Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук

Новиот прволигаш со класичен бункер направи големо изненадување на гостувањето кај Ливерпул 0:0

Кога не може Манчестер Ј. може Стоук. Новиот прволигаш приреди големо изненадување и од жешкото гостување кај Ливерпул си замина со бод 0:0, што го искористи Арсенал и со победата над Болтон во гости од 3:1 изби на чело на табелата во Премиерлигата.

Стоук дојде на „Енфилд“ со мотото целта ги оправдува средствата, при што целта беше бод, а средството сеопшта одбрана во народот попозната како - „класичен бункер“. Крајниот биланс од речиси 30 удари кон голот на Соренсен и дури 20 изведени корнери доволно говори за односот на силите, но тоа ќе биде слаба утеха за Рафеал Бенитез и неговите фудбалери, кои по минатонеделната победа над шампионот Јунајтед дозволија ваков кикс.

Рафаел Бенитез нормално беше незадоволен од ефикасноста на својот тим, но најпрвин ја коментираше втората минута кога беше поништен голот на Стивен Жерар од слободен удар.

„Никој не знае зошто голот е поништен. Ниту снимката не покажува дека нешто се случило во шеснаесетникот на Стоук. Судијата му кажал на Карагер дека тоа било негова одлука, а не на помошникот. Тоа беше масивна грешка, недозволива за Премиерлигата“, изјави Бенитез.

На проблемите на Њукасл им нема крај. „Црно - белите“ загубија и на гостувањето кај Вест Хем (1:3), нивен трет пораз по ред. Тоа е и очекуван епилог по заминувањето на Кевин Киген и по побуната на навивачите против сопственикот Мајк Ешли, од кого бараат да го продаде клубот. Од друга страна новиот тренер на Вест Хем, Џанфранко Ѕола, не можеше да посака подобар почеток на новото работно место. Само осум минути му беа потребни на играчот на мечот Давид ди Микеле да го отвори резултатот, за половина час подоцна двојно да го зголеми водството. Ди Микеле замеша прсти и при третиот гол, кога му асистираше на Етерингтон за 3:0. Утешниот гол за Њукасл го постигна Мајкл Овен во 67 минута.



Резултати од 5.коло: Блекбурн - Фулам 1:0, Болтон - Арсенал 1:3, Ливерпул - Стоук 0:0, Сандерленд - Мидлсборо 2:0, Вест Хем - Њукасл 3:1. Табела: Арсенал 12, Ливерпул 11, Челзи 10 (-1), Вест Хем 9, Астон Вила 7 (-1)


Статијата е прочитана 242 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Вердер го посрамоти Баерн
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!