Елена како режисер на новиот спот
„Сакам по добро да те памтам“ е новиот спот на Елена Ристеска, кој од вчера „М2 продукција“ и официјално го дистрибуираше низ ТВ-станиците во земјава.
„Овој спот претставува револуционерен зафат, првпат во Македонија се снима музички спот со фотографски апарат од марката ’канон‘ - модел EOS 550D што е огромен технолошки напредок, а е снимен во ХД-резолуција кое го овозможи компанијата ’Генел‘“, известуваат од „М2“. Зад камерата застана фотографското дуо Ани и Дими, монтажата и постпродукцијата е на „РЕЦ продукција“, а светлото е на заем од „Томато продукција“.
Интересно е што комплетната идеја и дел од режијата е токму на Елена Ристеска. Спотот е снимен во новиот хотел „City Park“, а како партнер на Елена се појавува моделот Илија Илов. Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Елена Ристеска и Дарко Димитров. |