Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава

Извлекувањето на групите за 36. Европско првенство за кошаркари во Полска ќе се изврши на 8 ноември во Варшава. Преку квалификациите учество изборија Србија, како победник во групата А, потоа Македонија (Б), Турција (Ц) и Велика Британија (Д), како и второпласираните Летонија, Израел и Бугарија според процентот на победи и порази и врз основа на кош-количникот од дуелите со трите првопласирани во својата група. Директно на ЕП се најдоа бранителот на титулата Русија, вицешампионот Шпанија, „бронзената“ Литванија, полуфиналистот Грција, домаќинот Полска, како и Германија, Хрватска и Словенија.

Преостанатиот учесник ќе се добие по дополнителните квалификации во август 2009, во кои ќе учествуваат Франција, како единствена од второпласираните што извиси, потоа Босна и Херцеговина, Италија, Португалија, Финска и Белгија. Чешка, Унгарија, Украина и Естонија ќе разигруваат за две места што остануваат во А-дивизијата, во која во септември 2009 ќе влезат двата најдобри тима од Б-дивизијата.

Шеснаесетте земји-учеснички на ЕП ќе бидат поделени во четири групи, чии домаќини ќе бидат градовите Познањ (сала со 4.200 места), Гдањск (5.500), Варшава (4.838) и Вроцлав (6.000). Најдобрите три селекции од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во две новоформирани групи по шест тима, при што ќе се вкрстат групите А и Б, односно Ц и Д, а само четирите „фенерџии“ по првата фаза ќе се вратат дома. Вториот круг ќе се одигра во Бидгошч (8.000) и во Лоѓ (10.000).

Осумте најдобри од втората фаза, по четири од двете новосоздадени групи, понатаму ќе се судрат во четврт-финалето по принципот првиот од првата група со четвртиот од втората, вториот од првата со третиот од втората итн. Победниците ќе разигруваат за медалите, а поразените за пласман од петтото до осмото место. Сите тие мечеви ќе се одиграат во Катовице, во салата со капацитет од 11.500 гледачи.

Европското првеснтво 2011 ќе се одржи во Литваниј а. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Шпанија прв финалист на Дејвис купот
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Вердер го посрамоти Баерн
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!