Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија, конечно, на Евробаскет

Кошаркарите славеа над Естонија со 87:75 и по десет години повторно ќе играатна Европско првенство

Роберт Димитриевски


По ракометарите (СП во Хрватска), ватерполистите (СП во Рим), шахистите (ЕП во Нови Сад) и тенисерите (Дејвис куп), на големите екипни натпреварувања в година ќе учествуваат и македонските кошаркари. Со победата над Естонија од 87:75 во Скопје во рамките на последното коло, Македонија го освои првото место во квалификациската група Б и се избори за учество на 36. Европско првенство што ќе се одржи во Полска од 7 до 20 септември 2009 година.

За да завршат на врвот во групата, на избраниците на селекторот Јовица Арсиќ на рака им одеше и поразот на директниот конкурент Летонија од 93:92 на гостувањето во Португалија, кој, пак, на Естонците им го направи беспредметен дуелот во Скопје, бидејќи ни со победа немаше да го избегнат разигрувањето за опстанок во А-дивизијата. Тоа значително ни ја олесни задачата, бидејќи на гостите им требаше цело полувреме за да почнат да даваат отпор, но факт е и тоа дека за нивната очајна игра во првите 20 минути, во кои дадоа само 27 коша наспроти 51 на противникот, заслуги имаат и домашните кошаркари. Разликата во класи беше евидентна и кулминира со тројката на Гечевски за водство од максимални 29 поени во овој меч (58:29) по 2,21 мин. во третата четвртина. До крајот на средбата настапи олабавување во македонските редови, кое Естонија го искористи за да ја намали негативата на само десет поени (60:70 на 8,17 мин. до крајот), но не и да направи целосен пресврт.

Интересно, Македонија и во овој меч беше натскокана (26:30), постигна помалку тројки (9:14) и додавања (18:21), но беше неспоредливо подобра за два поена (63 проценти наспроти 48), а имаше и повеќе украдени топки (12:6) и блокади (6:1). Покрај тоа, Естонците загубија 19 топки, а ние 10.

„Победата и пласманот на ЕП се голем успех за нас. Одигравме одлично прво полувреме, кое беше решавачко“, изјави капитенот Врбица Стефанов, а селекторот Јовица Арсиќ додаде: „Многу сум задоволен од победата, која не' искачи на првото место во групата. Естонија е солиден тим и заслужува честитки. Одењето во полска како победник на група е голем плус за нас“.

„Добар меч. Македонија доминираше во првото полувреме, а ние се вративме и одигравме добар втор дел. Имам млад тим, кој се обиде да го даде најдоброто од себе. Освен тоа, ни недостигаше бекот Сок, кој се повреди“, беа зборовите на естонскиот селектор Улар Керде. Бекот Валмо Криса изјави: „Македонија ’лудо‘ го почна натпреварот, а ние одигравме лошо во одбраната и тоа беше клучот на нашиот пораз“.

Ова ќе биде второ ЕП за црвено-жолтите по Франција 1999, каде што по поразите од домаќинот со 71:67, од поранешна СР Југославија со 83:68 и од Израел со 64:62 беше освоено 13. место. Од тимот што тогаш ги бранеше боите на Македониј�� во сегашниот состав се 34-годишниот Врбица Стефанов, потоа Владо Илиевски (28), Тодор Гечевски (31) и Перо Блажевски, кој на 28 септември ќе наполни 36 години.

Македонија - Естонија 87:75



По четвртини: 32:14, 19:13, 17:27, 19:21. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 6.000. Судии: Мастрафцис (Грција), Механџиев (Бугарија) и Шутуловиќ (Црна Гора).

Македонија: В. Стефанов 11, Илиевски 9, Мираковски 5, Р. Стефанов 10, Стојановски, Блажевски 3, Тасовски 1, Гечевски 18, Антиќ 16, Гоцевски, Мејси 10, Самарџиски 4. Селектор: Јовица Арсиќ.

Естонија: Теин 5, Дорбек, Криса 12, Талтс 11, Арбет 3, Доронин 5, Рис, Кангур 19, Вески 9, Куламае 11, Маке. Селектор: Улар Керде.

Квалификации за ЕП во Полска



Група А: Финска - Унгарија 88:73, Бугарија - Србија 77:87. Конечна табела: Србија 15 (7/1), Бугарија 12 (4/4), Италија 12 (4/4), Финска 11 (3/5), Унгарија 10 (2/6).

Група Б: Португалија - Летонија 93:92, Македонија - Естонија 87:75. Конечна табела: Македонија 10 (4/2), Естонија 10 (4/2), Португалија 9 (3/3), Естонија 7 (1/5).

Група Ц: Украина - Белгија 58:76, Франција - Турција 78:80. Конечна табела: Турција 12 (6/0), Франција 9 (3/3), Белгија 8 (2/4), Украина 7 (1/5).

Група Д: Босна и Херцеговина - Велика Британија 89:80, Израел - Чешка 98:61. Конечна табела: В. Британија 10 (4/2), Израел 9 (3/3), БиХ 9 (3/3), Чешка 8 (2/4).


Статијата е прочитана 1449 пати.

Испрати коментар

Од: Citatelka
Датум: 22.09.2008 07:40:46
Bravos za momcinjata. I,objavuvajte poveke za uspesite na onie koi mnogu vlozuvaat vo svojot i vo nasiot uspeh:dosta so secenje vrvci za otvoranje pat odovde-donde,so "ostvauvanja na Vladata"sto seuste se vo ramkite na vetenoto,zasto-se sto ke pravi za pomos vo razvojot na semejstvoto e na pocek:ke pocne od 2009 godina.A dotogas,neka se strpat rodilkite! Uste ednas-cestitki za ovie momcinja,i za site sto dosega napravile nesto sto ni go pothranuvaat cuvstvoto deka mozeme da bideme del od svetot kon koj sto tezneeme.
Од: Baki
Датум: 22.09.2008 09:28:15
Makedonija ima ogromen sportski napredok. Kosarka e vtoriot globalen sport vo svetot i vtor vo golemina vo svetot a nie sme na EP. Svaka cast. Rakometarite i rakometarkite na SP i EP, Vaterpolistite na SP a Davis Cup timot cuka pred elitata a odbojkarite stignale do barash, ekipata e mlada a najdobroto doparva od ova mlada odbojkarska generacija. A vo fudbal na kolena pred nas padnale Skoti i Hrvati. Edvaj da poveruvam deka sve ova e vistina ali vistina e. Obicno mali drzavi se dobri samo vo eden sport kako Litvanija vo Kosarka a gi nema vo drugi sportovi, ne od druga strana sme konkuretni vo 5-6 sportovi. Za mala drzava, golemi ovaci i. Kapa dole.
Од: Никола
Датум: 22.09.2008 12:23:58
Ракоментарите, ракоментарките, кошаркарите, шахистите, одбојкарите и тенисерите успеаа уште фудбалот да ни тргне пресреќни ќе бидеме. Се најдобро за сите
Од: makedonce
Датум: 22.09.2008 13:19:50
i ja imam nesto primeteno, deka nekoi informacii od domasniot spoort sto saka makedonskiot citatel da gi procita ne gi obajvuvate a imate milion drugi nepotrebni,sto gledam i voopsto ne se procitani a voopsto ne go zasegaat nasiot sport, a se sto e povrzano so Mak sportot veruvajte citano e, cenete si se za da ve cenat!!!btw bravo makedonci pokazavte deka i Makedonija e del od Evropa,odlicni ste i samo napred
Од: Hristo
Датум: 22.09.2008 13:20:26
Bravo Makedonijo!!!! Vi posakuvam golem uspeh na evrobasketot. Vie ste gordost na makedonija in celiot makedonski narod sirum svetot.
Од: alex
Датум: 22.09.2008 13:46:09
BRAVO MAJSTORI!!!
Од: kristijan Skopje
Датум: 22.09.2008 14:57:07
daj boze da ni padnat grcite vo grupa!!!!Napred Makedonija,tamu kade sto sme najgolemi nivnite argumenti pagaat.Ja sakam grcija vo grupa..pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Вердер го посрамоти Баерн
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!