Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вердер го посрамоти Баерн

Баерн Минхен го доживеа еден од најтешките порази во поновата клупска историја, а со тоа и Јирген Клинсман во тренерската кариера. Во мечот што привлече најголемо внимание во петтото коло во германското фудбалско првенство Баварците на сопствениот тревник беа „покосени“ од Вердер со убедливи 2:5. Гостите од Бремен имаа изненадувачки плус пет. За тоа се погрижија Розенберг во 30 и 67 минута, Налдо во 45, Оцил во 54 и Пизаро во 60. Бламажата на домашните ја ублажи екс играчот на Вердер, Тим Боровски, со головите во 71 и 85 минута, но тоа нема да му ја олесни работата на Клинсман да им објасни на навивачите на својот клуб за причините за овој, за нив, срамен пораз. На тој начин Вердер ја прекина серијата од 20 натпревари без пораз на домашен терен на Баерн (М) што е рекорд во Бундеслигата.

„Ова е црн ден за нас. Добивме голема шлаканица“, изјави кормиларот на Баварците, Јирген Клинсман, за чиј тим ова е прв пораз во оваа сезона.

Иако и двете екипи не можат да се пофалат дека се наоѓаат во добра форма, сепак, фудбалерите на Вердер во целост се избавија кон своите симпатизери по неочекуваното реми во Лигата на шампионите против кипарски Анортозис. За волја на вистината Вердер во последно време добро минува на Алианц арената, но триумфот од 5:2 против Баерн (М) не се случува често.

Тоа го искористи Шалке 04 и со триумфот над Ајнтрахт на домашен терен со 1:0 го презеде водството на бундеслигашката табела. Стрелец на единствениот погодок на „Велтинс“ арената беше Џеферсон Фарфан во 41 минута, а тимот на Александар Васоски и натаму ќе мора да чека на премиерната бундеслигашка победа во новата сезона.

А, без триумф засега останува и Енерџи (К) на Игор Митрески. Во ова петто составот од Котбус ремизира пред своите фанови во дуелот со Бохум - 1:1. Домашните поведоа преку Соренсен во 13 минута, израмни Јахиа во 48.



Бундеслига, 5. коло

Резултати: Баерн Минхен - Вердер 2:5, Борусија Менхенгладбах - Херта 0:1, Шалке 04 - Ајнтрахт 1:0, Арминија - Келн 2:0, Енерџи Котбус - Бохум 1:1, Баер Леверкузен - Хановер 4:0. Вчера играа: Хофенхајм - Борусија Дортмунд, Штутгарт - Карлсруе, Волфсбург - Хамбургер.

Табела: Шалке 04 11, Хамбургер 10 (-1), Баер Леверкузен 9, Вердер 8, Баерн Минхен 8, Борусија Дортмунд 8 (-1), Херта 8, Штутгарт 7 (-1), Хофенхајм 7 (-1), Волфсбург 6 (-1), Бохум 5, Арминија 5, Келн 4, Хановер 4, Карлсруе 3 (-2), Борусија Менхенгладбах 3, Ајнтрахт 2 (-1), Енерџи Котбус 2.


Статијата е прочитана 208 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!