Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија
Образованието секогаш го има потенцијалот да дејствува како баланс меѓу можностите, но и како моќно гориво за економски раст и ефикасност, а со тоа и за бришење на социјалните, економските и културните разлики и бариери кои се' повидливо се појавуваат во новата доба“, истакна претседателот Бранко Црвенковски, кој вчера во Собранието му го врачи Орденот на Република Македонија по повод 60 години од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој додаде дека Скопскиот универзитет ја зацврстува определбата за заедничко градење на иднината на светот, со воведување модерен принцип во функционирањето на високообразовниот систем.
Најстарата високообразовна институција во Македонија го доби одликувањето поради постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност и за придонесот во севкупниот развој и афирмација на Македонија како современа демократска држава во светот. Орденот на Република Македонија го прими ректорот на Универзитетот, д-р Велимир Стојковски, истакнувајќи дека тој е награда за сиот труд на наставно-научните кадри во изминатите 60 години. (МИА)
|