Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вардар ефикасен и кога не игра најдобро

Иако не блескаа, црвено-црните во прволигашкиот дуел го победија Напредок со 4:2

Миодраг Мицковиќ


Чудна е играта на фудбалерите на Вардар. Играат ефикасно, на последните пет натпревари од почетокот на новото првенство постигнаа дури 16 гола, се' уште ја немаат почувствувано горчината на поразот, водат на табелата, но некако нивната игра не е убедлива, како што ја посакуваат нивните навивачи, раководството на кубот. Играат во осцилации, за миг одлично, потоа не можат да се препознаат. Тоа се повтори и на саботниот меч против Напредок на кој победија навистина убедлива - со 4:2, но повторно со две различни полувремиња. Како да им треба време да се загреат, да почнат да играат онака како што сите очекуваат од нив.

Во првото полувреме со мачеа, иако имаа иницијатива, беа тотално безопасни по голот на Јусуфи. За илустрација говорат и овие два податоци. Дури во 28 минута го изведоа првиот корнер, првиот удар кон голот на кичевчаните го упати Положани од слободен удар во истата минута, но топката заврши во поставениот „ѕид“. И, конечно, во 44 минута ја видовме и првата шансас на вардарците што ја имаше Милисављевиќ, но голманот Јусуфи одлично интервенираше спасувајќи ја својата мрежа.

Тоа беше што го покажаа играчите на Вардар во првото полувреме, но затоа пак дозволија гостите во 22 минута, да дојдат во водство со голот на Левков речиси од три потези. Што е уште поинтересно, во 15 минута Костенчевски имаше убава прилика, но за среќа на Пачовски не постигна гол.

И потоа сосема друга слика на теренот, еден нов Вардар, поофанзивен, кој знаеше да ги искористи и претвори во голови речиси сите шанси што ги имаше, но рака на срце, благодарејќи и на грубите грешки на одбранбените играчи на Напредок. Најпрвин Глигоров го израмни резултатот во 47 минута за да потоа Вардар целосно ја преземе иницијативата. Кога во 69 минута Милисављевиќ го доведе Вардар во водство со 2:1, а потоа Бајевски со прекрасен гол во 76 м, практично го реши мечот, се чинеше дека мрежата на кичевчаните ќе биде неполнета до врв. Но, Вардар како по правило, знае да прима евтини голови. Малку неизвесност донесе голот на Савевски во 84 минута, но тоа беше се' што направија кичевчаните бидејќи набрзо Трпеноски доби втор, автоматски и црвен картон и гостите од Кичево наполно се предадоа, му дозволија на голгетерот на Вардар, Јанчевски, во 90 м да го збогати своето голгетерско салдо и тоа беше крај на приказната на саботниот меч меѓу Вардар и Напредок.

Напишавме и ќе повториме. Вардар ефикасен, но со својата игра не толку убедлив. Добро е што неговите фудбалери ги користат сите шанси и грешките на противникот, но дали секогаш ќе биде така со оглед дека ги очекуваат на наредните средби Македонија ЃП и Работнички. Тие ќе бидат вистински тест за можностите на ��ардар, кој годинава има сигурно еден од најсилните состави во досегашните првенства на самостојна Македонија.

Вардар - Напредок 4:2



Полувреме: 0:1. Градски стадион во Скопје. Играно без гледачи. Судија: Љубомир Крстевски од Битола. Стрелци: Глигоров во 47, Милисављевиќ во 69, Бајевски 76 и Јанчевски во 90 за Вардар, а Левков во 22 минута за Напредок. Жолти картони: Милисављевиќ и Вајс (В), а Симоновски, Трпеновски (Н). Црвен картон: Трпеновски (Н).

Вардар: Пачовски, Брага (Петров), Станишиќ, Љубисављевиќ, Положани, Вајс, Муса, Али (Бајевски), Милисављевиќ (Пеев), Масев, Глигоров, Јанчевски.

Напредок: Јусуфи, Симоновски, Симјановски, Димов, Поп Анев, Ангелевски, Костенчевски, Савевски, Степановски, Ничевски, Левков (Наумовски), Трпеновски.


Статијата е прочитана 167 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Вердер го посрамоти Баерн
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!