Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!
Несреќниот Пол Гаскоњ, некогаш врвен англиски репрезентативец, се повеќе губи контрола, па секојдневно прави нови и нови скандали.
Откако неодамна побегна од клиниката за одвикнување од алкохол во Португалија, се врати во татковината и изведе нова претстава: среде една пијанка во еден паб заврте во канцеларијата на претседателот на САД, Џорџ Буш!
Очигледно во делириум 41 годишниот алкохоличар и бивш нарко зависник се пофалил пред друштвото дека ги има бероевите на Папата Бенедикт 16 и претседателот Џорџ Буш.
„Не можам сега да го повикам Папата, бидејќи сега гледа филм, но ќе го повикам Буш и ќе му кажам за моите тешкотии со алкохолот“, има кажал Газа на насобраните.
Сведоците велат дека Газа успеал да ја добие рецепцијата на Белата куќа, откаде му кажале дека Буш е отсутен и го упатиле на Пентагон.
„Испи барем 15 чаши виски во само два часа“, изјави еден од гостите во пабот. „Не плати ништо, бидејќи сите го частеа. Жалосно е тоа што го прават, бидејќи сите знаат дека е алкохоличар“. |