deni
Датум: 12.03.2009 00:33:15
Se ova Grujo go pravi samo za mackanje oci na neukiot makedonski graganin,koj ne razbira deka podocna samo on ke ja plaka cenata i toa dva pati,kako sto vika i pogovorkata.Svestete se narode,dajte mu viza na natrapnikot i da si odi.(aps)
Од: Flaster siti
Датум: 12.03.2009 00:48:51
Бидете поконкретен господине Гошев: Владата се задолжува оти е корумпирана. Со толку многу криминалци во и околу неа, на Македонија и е запечатена иднината.
Од: jimmy1
Датум: 12.03.2009 01:49:05
Taka e koga trosat golemi sumi na pari za gluposti, za licni potrebi, za samoreklamiranje, a ne e cudno del od budzetott da odi vo ceska za izgradbata na "hotelite" odnosno skrivalisteto na aramiite. A dali nekoj znae kolku pare se ukradeni od budzetot???
Од: acko
Датум: 12.03.2009 08:43:41
Zamislete da ne bea tolku samobendisani sto se ke se napravese so parite samo od nivnite reklami............
Од: andrej
Датум: 12.03.2009 08:52:31
Krahira megalomanskiot budzet na grujo!!Ke ne zadolzi za navek, pa ke otplakame negovi dolgovi uste mnogu godini!Neka ni e na zdravje!
Од: dragan
Датум: 12.03.2009 10:08:21
Tolku golemo samoreklamiranje,lazenje na narodot ke napravime ona,ke napravime ova,neminovno ke dojde trosok na parite za na kraj site nie da gi otplakame.Narode osvesti se
Од: фараон
Датум: 12.03.2009 11:51:34
Е онаа Соња Николовска ќе може да учи од Грујо за „Пирамиди“. Овој ќе ја помине и Кеопсовата. Оваа е маж , во очи те гледа и те лаже.Имало интерес за записите.Абе будало може сега ќе земеш пари од странци кои ќе се залетат по убави камати ама кога ќе ги вракаш од каде ќе ги враќаш, од чии пари? А каматите што ќе скокнат како ќе се движи стопанството?
Од: lefko od prilep
Датум: 12.03.2009 16:36:53
gospodinot gosev e vo pravo sekakvi cestitki za guvernerot mislam deka e mno slicen na rohatinski zosto ovaaavlada ne go slusa ovaj covek koj navistina znae ekonomija!
Од: dejan
Датум: 12.03.2009 19:05:59
Ne nema lek za ovaa vlada, samo proteruvanje od drzavava tolku ne isporasipaat za ovie 3 godini nema da mozeme da se opravime naredni 100 , so nivnite 100 cekori ne vratija 10000 godini nazad

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)
Кризата ја расипа предизборната идила
За 32 часа, Македонија ја погодија 30 земјотреси
Светот гори, Македонија гради куполи
Зденко
Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?
Карикатура
Изборна матура
Прекопувањето на бугарските гробишта стигна во ЕП
Водоводџиска цевка
Демолиран изборен штаб на ДПА
Запленети 530 килограми марихуана
Одбележана годишнината од депортирањето на македонските Евреи
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови
Вистинското лице на социјалдемократијата
Искористете ја шансата за поправен