Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шпанија прв финалист на Дејвис купот

Надал го декласира Родик за недостижно водство од 3:1 во Мадрид

Шпанските тенисери го симнаа од тронот бранителот на титулата САД, промовирајќи се во први финалисти на Дејвис купот, откако Рафаел Надал славеше против Енди Родик за недостижно водство од 3:1 во натпреварот на земјените терени во Лас Вентас кај Мадрид. На светскиот рекет број еден му беа потребни 2,12 часа за да ја заврши работата со најдобриот американски тенисер, победувајќи го со 6-4, 6-0, 6-4.

Како и пред четири години во Севилја против истиот противник, Шпанците, кои и тогаш славеа и ја ставија во своите витрини втората „салатара“, по првиот натпреварувачки ден поведоа со 2:0. Надал го загуби првиот сет од Сем Квери со 7-6 (5), но ги доби преостанатите три со 6-4, 6-3, 6-4, а потоа Давид Ферер беше поуспешен во маратонот со Родик, кој му припадна со 7-6 (5), 6-4, 2-6, 1-6, 6-4, 8-6. Американците намалија во двојки преку Марди Фиш и Мајк Брајан, кои беа подобри од Фелисијано Лопез и од Фернандо Вердаско со 4-6, 6-4, 6-3, 4-6, 6-4. За најдобриот светски тенисер во двојки Брајан тоа беше прв меч по шест години во кој партнер не му беше повредениот брат-близнак Боб.

Пред синоќешното продолжение на другото полуфинале во Буенос Аирес, домаќинот Аргентина водеше со 2:1 против Русија. Давид Налбандијан го совлада Игор Андреев со 7-6 (5), 6-2, 6-4, Хуан Мартин дел Потро го „прегази“ Николај Давиденко со 6-1, 6-4, 6-2, а Русите намалија преку Игор Куницин и Дмитри Турсунов, кои беа поиздржливи во дубл маратонот со Гилјермо Кањас и со Налбандијан, добивајќи го со 6-2, 6-1, 6-7 (9), 3-6, 8-6.

Во Светската група се врати Швајцарија, која предводена од Роже Федерер и' нанесе висок пораз од 4:1 на Белгија. Повратник е и освојувачот на Дејвис купот од пред две години, Хрватска, која имаше недостижни 3:1 против Бразил во Задар. Во 2009 во најелитниот ранг ќе играат и Израел, кој во Рамат Хашарон водеше со 3:1 против Перу, потоа Србија, која имаше водство од 4:0 против Словачка во Братислава, како и Романија, која со 3:1 водеше против Индија во Букурешт. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 90 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија, конечно, на Евробаскет
Ако не може Јунајтед на „Енфилд“, може Стоук
Вардар ефикасен и кога не игра најдобро
Спринтерите од Јамајка ја продолжија победничката серија
Вердер го посрамоти Баерн
Ждрепката за групите на 8 ноември во Варшава
Феенорд и Ајакс ремизираа во холандското дерби
Пол Гаскоњ пијан ја повикал Белата куќа!