Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Убавина

Магијата на вештачките трепки

Она што до вчера беше сон, отсега па натаму е реалност. Повеќе нема потреба да фантазирате за толку посакуваните долги и интензивни трепки, што се сон на секоја жена, благодарение на популарниот бренд на вештачки трепки „Елис“ („Elise“), кој е апсолутен хит во светот, а од неодамна може да се најде и во нашата земја преку ексклузивниот застапник и дистрибутер „Депилеве“.

Едноставни се за аплицирање, а се' што треба да направите е да одберете соодветен модел на трепки. Изборот е голем - за ноќни излегувања доаѓаат предвид драматични и гламурозни модели, додека за дневна светлина може да избирате меѓу оние со поприроден изглед.

Трепките „елис“ се изработени од природно влакно, а заедно со нив во пакет оди и лепило за повеќекратна употреба. Дистрибутерот за Македонија во сабота и недела (18-19 декември), во продавницата на „Космо“ во ТЦ Зебра, најавува презентација на трепките што ќе трае од 12 до 17 часот.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

u Свиткајте ги природните трепки со виткач за трепки, а ако сакате лентата која ги држи трепките „елис“ да биде незабележлива тогаш на очниот капак до линијата на природните трепки нанесете ајлајнер. Препорака: пред да ги аплицирате вештачките трепки, пожелно е да нанесете еден слој на маскара.

v Погрижете се ширината на трепките да се совпаѓа со ширината на вашето око. Доколку има потреба, со ножички скратете ги од страните.

w Со помош на стапче или чепкалка, нанесете од лепилото по работ на лентата која ја држи трепката (ставете повеќе лепило на краевите). Почекајте 20 секунди лепилото малку да се згусне. Позиционирајте ги трепките на очниот капак со пинцета или прсти колку што е можно поблиску до сопствените трепки. Најпрво поставете ги на средина на окото, продолжете кон краевите нежно притискајќи ги трепките на очниот капак. Надворешните краеви на „елис“ трепката притиснете ги со два прста и задржете неколку секунди за да бидете сигурни дека добро се залепиле. Кога ќе се исуши лепилото станува проѕирен.

x Ако се познава лепилото, поправете ја линијата со ајлајнер.

y Доколку, пак, сакате природен изглед, не нанесувајте маскара (ни пред да ги ставите трепките). Но, ако сакате подобро да се спојат со вашите природни трепки, нанесете еден слој маскара, а притоа, за секој случај, лесно придржете ги вештачките трепки.



ПРЕПОРАКИ

l Извадете ги трепките пред спиење. Одлепете нежно почнувајќи од надворешниот дел на окото кон внатре. Ако лепилото е силно залепено, земете чиста крпа, натопете ја со млака вода и нанесете на трепките за да омекне лепилото. Може да помогне и вазелин или средство за отстранување шминка.

l Извадените трепки исчистете ги од лепилото. Потоа вратете ги во оригиналното пакување.

l За нанесување е потребно малку лепило. Не ставајте премногу и употребувајте апликатор.


#
Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Развод по две години брак со Рајан Рејнолдс
Љубовницата на Путин во „Вог“
Северина на календар
Елена како режисер на новиот спот
Нова песна во еден здив
Рокерот стана советник на Обама
Настап на Четкар во Бруклин
Напролет концерт
Турборок-фестивал во Скопје!
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census