Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија

Во отсуство на Болт и на Пауел, стотката во Шангај му припадна на Фрејтер со 10,05 сек.

Мајкл Фрејтер (25) ја продолжи победничката серија на спринтерите од Јамајка во трките на 100 метри оваа сезона. Викендот тој победи во „стотката“ во Шангај (10,05 сек.), митинг што се бодува за наредната година и воедно е дел од Светскиот Атлетски Тур чие финале овојпат ќе биде во Солун наместо во Штутгарт. Второто место го освои неговиот сонародник Неста Картер (10,10 сек.), а трет низ целта мина Британецот Хари Ејкинс-Ариети (10,17 сек.). Во трката не учествуваше само Холанѓанецот Даглас Каимин кој поради два погрешни старта беше дисквалификуван.

Лесна победа на 400 метри со пречки оствари Американецот Анџело Тејлор. Олимпискиот шампион од Пекинг притоа забележа време од 44,94 сек., како втор заврши Конгоанецот Гери Кикаја (45,09 сек.), а до бронзениот медал дотрча Ван Зул од Јужна Африка (46,02 сек.). Носителот на бронзениот медал на ОИ 2008, Бершон Џексон потфрли и го освои петтото место.

Трката на 800 метри донесе нов најдобар резултат на светот во оваа сезона во продукција на Вилфред Бунгеи (1:44,63 мин.). Пласман на второто место оствари Полјакот, Павел Чапиевски (1:44,96 мин.), трет во целта пристигна Џефри Рон со личен рекорд - 1:45,13 мин.

Олимписката победничка на 200 метри, Вероника Кемпбел-Браун, победи во трката на 100 метри кај дамите. Светската шампионка во оваа дисциплина во Шангај истрча респектабилни 11,01 сек., Американката Лорин Вилијамс беше втора (11,26 сек.), Британката Џенет Квакје заврши на третата позиција со време (11,32 сек.).

Елена Исинбаева се' уште не е „на свое“ по прележаниот вирус оваа недела. Русинката, во Шангај, триумфираше, но не само што беше далеку од напад на светскиот рекорд, туку таа не беше блиску ниту до рекордот на митингот што го постави лани. Прескокна 4,60 метри од вториот обид (во 2007 година Исинбаева прелета 4,83 метри) што, сепак, беше доволно за златен медал. Нејзината сонародничка Татјана Полнова беше втора, откако во првиот обид ја прескокна летвичката на височина од 4,50 метри, а на третото место на победничкиот пиедестал, со идентичен резултат меѓутоа од втор обид, се искачи Германката Каролин Хингст.


Статијата е прочитана 125 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Вердер го посрамоти Баерн
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!