Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Кризата ја расипа предизборната идила

Нина Нинеска-Фиданоска

И покрај оптимизмот со кој сме заплиснати деновиве од сите страни, особено од власта која се обидува колку што е можно повеќе предизборно да им се додвори на гласачите, во реалноста некако и не ни цветаат рози на економски план. Првите луѓе на Владата секојдневно не' убедуваат дека Македонија не била многу засегната од светската криза, а што е уште пострашно, така и се однесуваат пред очите на јавноста. Како да нема криза насекаде околу нас, туку таа да е некаде далеку, на некоја друга планета. Несериозно, па дури и смешно звучат нивните изјави од типот дека кризата ќе морала да се почувствува и во Македонија, ама Владата веќе ги презела сите мерки за таа помалку да влијаела негативно врз нашата економија.

Премиерот и министрите се' уште не сакаат храбро и одговорно да не' известат дека економскиот раст годинава ни во најубавите соништа нема да изнесува 5,5 проценти, ниту, пак, дека во државната каса ќе успеат да соберат приходи дури 2,5 милијарди евра. Таквите бројки сега веќе не звучат ни комично, туку повеќе би се рекло трагично, бидејќи и на најнеупатените им е јасно дека се само чиста илузија.

Не е дека главните играчи во Владата не седнале досега и не направиле нови математики за тоа како годинава вистински ќе се движи македонскиот БДП и колку пари реално ќе се слеат во буџетот. Впрочем, со такви пресметки веќе одамна излегоа сите држави во светот и за тоа транспарентно ги информираа своите граѓани, а релевантни прогнози даваат и меѓународните институции, и тоа ревидирани од ден на ден, бидејќи состојбата на економски план станува се' подраматична.

Не дека нашите власти не знаат оти многу компании го намалуваат производството, нивните нарачки се откажани, странските партнери се изгубени, се намалува индустриското производство и воопшто, ситуацијата само повеќе се влошува, а никако не тргнува на добро. И, конечно, не може тие да не гледаат оти во буџетот се слеваат многу помалку пари од оние што ги предвидоа и кои им се потребни за да ги остварат ветувањата што сега, како од ракав, им ги даваат на граѓаните.

Ама таквите неубави работи очигледно не се за кажување пред избори. Во овој период никако не смее да се зборува за криза, за лоши економски прогнози и за какви било проблеми на фармери или на стечајци. Тие теми сега не треба и не смее да се отвораат. Треба само да се информира за инвестиции и за нови странски компании кои, наводно, само што не почнале да ги градат своите фабрики во „Бунарџик“.

Сепак, и покрај сите обиди на власта да „избега“ од кризата и да се прави како да ја нема, да не постои, само со цел да не и' ја расипе идиличната предизборна слика, работите си излегуваат на виделина.

Завчера, на пример, јавноста успеа да дознае дека Владата влегува во ново задолжување од дури 32,5 милиони евра, пари кои ги зајми од домашни кредитори преку издавање едномесечна државна обврзница, а ќе треба да ги врати веднаш по изборите. Значи, на власта навистина и снема пари во буџетот, како што одамна ја предупредуваа многу аналитичари, па мора да се снаоѓа како што знае и умее за да дојде до потребните средства. И не само тоа, туку за овие пари плаќа и екстра- камата од дури 8,9 отсто, и тоа во време кога жестоко ја обвинува централната банка дека ги држи високи референтните каматни стапки од 7 проценти.

Впрочем, министерот за финансии минатата недела призна дека во буџетот се намалени приходите во однос на проекциите за околу 6,5 милиони евра. Тој тогаш кажа дека се работело за мал процент на неостварување настанат поради светската криза, но тоа „ни оддалеку не е нешто што би требало да не' загрижува“. Но, дали е така и дали и самите министри се убедени во оптимистичките изјави што ги даваат, засега е голем прашалник.


Статијата е прочитана 1176 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 12.03.2009 00:05:44
Onoj sto go slusase dobro Gruesvki ke go razberese sto sakase da kaze.Vistinata e deka nie uste ne sme ja osetile vo golema mera svetskata kriza! Samo poglednete sto se slucuva vo drugite zemji!
Од: ramadan
Датум: 12.03.2009 00:44:03
Kako trgnala rabotava,ne ni se pisuva dobro.Me cudi sto trebe na ovoj narod da mu se napravi za da se osvesti.Ne sum od onie zakoraveni kritizeri na ovaa vladeacka garnitura.Na pocetokort na nejziniot mandat duri i jas se zanesuvav deka"deckive"imaat hrabrost da se dokazat i da stanat vistinski patrioti.I nisto ne e cudno nitu sramota da veruvas vo nekogo.Medjutoa rabotive trgnaa vo sprotivna nasoka.Svetot se trese, nie se odnesuvame kako da seto toa se desava na Mars.Ne mozam da razberam nekoi raboti sto kaj nas se pravat.Takva hrabrost vo oci da gi lazes ludjeto kako da se hipnotisani toa ne odi na arno.Sto mi vredi ako eden den ovaa Vlada padne.Ce dojde druga ,pa jovo nanovo.,a jas i iljadnici kako mene so prstot vo usta.Pustigo televizorot na SITEL i ce go cues Latas kako prede i si mislis deka med i mleko tece po ulicite.Vo sesnaeset i trieset na kontaktnata emisija BUMBAR,bumbarkata postavila tri temi kako sto i kazal Latas i narodov se javuva i pee slavopojki za Vlasta.Cudno....
Од: Vlado Masalko
Датум: 12.03.2009 03:53:38
Statijava e predizborna opoziciona reklama!!!Toa cel svet ekonomski propadna a Makedonija i taka e propadnata ekonomski vekje 20 godini a vie ni drzite cas po ekonomija.Zaev kje ja podobri ekonomijata-na son ama!!!Balkanskiot mentalitet na lopovluk i laziranje si go pravi svoeto-toa se sluci i so Swedmilk.Zasto ne kazete samo deka i Zore Temelkovski ima udel vo ovaa zavrzlama?
Од: Круме
Датум: 12.03.2009 07:19:27
Која предизборна идила? Зарем за новинарката е идила катастрофално нискиот рејтинг на нејзината СДС?
Од: Makedonec vo EU
Датум: 12.03.2009 07:54:22
Po logikata "tie sto odat peski, ne se sekiraat koga ke snema benzin", Gruevski predvide deka krizata nema premnogu da se pocuvstvuva vo FYROM. Dali bese vo pravo - narodot ke vidi podocna - posle izborite :)))
Од: acko
Датум: 12.03.2009 08:30:11
Znaci od vistinata ne se bega.Ovie nasive manipulatori se so kratok vek na traenje bidejki imaat samo edna cel,vlast i nisto drugo po sekoja cena.Dali ke odime napred po 22 zavisi samo od nas a site fakti za izbor se pred nas..............
Од: epten zaeban
Датум: 12.03.2009 09:17:10
Krizata zafaca takvi razmeri da preti da go paralizira celoto ziveenje .Na teliviziite na vladata gi ima povece se samo slavopejki kolku ubavo se zivee vo Makedonija i kako ce se ziveee vo idnina Se javuvaat mnogu gledaci koi so voshit zboruvaat za uspesite na vladata i samo ako bi ja nemalo opozicijata kaj bi ni bil krajot. Nekoj ce rece deka toa se mal broj platenici na vlasta no i ako e taka toa sepak govori kakov narod sme ,zarem nema nekoj od nivnite rodnini i prijateli da im kaze kolku e nivnoto dejstvuvanje idiotsko pa i toa na Bumbarkata Milenko janko Tomic i na niv slicni.
Од: jovica
Датум: 12.03.2009 09:24:35
Za se e kriv Grujo, oti pred toa makedonskata ekonomija i stopanstvoto go sakatija direktorite i stecajnite sudii na SDSM. Ako e kriza, togas e kriza, ne zaradi Grujo, krizata samo moze na Grujo, ili na Sv. Branko, ili na Sv. hari da im gi vrzuva racete. Ama Grujo ne e feniks. Ili mozebi treba da im napravi nacionalizacija na ukradenoto, pa togas da go platat cehot za nasite sostojbi tie sto vo 1994 so zakonot na Jane mIljovski mu ja plakaa majkata na makedonskoto stopanstvo, za so nego da vladeat tajunite na SDSM. E sega, otkako im seknuvaat nekoi cesmicinja, Grujo im e kriv za se. Ako gi biduvase, tie, a ne Grujo ke ja krenea stopanski Makedonijatav ni, dosega mnogupati. Ama batki, vlast je slast, pa i po 15 septemvri volkot ne go smena tabietot, samo vlaknata. Kriza e pa sto. Koga sme bile von kriza oddkako se osamostoivme? Celo vreme, i ne moze vinata da bide samo ednostrana.
Од: Petar.k
Датум: 12.03.2009 09:47:24
Nema da nastapam kako politicar ali imam edna molba da izlezeme na izbori da go dademe svojot glas za tie sto ke ni ovozmozat da patuvame bez vizi(za EU) da bide se mirno da ni se osveti patot kon evropa ali ne so pomos na politicarite koi sega ni vetuvaat zatoa sto tie ne^ sakaat da odime vo evropa zatoa sto ke nema koj da raboti na nivnite imoti.Zatoa da izdrzime na ovie izbori da se splotime da izdrzime uste da ni odobrat da vlezime vo EU kako rabotnici znaete i toa e napredok na drzavata oti taa ke se gordee kolku vredni rabotnici ima da rabotat po tujgi dvorovi da ispratat pari da gi zadovolat potrebite na drzavata da im bide zadovolno semejstvoto sto go ostavile za nivna zamena ke se pogrizi drzavata pa tie ke ni gi zadovoluvaat nasite zeni za vozvrat sto nie im isprajcame sredstva da bidat raspolozeni.Samo se cudam na kogo ke im bidat potrebni politicarite? koga vo drzavata ke ostanat samo penzionerite i PARAZITITE.
Од: m.m.-Bitola
Датум: 12.03.2009 16:19:42
Takvo edinstvo kavo sto nudi vlasta ni bilo ni ke bide toa e ednostavno nevozmozno levite opcii da se soedinat so desnite.Metodite na vladeenje na desnite opcii na site ni staa jasni i gi osetivme na svoja koza so svoeto neodgovorno rabotenje i trosenje vo uslovi na recesija tie sto glasaa za niv se nezadovolni oti im obekaa pari za da ostanat na vlast a sega ne im gi ispolnuvaat vetuvanjata i sme vo situacija pred svetot od stravot se bega od sramot ne se bega zatoa Frckovski treba da bide Pretsedatel , a na lokalnite nizbori vlasta da padni, inaku doprva za leb ke propita narodot po ulicite ic da ne ve cudi sto e skromna kampanjata i sto ne e se taka rozevo kako sto saka vlasta so tv da prikaze

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)
За 32 часа, Македонија ја погодија 30 земјотреси
Светот гори, Македонија гради куполи
Зденко
Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?
Карикатура
Изборна матура
Прекопувањето на бугарските гробишта стигна во ЕП
Водоводџиска цевка
Демолиран изборен штаб на ДПА
Запленети 530 килограми марихуана
Одбележана годишнината од депортирањето на македонските Евреи
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови
Вистинското лице на социјалдемократијата
Искористете ја шансата за поправен
Гошев